Skip to main content

Автор: инфодеск

Свр Охрид

Кривична за 33 годишен охриѓанец кај кого полицијата пронашла кокаин

Post Views: 33 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.  „При контрола, извршена на 03.11.2023.година, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога го затекнале пријавениот во близина на неговиот дом во Охрид и при извршен преглед, кај него пронашле и одзеле кокаин. “ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање

20 возачи во Охрид казнети за брзо возење

Post Views: 24 На 26.11.2023 во периодот од 10 до 16 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници, затекнале и санкционирале 62 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-20, Струга-12, Кичево-14, Дебар-16).

Продолжи со читање

white plastic bottle lot

АХВ повлече од продажба негазирана минерална вода

Post Views: 73 Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува производот Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литриРок на употреба: до 30.08.2024 година.Причина за отповикување: небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18), се вели во соопштението од Агенцијата...

Продолжи со читање

Светиот апостол Филип и Божиќни поклади

Post Views: 45 Православната црква и верниците денеска ја слават славата на Светиот апостол Филип, празник во народот познат како Божиќни поклади.Овој празник е значаен и затоа што на овој ден се поклади пред Божиќниот пост, поради што понекогаш се нарекува и Филипов пост.Свети апостол Филип е роден во Витсаида во близина на Галилејското Море. Тој ревносно го проповедал Евангелието во Азија и во Грција, каде што Евреите сакале да го убијат, но Бог го спасил со моќни чуда. Така еврејскиот архиепископ, кој брзал кон Филип да го претепа, одеднаш ослепува и поцрнува,...

Продолжи со читање

Утрово во Охрид измерени -7 степени

Post Views: 54 Утрово во Охрид измерени -7 степени целзјусови, а снежна покривка 5 см, информира УХМР.Студеното време ќе се задржи до средината на неделава. Нови врнежи кои на пониските места ќе бидат од дожд се очекуваат во вторник и ќе завршуваат во среда.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни”  

Post Views: 84 Младински Центар Охрид организира Конференција за младинско претприемништво: „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.”  На 29 номеври (среда) со почеток во 10 часот  ќе се одржи Конференција насловена „Иновации, млади и успешни бизнис приказни.”   посветена на младинската вработеност, претприемништвото, иновации и образованието за претприемништво.„Конференцијата претставува одлична можност за вмрежуваме на младите и размена на идеи преку дискусија и информално учење.“ – велат организаторите.Конференција се...

Продолжи со читање

Промотивно- едукативни видеа за промоција на културното наследство во Охрид

Post Views: 105 Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина, Регионален зелен центар Охрид, во текот на изминатите месеци, изработи 6 промотивно- едукативни видеа во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“.„Содржински видеата се изработени така што претставено е културно наследство во Охрид од соодветен период почнувајќи од праисторија, антика, ран среден век, византиски период, отомански период и нови век. „ – велат од Регионален зелен центар Охрид.Во секое видео е претставено културно наследство од...

Продолжи со читање

„Две години промени во Охрид“ – отчет на градоначалникот Пецаков

Post Views: 49 Принципот на отвореност и транспарентност се главните темели на кои се заснова функционирањето на една општина и се клучен фактор за одговорно управување, легитимно и ефикасно работење, вели во видео обраќањето, по повод две години од мандатот, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Иако, локалната власт покажала висок степен на отчетност пред граѓаните, во интерес на јавноста, сметале дека е потребно да направат еден краток осврт на реализираните проекти во изминатите две години.

Продолжи со читање