Автор: инфодеск
Post Views: 316 Милијардерот Илон Маск изјави дека неговото преземање на „Твитер“ привремено е паузирано. Објасни и зошто.Договорот за преземање на Твитер привремено е на чекање за да видиме дали лажните профили навистина претставуваат помалку од 5 отсто од корисниците – рече Маск.За потсетување, на крајот на април, Маск објави купување на „Твитер“ за 44 милијарди долари. По тој повод се огласија и од Твитер.Твитер потврдува дека постигнат е дефинитивен договор за купување. Компанијата ќе биде целосно купена од ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54,20...
Доаѓаат пороен дожд и грмежи
Post Views: 350 Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град.Во недела, претежно во западните делови, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање со пораст на температурата.
Улогата на албанските партии во РСМ
Post Views: 593 Со Охридскиот Договор и Спогодбата за стабилизација и асоцијација, државата тргна во евроатлантска насокаОбликувањето на евроатлантскиот пат на Северна Македонија започна по вооружениот конфликт во 2001 година меѓу Ослободителната Национална Армија (ОНА) и Армијата на Република Македонија (АРМ), кој траеше нешто помалку од 8 месеци – од 22 јануари 2001 г., кога се случи нападот на полициската станица во Танушевци, до 13. август 2001 г., кога се потпиша Охридскиот рамковен договор меѓу двете завојувани страни, кој во суштина...
Си ја фрлила ќеркичката од трети спрат
Post Views: 468 Трагедија утринава ја потресе Србија. Српските медиуми јавуваат дека мајка од балкон си го фрлила детето, петгодишната ќерка, па скокнала по неа.Во улицата „Грге Јанкеса“ во Миријево утрово околу 8 часот мајката М.К, и нејзиното дете, паднале од третиот кат од ходникот на зградата, а сосетката, која била сведок на страотната несреќа, кажала дека глетката била шокантна, јавува kurir.rs.Слушнав дека нешто пукна. Таа прво го фрли детето, па скокна по него, а малата врескаше и плачеше. Кога стаса Итната помош, го довикуваа детето, но тоа не одговараше...
Градскиот стадион ќе биде затворен за користење
Post Views: 365 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од 15-ти мај до 5-ти јуни, Градскиот стадион, односно фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење.Имено, во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште – велат од Јавното претпријатие.Од ЈП “Билјанини Извори” и во наредниот период ќе бидат фокусирани согласно годишната програма за подобрување...
Пецаков : Унеско не бара слободни плажи
Post Views: 312 И оваа туристичка сезона плажите на охридското крајбрежје ќе останат неуредени. Агенцијата за просторно планирање не го изработи Планот за уредување на плажите. И после година и пол, сеуште не е завршен овој процес.Уредени плажи по сите еколошки стандарди се очекува Охрид да има идната сезона, вели градоначалникот Кирил Пецаков.Тоа што Охрид нема уредени плажи е катаклизма во секаква смисла на зборот. Тоа најдобро го покажа моето присуство на саемот за туризам во Белград, каде што тур операторите кои ги организираат туристичките тури кога ќе слушнеа за...
Афирмација на праисториското културно наследство
Post Views: 271 НУ „Завод и Музеј“ Охрид склучи договор за соработка со Центарот за истражување на праисторијата од Скопје. Соработката е со цел афирмација и популаризација на праисториското културно наследство од Охридскиот регион.Првата активност во рамките на оваа соработка е одржување на концерт на џез бендот „Next to Silence“, кој ќе се одржи на реконструираната наколна населба во рамки на Музејот на вода кај Градиште, со што ќе започнат активностите за популаризација на овој исклучително значаен локалитет од праисториските времиња.Концертот ќе се одржи на 22-ри...
Предистражна постапка за даночни малверзации
Post Views: 254 Отворена е предистражна постапка за даночни малверзации од група даночни обврзници, соопшти денеска Управата за јавни приходи. Во нивното соопштение е наведено дека утврдено незаконско работење сторено од даночни обврзници кое УЈП го детектираше уште во јули 2021 година. УЈП ги демантира тврдењата на опозицијата дека станува збор за некаква афера и испумпување на пари од државната каса.Во интерес на предистражната постапка на Јавното Обвинителство, информираме дека сите потребни материјали и податоци од страна на УЈП се доставени до институциите и дека се...
Амбасадорот на Словенија во посета на Општина Охрид
Post Views: 360 Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари средба со амбасадорот на Словенија во Македонија, Н.Е. Милан Предан. На средбата се разговараше за политичко-економската ситуација во Македонија, а посебно за актуелната состојба на Општина Охрид и работењето на локалната самоуправа.Словенечкиот дипломат беше информиран за тековните активности и проекти кои ги спроведува Општина Охрид и за очекувањата од престојната туристичка сезона.Амбасадорот Предан изрази подготвеност, Словенија преку Центарот за меѓународна развојна соработка да донира средства во...
Промоција на Македонија во регионални медиуми
Post Views: 258 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија согласно програмските активности за 2022 година, започна со прв дел медиумска кампања. Туристичката промоција на земјава ќе се реализира во земјите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Турција, како и Полска поради зголемениот интерес на полски туристи за дестинацијата.Ова се традиционални пазари кои континуирано се во првите 10 земји по број на туристи и остварени ноќевања. Медиумската кампања веќе е активна на најчитаните онлајн медиуми во регионот и истата се реализира преку...
Големи количини отпад собрани во Генералка викенд
Post Views: 518 Вкупно 160 вреќи ПЕТ отпад и 10 вреќи хартија беа подигнати во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“. Акцијата се одржа во саботата на 7-ми мај во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на младоста“, компанијата „Костал“ и учениците од сите општински училишта. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до месноста „Свети Стефан“. Потегот од Билјанини Извори до хотел „Парк“ и дворните места на училиштата.Еколошката акција ја организираше „Мен енд маунтен“ со...
Се запали патнички авион во Кина
Post Views: 466 Кинески патнички авион утринава се лизнал од пистата при полетување во градот Чонгкинг, по што се запалил, јавија кинеските државни медиуми.Сите 122 лица од авионот „ербас А319-115“, од кои 113 се патници, се евакуирани, а повредените се префрлени во болница, јави агенцијата Синхуа.A plane veered off the runway during take-off and caught fire at an airport in SW China's Chongqing on Thursday morning. 113 passengers and 9 crew members have been evacuated safely and some people slightly injured have been sent to hospital, said the Tibet Airlines....