Автор: инфодеск
Post Views: 485 На 13.05.2022 година, С.К. (38) од Охрид, во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот син, на улицата „Александар Гушо” во Охрид бил каснат од куче-домашен миленик, сопственост на Љ.Н. од Охрид.Истиот ден, М.Р. (44) од охридското село Велгошти, пријави дека на улицата „Илинденска” во селото, била касната од куче скитник.
Пронајдена марихуана кај 28-годишен охриѓанец
Post Views: 572 На 13.05.2022 година во 18,30 часот, полициски службеници од СВР Охрид, го приведоа и лишија од слобода Д.С.(28) од Охрид.При преглед извршен на улицата „Железничка” во Охрид, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога Марихуана. По целосно документирање, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Македонци украле 150 литри дизел од паркиран камион
Post Views: 455 Изминатата недела, жител на словенечкото место Бивје забележал тројца сомнителни мажи како се врткаат околу паркиран камион „Сканија“. Почекал да види какви им се намерите, па ги фатил на дело како со пумпа крадат гориво од резервоарот, пишуваат словенечките медиуми.Сведокот на кражбата веднаш повикал полиција, по што двајца од крадците биле веднаш уапсени. Третиот побегнал во блиската кафеана, каде се криел околу половина час, пред да биде фатен.Според полицијата, тројцата македонци престојуваат во Словенија, а во нивните два автомобила, биле пронајдени...
Хрватска го воведе еврото како официјална валута
Post Views: 585 Хрватскиот парламент со мнозинство гласови го усвои Законот за воведување на еврото како официјална валута во Хрватска. За законот гласаа 117 пратеници, 13 беа против, а еден воздржан, пишува хрватски Индекс.Еврото треба да стане официјална валута во Хрватска на 1-ви јануари следната година. Но, пред целосно да ја замени куната, од 5-ти септември цените би се изразувале во двете валути.Плаќањето во двете валути би требало да трае и следната година.Пред гласањето, во Парламентот дел од опозицијата повторно се спротивстави на воведувањето на еврото.
Кривична пријава за жител на Мешеишта
Post Views: 429 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(34) од охридското село Мешеишта.Тој, на 06.05.2022 година во 00.50 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Него, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена – информираат од СВР Охрид.
Казнети возачи во Охрид за непрописно престигнување
Post Views: 309 На 13.05.2022 година од 14 до 20 часот, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници регистрирале и санкционирале 11 возачи кои извршиле непрописно престигнување (Охрид-07, Кичево-04).Со цел зголемување на сообраќајната безбедност, контролите ќе бидат интензивирани на целото подрачје на СВР Охрид поради што апелираме до сите учесници во сообраќајот на внимателност и совесност и целосно почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација – велат од СВР Охрид.
Акции за одржување на јавната хигиена низ Охрид
Post Views: 347 ЈП „Охридски Комуналец“ со засилени акции ја одржува јавната хигиена низ Охрид и околината.Чистење на трева со шпаклање и метење на повеќе локации во градотЧистење на речно корито во с.ПештаниЧистење и косење обрасната трева во с.КоселЧистење и средување на локацијата после мостот (место кое е Finish на трката Охрид Ultra Trail)Чистење и косење на ул.ЖелезничкаЧистење и косење во с.ЛескоецОд јавното претпријатие апелираат до граѓаните да водат грижа за животната средина.
Улогата на албанските партии во контекст на борбата против руското влијание
Post Views: 503 „Последниот“ обид на Русија да го задржи Груевски на власт, 27 април 2017 годинаЕден од најмрачните денови за демократијата во Северна Македонија беше 27 април 2017 година, кога голема група демонстранти, оркестрирани од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и странски (најчесто руски) сили успеаја да влезат во законодавниот дом каде што повредија многу пратеници и медиумски работници.Подоцна се обелодени дека Русија вмешала прсти во оркестрирањето на овој настан преку српски дипломати, односно дека се работи за Горан Живаљевиќ, агент на...
Жител на Подгорци вршел јавен превоз без лиценца
Post Views: 475 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.С.(19) од с. Подгорци, струшко и против правно лице со седиште во с. Подгорци, сопственост на првопријавениот, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.На 25.02.2022 на регионален пат Струга–Дебар, при контрола на автобус било констатирано дека пријавениот го управувал автобусот со измината дозвола – лиценца – информираат од МВР.
Свикана единаесеттата седница на Советот
Post Views: 361 Свикана единаесеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 20.05.2022 година (петок) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.ДНЕВЕН РЕД1. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 31.03.2022 година.2. Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на...
Во месец март 10 одобренија за градба во Охрид
Post Views: 278 10 одобренија за градба се издадени во Охрид во месец март годинава, објави Државниот завод за статистика. Од нив за 7 градби како инвеститори се јавуваат физички лица, а 3 одобренија се издадени на деловен субјект. Во Струга издадено е само едно одобрение за градење на физичко лице. Во Охрид бројот на станови расте, иако бројот на население се намалува. Според податоците од пописот 2021 година кои беа објавени од Државниот завод за статистика во март годинава, бројот на станови пораснал за 15,52%.На ниво на државава во март годинава издадени се вкупно...
Бројот на бегалци од Украина надмина 6 милиони
Post Views: 301 УНХЦР соопшти дека повеќе од 6 милиони бегалци ја напуштиле Украина откако Русија ја започна својата инвазија на 24 февруари. Агенцијата соопшти дека бројот на оние што заминале изнесува 6.029.705 луѓе заклучно со 11 мај, од кои 90 отсто се жени или деца.Украинските власти на почетокот на конфликтот им забранија на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години да ја напуштат земјата во обид да ја зајакнат воената, цивилната и друга одбрана. Многу од милионите кои избегаа заминаа во соседните земји, а најголем број во Полска. Уште осум милиони Украинци се внатрешно...