Skip to main content

Автор: инфодеск

ООУ „Св. Наум Охридски” – Пештани и НУ Завод и Музеј Охрид потпишаа Меморандум за соработка

Post Views: 129 Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ООУ „Св.Наум Охридски” – Пештани и НУ Завод и Музеј Охрид.Директорката на училиштето, професор Валентина Рубаноска, посочува дека ООУ „Св.Наум Охридски” ја препозна важноста за образовна едукација во сегментот на заштитата и презентацијата на природното, културното и духовното наследство на Охрид и одговорноста кај најмладите од аспект на зачувување и промоција на културните вредности.–Во тој контекст партнерството со потпишувањето на Меморандумот за соработка ќе отвори нови образовни и културни хоризонти за...

Продолжи со читање

Светиот маченик Јулијан Тарсиски

Post Views: 99 Од благородно, сенаторско потекло; живееше во Тарс Киликиски, пострада во времето на Диоклецијан. Иако имаше само осумнаесет години кога беше подложен на мачење за верата, свети Јулијан беше веќе доволно воспитан и утврден во христијанското благочестие. Царскиот намесник го водеше со себе цела година од град во град, постојано мачејќи го и наговарајќи го да се одрече од Христа. Мајка му оддалеку го следеше Јулијан. А кога намесникот ја фати и ја испрати да го посоветува својот син да се откаже од Христа, таа три дена му го зборуваше на синот во затворот...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло, максималните температури до 32 степени Целзиусови

Post Views: 109 Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Од УХМР информираат дека до вторник времето ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Во среда ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.Денешните минимални температури во Охрид од 15, а максималните до 32 степени Целзиусови. УВ индексот со вредност 9.

Продолжи со читање

Распишан конкурс за најдобар расказ по повод манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“

Post Views: 177 По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗУслови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување...

Продолжи со читање

ЈП Билјанини Извори: Да се обноват картичките за транзит на паркинзи со рампи

Post Views: 121 ЈП Билјанини Извори Охрид ги известува сите станари и корисници на картички за транзит на паркинзи со рампи, дека истите треба веднаш да се обноват во канцеларијата на Јавни Паркинзи на ЈП Билјанини Извори кај Конект или на шалтер/канцеларијата на ЈП Билјанини Извори која се наоѓа на Кеј Македонија.

Продолжи со читање

Старт на програмата „The Cultural Seven“ – Викенд на слобода и урбана култура во Охрид

Post Views: 129 Културолошка Иницијатива „5 до 12“ го започнува своето седмо издание под слоганот „The Cultural Seven“, викендов на 5 и 6 јули, со настанот Free Spirit Days во Скејт Парк Охрид.-Сабота, 5ти јули, од 19:00 часот, ќе се одржи урбан музички концерт под отворено небо со настапи на МЦО Бенд, Feral Youth, Dimish и  Rootboy Selector. Недела, 6ти јули, од 18ч, младите скејтери од целата држава ќе се натпреваруваат на Скејт Контестот, пропратен со музика од Lychnidos Records. Ова е ден посветен на движењето, младешката енергија и слободниот дух, информираат...

Продолжи со читање

Семинар за планинско спасување во организација на Националниот сојуз се одржа на Галичица

Post Views: 173 На неколку локации во Национален парк Галичица, минатиот викенд се одржа значаен едукативно-координативен собир за планинско спасување, на кој учествуваа претставници од речиси сите организации членки на Националниот сојуз за планинско спасување.Фокусот на собирот беше усогласување на стандардите за имобилизација и транспорт на повредени лица на нетехнички планински терен, во согласност со препораките на ICAR – Меѓународната комисија за алпско спасување. Со оваа активност започнува важен двегодишен процес за адаптација на националните стандарди според...

Продолжи со читање

Во недела започнува „Вевчанско лето 2025“

Post Views: 146 Во недела, со настапот на женскиот аматерски хор ФРИДА од Скопје започнува културно-забавната манифестација „Вевчанско лето 2025“. Настанот ќе се одржи под водство на Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог.-На нивниот репертоар ќе уживате во светски хитови од 60те, 70те и 80те, македонски евергрини и стари народни песни и госпел композиции и авторска химна. Следете нè за точна програма и локации. Добредојдовте во Вевчани – местото каде културата живее!, вели градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Продолжи со читање

ЈП Градски пазар Охрид издава куќарка наменета за продажба на храна на Кеј Македонија

Post Views: 214ОГЛАС бр. 11/2025ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ-ТИПИЗИРАНА КУЌАРКА ЗА ПОДВИЖНА УРБАНА ОПРЕМА – ЛОКАЦИЈА 5ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт. Просторот и урбаната опрема се издава за следната намена:1. Простор и урбана oпpeмa – продажен пункт со намена продажба на храна.Локација: Кеј МакедонијаГрафичкиот приказ со нумеричка ознака на урбана опрема Локација...

Продолжи со читање

Утре на плоштадот „Вангел Наумоски“ книжевен хепенинг и детската театарска претстава „Снежана и нејзиниот принц“

Post Views: 174 Во рамки на проектот Културата расте со децата „За сите деца“ утре на плоштадот „Вангел Наумоски“ ќе се одржи книжевен хепенинг и детска театарска претстава.-Петочна вечер исполнета со култура, фантазија и детска радост! Ве покануваме на две прекрасни случувања за најмладите, на сцената кај плоштадот „Вангел Наумоски“ (мини маркет), велат организаторите.Од 19:30 часот ќе биде одржан Книжевен хепенинг во рамки на кој ќе можат дечињата да ги запознаат авторите на омилените детски книги, да откријат нови изданија, учествуваат во креативни работилници и да...

Продолжи со читање

Денес го празнуваме Свети Наум Охридски – Чудотворец

Post Views: 191 Прeп. Наум Oхридски Чудoтвoрeц. Учeник на св. Кирил и на св. Мeтoдиј и eдeн oд Пeттoчислeницитe кoи најрeвнoснo сoрабoтувалe сo тиe слoвeнски рамнoапoстoли. Св. Наум патувал вo Рим кадe штo сe прoславил сo чудoтвoрната сила какo и сo гoлeмата учeнoст. Бил пoзнавач на мнoгу јазици. Пo враќањeтo oд Рим тиe, сe насeлилe, сo пoмoш на царoт Бoрис Михаил, на брeгoвитe на Oхридскoтo Eзeрo. Св. Климeнт дeлувал какo eпискoп вo Oхрид, а св. Наум на јужниoт брeг на eзeрoтo oснoвал манастир, кoј и дeндeнeс гo украсува тoј брeг какo штo имeтo на св. Наум ја украсува...

Продолжи со читање

Денес претежно сончево и многу топло

Post Views: 103 Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец.Температурите во Охрид од 15 до 32 степени Целзиусови, а УВ индексот ќе има вредност 9.Од УХМР информираат дека под влијание на топла воздушна маса од југ, од денес до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.

Продолжи со читање