Автор: инфодеск
Post Views: 426 Македонија станува прва земја во регионот која ќе примени блок тарифи за користење на електричната енергија. Ова го кажа на прес конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси Марко Бислимовски.Цената на највисокиот блок за домаќинствата ќе биде многу блиску до пазарната цена. Како причина за вовоедувањето на овие блоки тарифи, Бислимовски го наведе фактот дека 17 домаќинства во државата трошат 10% од вкупната потрошувачка на домаќинствата или 330 милиони Kwh или 30% од домашното производство од хидроелектраните во...
75 години Институт за педагогија
Post Views: 617 Во организација на Институтот за педагогија при Филозовскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска започна Меѓународната конференција „75 години Институт за педагогија-Воспитно образовни предизвици и перспективи“ која до 18-ти мај ќе се одржува во Охрид.Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот Кирил Пецаков упати големо признание до организаторите за целокупниот придонес, како најстара високообразовна институција за едукација на педагози, наставници и воспитувачи во нашата држава.Одржувањето на овој академски...
Над милион ковид случаи во Северна Кореја
Post Views: 404 Севернокорејскиот водач Ким Џонг-Ун ѝ нареди на војската да ја стабилизира дистрибуцијата на лековите за ковид-19 во главниот град Пјонгјанг во борбата против првото потврдено жариште на болеста во земјата, објавија државните медиуми.Минатата недела дојде првото признание на Северна Кореја за „експлозивната“ епидемија откако тој повеќе од две години тврдеше дека кај нив нема зараза. Експертите предупредуваат дека ова би можело да предизвика многубројни проблеми во земјата со ограничени медицински резерви и без програма за вакцинација.Лековите што ги...
Нови цени на горивата
Post Views: 476 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг. Од 17.5.2022 година...
Малолетник физички нападнат од две лица
Post Views: 269 На 14.05.2022 година во 21:30 часот, Л.Р. (36) од Охрид, во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот малолетен син, на 13.05.2022 година околу 21 часот на плоштадот „Крушевска Република” во Охрид, бил физички нападнат од две лица.СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот по што ќе поднесе соодветна пријава – се вели во соопштението.
Нов проблем на рекреативната патека
Post Views: 593 Пред извесен период преку „Ти си твојот град“ граѓани реагираа на комунален проблем на рекреативната патека која води од каналот „Студенчишта“ до хотел „Парк“.Комунален проблем на рекреативната патекаОткако објавивме во нашата рубриката, комуналниот проблем беше решен, но сега се појави друг проблем.Водата ја нема, но сега ги има плочките оставени на милост и немилост, искршени половината се додека некој не ги собере за по дома – велат граѓаните, за „Ти си твојот град“.
Жител на Лабуништа фатен со кокаин во Охрид
Post Views: 856 На 15.05.2022 година во 02:50 часот, полициски службеници од СВР Охрид-одделение за недозволена трговија со дрога, го лишија од слобода М.А. (28) од струшкото село Лабуништа.При преглед извршен на булеварот „Железничка” во Охрид, кај него пронајдена и одземена е кеса со опојна дрога Кокаин. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
11 возачи управувале возило под дејство на алкохол
Post Views: 404 На 14/15.05.2022 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на подрачјата на Охрид и Дебар извршени се контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-11, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани на целото подрачје, со цел подобрување на сообраќајната безбедност. Апелираме на доследно почитување на...
Караница меѓу две лица од Лескоец
Post Views: 502 На 13.05.2022 година во 17:40 часот, на локален пат во охридското село Лескоец, нарушен е јавниот ред и мир. И тоа со агресивно однесување и упатени вербални закани од С.Т. кон П.А. (70), двајцата од истото село.Против нарушителот, ќе биде поднесена соодветна пријава– информираат од СВР Охрид.
Иранец со нож прободил најмалку пет лица
Post Views: 447 Најмалку пет лица се повредени во регионален воз во Германија откако маж со иранско потекло ги нападнал со нож, соопштија властите.Министерот за внатрешни работи на регионот Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл изјави дека 31-годишниот напаѓач е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година, но дека мотивот за нападот сеуште не е утврден.Четворица од повредените се пренесени во болница поради повреди на рацете, лицето и главата, додека едно лице е прободено со нож во стомакот. Ниту еден од нив не е во...
Оштетени 35 автомобили во Москва
Post Views: 466 Силниот ветер во Москва за еден ден оштетил 35 автомобили и соборил околу 40 дрвја.Никој не е повреден – пренесува Интерфакс.Поради ветер, грмежи и дожд веќе неколку дена во Московската област е на сила „жолтиот“ степен на опасност.
Продолжен притворот на кошаркарката Гринер
Post Views: 556 Белата куќа ја обвинува Москва за „неправилно“ апсење на американската кошаркарка Бритни Гринер и назначи пратеник за заложнички прашања за случајот, откако рускиот суд пред судењето ѝ го продолжи притворот на ѕвездата на ВНБА. Гринер во февруари беше приведена на аеродромот Шереметјево во Москва.Адвокатот на кошаркарската ѕвезда, Алескандар Бојков, изјави судот во Москва вчера ѝ одредил еден месец притвор на двократната добитничка на олимписки златен медал и ѕвезда на Феникс Меркјури и дека судот го одбил барањето за домашен притвор.31-годишната Гринер...