Skip to main content

Автор: инфодеск

Новогодишен концерт на „Охридско лето“  со делата на Штраус, Брамс, Калман

Post Views: 44 Новогодишен концерт на Мешовитиот камерен oркестар под покровителство на „Охридско лето“, ќе се одржи на 16 декември со почеток од  20 часот во салата „Билјана“ во хотелот „Метропол“ во Охрид.  Под диригенската палка на Бисера Чадловска, ќе бидат  изведени дела на Штраус, Брамс, Калман…Мешовитиот камерен состав под покровителство на НУ „Охридско лето“   за првпат ќе приреди одбрани класични композици кои ќе го збогатат новогодишниот амбиент за охридската публика за несекојдневно уживање.Од „Охридско лето“ велат дека ваквата новина, со...

Продолжи со читање

Во четврток во Шила, хуманитарно поетско читање „Имам нешто да ти кажам”

Post Views: 80 Во рамките на социјално – хуманитарниот младински проект „Стопли нечиј дом и срце”, волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и културолошка иницијатива „5 до 12″ организираат поетско читање под познатото мото „Имам нешто да ти кажам”.Целта на активноста е повторно да го рашириме уметничкиот дух на младите Охриѓани во ова предновогодишно издание на „Имам нешто да ти кажам”, и со заеднички сили да му помогнеме на нашиот сограѓанин Петар Попоски на кој му се потребни финансиски средства за лекување, информираат организаторите.Петар има 22 години...

Продолжи со читање

Се одржа Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“

Post Views: 37 Викендов на теренот со вештачка трева се одржа второто издание на Меѓународниот фудбалски турнир „Св. Климентов – Куп“. Учество на турнирот зедоа повеќе од 100 екипи од земјата и странство.Во име на Општина Охрид медалите и пехарите за најдобрите ги додели заменик градоначалникот Перчо Божиноски, кој им честиташе за постигнатиот успех и посака и наредната година да бидат дел од овој турнир, а на организаторите им посака наредното издание на турнирот да биде уште помасовно.Со организирањето на „Св. Климентовиот – Куп“ се дава значаен придонес во...

Продолжи со читање

Како дезинформациите влијаат врз туризмот, тема на Прашалник

Post Views: 41 Како дезинформациите влијаат врз туризмот беше тема на дебатната емисија Прашалник. Гостите од туристичката фела, кои беа дел од дебатата се сложуваат дека  секоја година пред стартот на туристичката сезона, се објавуваат и споделуваат бројни дезинформации кои го уриваат угледот на градот Охрид. Најчесто дезинформациите се поврзани со загадување на водата во Охридското езеро, правење манипулативни споредби на  фискални сметки од угостителски објекти од Охрид и други градови со цел да се добие впечаток дека Охрид е најскап град во регионот, но и други лаги и...

Продолжи со читање

Започнува Фестивалот на планински филм ЕХО

Post Views: 44 Вечерва започнува Фестивалот на планински филм ЕХО. Филмските проекции ќе се одржат во Планинската Спасителна Служба при Црвен Крст Охрид (кај автобуската станица Охрид). ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН; МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!Најдолгата традиција во патувачкото кино, е посетата на Охрид, па така во организација со АК Патагонија, Културолошка иницијатива 5 до 12 и Планинската спасителна служба – фестивалот во Охрид гостува по 6ти пат.Вљубениците во природата и планината од Охрид ќе можат да уживаат во 2-дневен настан, со селекција на филмови од последното...

Продолжи со читање

Сончево време со мала облачност и температура до 8 степени

Post Views: 59 Претпладне променливо облачно, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Во ноќните часови облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 8 степени.До четврток времето во Македонија ќе биде стабилно, освен во вторник во утринските часови кога претежно во западните делови ќе има услови за локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота се очекува влажен бран со...

Продолжи со читање

Лицата кои се затруја со хлор во хотелски базен се во добра здравствена состојба

Post Views: 42 Лицата кои се затруја од хлор во затворен базен во хотел на брегот на Охридското езеро се во добра здравствена состојба, надвор од животна опасност.Петте лица од Скопје и две од Охрид беа хоспитализирани во охридската и струшката болница откако синоќа почувствувале здравствени потешкотии по користење на хотелскиот базен.Настанот околу 20 часот бил пријавен во полиција. Првичните претпоставки се дека во водата во базенот имало поголеми количини хлор од дозволените, но тоа ќе го покажае истрагата.-„За случајот се известени јавен обвинител, претставници...

Продолжи со читање

Премиера полна емоции, охриѓани го погледнаа филмот „Охрид, Охрид убав мил“ на режисерот Пиперкоски

Post Views: 67 Синоќа во големата сала на Општина Охрид, се одржа промоција на документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски. Филмот го прикажува настанувањето на познатата охридска староградска песна “Охрид, Охрид убав мил“, авторско дело на последниот голем охридски трубадор Сотир Димитровски – Зингал.Според зборовите на авторот, овој документарец е прв во серијалот кој ќе биде снимен, со работен наслов „Раскажи песно“, а ќе обработува чалгиски староградски песни и нивното значање за македонската музичка култура.„Оваа серија е...

Продолжи со читање