Автор: инфодеск
Post Views: 50 Денеска во Охрид ќе имаме облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната дневна ќе се искачи до 9 степени целзјусови.До четврток, во Македонија, ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во четврток врнежите ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Долж Повардарието ќе почне да дува засилен северен ветер кој ќе продолжи и во петок. Од петок времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури.фото: Ѓоко Симјаноски
Промовирана монографијата „Охрид и охридско 1918 -1929“ на проф. м-р Михаил Патчев
Post Views: 53 Со пригодна свеченост, денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана монографијата „Охрид и охридско 1918 -1929“ на проф.м-р Михаил Патчев. Пред големиот број граѓани и ученици, од името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.„Живееме во време на извонредно брз технолошки развој, во кој како да постои само сегашноста, се претпоставува иднината, а минатото се чини како да се заборава или му се дава помала важност. Но, треба да се знае дека само минатото може да не научи како треба да се стремиме кон иднината. Затоа, ценам дека...
Познати наградените творби на конкурсот по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски
Post Views: 48 По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, Жири –комисијата во состав: проф. Перчо Божиновски – претседател, проф. Светлана Велкоска – член, проф. Светлана Огненова – член донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.Жири – комисијата одлучи Први награди да им бидат доделени на следните тврорби:Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение)поетска...
Хотел Палас нем сведок на туристичкиот и урбаниот развој на Охрид во минатиот век
Post Views: 141 Потребна е заштита на препознатливите архитектонски симболи на градот Охрид. На само неколку чекори од јадрото на Охрид, монолитниот габарит на Хотел Палас го означува почетокот на модерниот град. Тој речиси половина век, важел за еден од најелитните комплекси на езерското крајбрежје. Без разлика што денес е надвор од употреба, оваа модернистичка архитектура сѐ уште е силно врежана во урбаната меморија на овој град. Управата за заштита на културното наследство на Македонија во 2009 година донесе решение за привремена заштита од втор степен на хотелот Палас...
Од денеска исплата на правата од социјална и детска заштита
Post Views: 48 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец ноември 2023 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 05 декември 2023 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се...
Наредното лето сезонски летови од Варшава до Охрид со полскиот авиопревозник „ЛОТ“
Post Views: 36 Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“ наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид.Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември.Билетите за новата авионска линија се достапни за резервации преку веб-страницата на авиокомпанијата.Аеродромот „Радом“ се наоѓа на 110 километри од центарот на Варшава. Поранешниот воен аеродром во 2015 година беше пренаменет за цивилна воздушна...
Охрид достоинствено ќе го одбележи Свети Климент Охридски
Post Views: 89 Со низа свечености Охрид ќе го одбележи патронот на градот, Свети Климент Охридски. Подготовките се во завршна фаза. Годинава Охридската гимназија која годро го носи името Светиклиментово ќе биде носител на свечената акадмеија по повод празникот на 08 декември.Денот во чест на првиот македонски архиепископ, и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа,најзначајниот средновековен писател и педагог. Свети Климент со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно и книжевно стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за...
Општина Охрид ги објави нацрт буџетските програми за 2024 год
Post Views: 52 Советот на општина Охрид на седницата одржана на 30.11.2023 година ги донесе нацрт програмите и Нацрт буџетот за 2024 година.Донесените нацрт документи се ставени на јавен увид. Од општината ги повикуваат сите буџетски корисници, сите невладини организации и здруженија на граѓани како и сите заинтересирани физички и правни лица своите предлози и забелешки по нацрт документите да ги доставуваат до стручните служби на општина Охрид. Јавниот увид трае 10 дена почнувајќи од 01.12.2023 год.Нацрт програмите ТУКА.







