Автор: инфодеск
Post Views: 35 Во Охрид во октомври 2023г издадени се 7 одобренија за градење. Според податоците од Државниот завод за статистика, 5 одобренија се издадени на физички лица , а две одобренија на деловен субјект. Врз основа на одобренијата ќе бидат изградени 15 станови.Во општините Струга и Дебрца не се издадени одобренија за градба во месец октомври, додека Општина Вевчани издала 3 одобренија на физички лица.На ниво на државава, според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2023 година се издадени 325 одобренија за градење, што е за 12.9 % помалку во...
За 10 до 20% поскапување на Новогодишните аранжмани на брегот на Охридското Езеро
Post Views: 41 Новогодишните аранжмани на брегот на Охридското Езеро годинава бележат поскапување од 10 до 20%. Цените за три денови во хотел со вклучена специјална свечена прослава на Новогодишната ноќ се движат од 200 до 300 евра по лице зависно од понудата и категоријата на објектите.Поскапувањето на цените е под притисок на инфлацијата, како и подобрување на понудата, но според хотелската асоцијација Охрид и натаму е најевтина дестинација во регионот.„ Ние сме пак една поевтина дестинација. Штом имаме исполнето и од странски гости 80% некаде и повеќе во...
Претрес во дом на 61 годишен охриѓанец, пронајдено нелегално оружје
Post Views: 39 На 12.12.2023 година, по судска наредба, извршен е претрес во домот на 61 годишно лице од Охрид.„Притоа, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 107 куршуми, различен калибар кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.„ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Лајка: Отстранет „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид
Post Views: 38 Од Иницијативата за заштита на животните „Лајка“ информираат дека повеќе го нема „крвопролевачкиот ринг“ во Охрид.„Истиот речиси две години, во близина на Охрид егзистираше како здание создадено да задоволува нечиј патолошки порив за крв и тортура, како и за печалење (можно и перење) пари плод на болот и агонијата на кутри кученца исклучиво чувани за таа цел. Нашите реакции, бурата која се крена во јавноста, притисокот од сите страни донекаде вродија со плод. А зошто велиме донекаде? Затоа што целосниот плод ќе значи казнување на сторителите (за кои веќе и...
Во Струга ќе се поставуваат дваесет мерни уреди за следење на квалитетот на воздухот
Post Views: 47 Иако Охридското езеро се смета за природен филтер, загадувањето на воздухот го урива имиџот. Градовите распослани на брегот се соочуваат со лош квалитет на воздухот. Охрид има повеќе мерни станици, кои покажуваат просечно, но во ноќните часови и енормно загадување на воздухот, со што градот неретко се вбројува меѓу најзагадените во земјава.Во соседна Струга нема мерни станици, но активистите велат и стружани се гушат од загаден воздух, затоа ќе се поставуваат 20 мерни уреди.„ Во Струга се чини дека никој не се грижи за тоа каков е воздухот...
In memoriam – Почина познатиот охридски новинар Симон Илиевски
Post Views: 52 По кратко боледување, во 66-та година од животот почина познатиот новинар од Охрид Симон Илиевски. Беше еден од доајените на охридското новинарство, со плодна и бурна професионална кариера во која го красеше препознатлив стил на изразување. Како новинар и дописник од Охрид за повеќе редакции остави огромен број новинарски натписи, радио и тв прилози, документарни и и други емисии.Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“. По завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за...
Горивата поевтинуваат за два денари
Post Views: 41 Цената на горивата од ноќеска на полноќ се намалува за два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,79 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 76,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 78,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 1,514 денари за килограм се намалува и...
Пронајдена граната на планинска патека во атарот на село Орман
Post Views: 58 На 09.12.2023 во 14.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на планинска патека во атарот на охридското село Орман е пронајдена граната.„Полициски службеници извршија увид и констатирано е дека се работи за артилериска метална граната М-57, која е безбедно подигната од стручни лица од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.







