Автор: инфодеск
Post Views: 39 Советот за Развој на Југозападниот плански регион денеска во просториите на општина Охрид ја одржа Десеттата Седница со која заседаваше градоначалникот Кирил Пецаков во улога на Претседател.На работната средба се усвои Записникот од претходната Седница на Советот, а се разгледуваа и Предлог -Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година, Предлог-одлука за усвојување на Финансискиот план на Центарот за развој на ЈЗПР за 2024 година. Стана збор и за информацијата во врска со реализација на регионалните проекти по Програмата за РРР на...
Во Охрид годинава има 445 новороденчиња
Post Views: 108 Годинава на гинеколошкото одделение во Охрид родени се 445 новороденчиња, речиси идентично како лани. Процентуално, 56% од нив се женски, а 44% машки деца. Во охридската болница има доволно специјалисти , вкупно шест гинеколози, а четворица се веќе на специјализација.„На нашето одделение моментално има шест специјалисти гинеколози, четворица специјализанти кои што во наредниот период ќе завршат со специјализација и ќе се вратат. Исто така имаме две докторки специјалисти по неонатологија. Вкупниот персонал на нашето одделение е 45 вработени, од кои 25 се...
Општина Охрид објави брошура „Две години промени“ – отчет на градоначалникот Пецаков
Post Views: 53 Во брошурата „Две години промени“ се поместени информации за проектите и активностите реализирани во двегодишниот мандат на градоначалникот Кирил Пецаков заедно со видео презентација.Брошурата е објавена во електронска форма и истата можете да ја прочитата ОВДЕ.
Од утре стартува дневната евтина тарифа на струјата
Post Views: 60 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од 13 часот до 15 часот.-„Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота...
Скопјанка со помош на вработен во транспорт и врски изградила повеќе катови од дозволеното на зграда во Охрид
Post Views: 78 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49 годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа”, како и против 38 годишна скопјанка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.„Во текот на минатата година, првото лице во својство на вработен во Министерство за транспорт и врски, спротивно на изводот од ДУП за град Охрид, внел невистинити податоци, при што на второпријавената и издал...
Стратегиска оцена за проект за викенд куќи вон опфат на урбанистички план на КП 144/1 КО Вапила
Post Views: 39 Општина Охрид, на ден 23.11.2023 година, донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за ГП 1 со намена А4.3-семејни куќи за времен престој-викенд куќи на КП 144/1 КО Вапила, општина Охрид, кој се носи согласно Законот за урбанистичко планирање, е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина .Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички...
Утре пред градските советници Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2024-та
Post Views: 47 Утре Советот на Општина Охрид ќе ја одржи триесет и петтата седница на која ќе бидат разгледани нацрт програмите за следната година и ќе се усвои Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2024та.Ќе се гласа за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2023 година, за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Охрид за 2023 година.На дневен ред и Предлог-одлука за донесување Правилник за утврдување на критериуми за исплата на побарувања кон доверители на...
Почнува Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје
Post Views: 49 Од денеска до петок во Скопје ќе се одржи 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ, на кој ќе учествуваат делегации од 57-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Во Скопје се очекува да присуствуваат околу 1.000 учесници, вклучувајќи ги американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.Денеска министрите и членовите на нивните делации ќе имаат неформална вечера, на која е најавено присуството на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, шефот за европската дипломатија, Жозеп...







