Автор: инфодеск
Post Views: 306 Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, е најдобро платен играч во Премиер лигата со заработка од 260.000 фунти (355.000 евра) неделно… Руни во 2014 година потпиша петгодишен договор кој ќе му донесе 70 милиони фунти за тие пет години на Олд Трафорд. Интересно, во досегашните четири недели откако започна Премиер лигата, Руни веќе инкасирал милион фунти, а не постигна ниту еден гол. По Руни со заработката следуваат Серхио Агуеро и Јаја Туре, а интересно е дека меѓу 10 најдобро платени фудбалери само еден е од Арсенал, наведува Daily Mail. Но, ниту...
Скапата ѕвезда на Баерн Минхен исфрлен од репрезентацијата
Post Views: 253 Новото засилување на германскиот првак Баерн, Артуро Видал, е исфрлен од репрезентацијата воочи пријателскиот натпревар против Парагвај бидејќи на утринскиот тренинг се појавил во алкохолизирна состојба. Како што пренесуваат чилеанските медиуми, Видал ноќта пред тоа се забавувал со пријателите во еден ноќен клуб до раните утрински часови поради што селекторот Хорхе Сампаоли го отстранил од националниот тим. Ова на Видал не му прв ваков инцидент. Последните години неколку пати е казнуван поради ноќни авантури и проводи. Пред само два месеци во алкохолизирана...
Некогаш фабрика за играчи а денес сосема нешто друго
Post Views: 234 Кога во ноември 2012 починатиот Тито Виланова во игра го внесе Мартин Монтоја на местото на Дани Алвес се смета за историски момент за каталонскиот клуб Барселона. Во тој момент Барселона на теренот ги имаше сите 11 играчи кои потекнуваат од нејзината школа La Masia. Валдез, Пујол, Пике, Алба, Чави, Бускетс, Иниеста, Педро, Меси и Фабрегас беа играчите кој во тој момент беа на теренот. Помалку од три години потоа работите драстично се променија. Продажбата на Педро во Челзи е само потврда на егзодусот на играчи од домашната работилница. Во сезоната 2013/14...
Лигата на шампиони сѐ поблизу и во Казахстан
Post Views: 238 Првакот на Казахстан, Астана, го победи кипарски Апоел со 1-0, а единствениот гол го постигна Бурзан Ѕолчиев во 14 минута. Имено, Астана е најголемиот хит во квалификациите – ги елиминираа фаворизираните Марибор и Хелсинки, а сега ги делат уште 90 минути до тотална сензација.Со идентичен резултат заврши и натпреварот Бате Борисов – Партизан, со тоа што на Белорусите им требаше многу подолго да го постигнат единствениот гол на Михаил Гордејчук во 75 минута, а Партизан целото второ полувреме го играше со играч помалку бидејќи црвен картон заработи Марко...
Скандалот во Челзи со убавата физиотерапевтка не стивнува
Post Views: 308 Сапуницата околу физиотерапевтот на Челзи, Ева Карниеро нема крај, дотолку повеќе што го достигна дното. Имено, британскиот таблоид The Sun објави интервју со поранешното момче на убавата Ева Карниеро, кое открива детали од нејзиниот приватен живот, а со него приложил и фотографии. Да се потсетиме, Карниеро е под светлата на рефлекторите од минатиот викенд кога менаџерот на Челзи, Хозе Мурињо јавно ја понижи викајќи по неа бидејќи втрча на теренот за да му помогне на Еден Хазард. Подоцна тој ја отстрани од екипата, како и од местото главен физиотерапевт. Така...
Сеп Блатер со тешки обвиненија кон Мишел Платини
Post Views: 274 Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер во изјава за саботното издание на холандскиот весник Volkskrant рекол дека претседателот на УЕФА, Мишел Платини му се заканувал со затвор за да го одврати од кандидатурата за челната позиција на Меѓународниот фудбалски сојуз на изборите кои се одржаа во мај.Изјавата наводно Платини му ја кажал на братот на Блатер во Цирих, неколку часа пред гласањето кое доведе до реизбор на Блатер за претседател на ФИФА. Сеп Блатер после тоа причека четири дена за да објави дека поднесува оставка и дека го става својот мандат на располагање, а...
Се случи “злосторство” во Рома
Post Views: 232 Бразилецот Жерсон наводно го сакаа и Реал и Барселона, но тој ќе го носи дресот на Рома. Беше тоа голема вест за навивачите на римскиот клуб кои со воодушевување ги примија вестите за потписите на Бразилецот и Един Џеко. Но, набрзо ги стави во бунило фотографијата на која Жерсон се пофалил на Twitter.Тој позирал со дресот на кој е неговото име, но има еден не баш така мал проблем. На дресот стоел бројот 10. Тоа е бројот кој долга низа на години е резервиран за иконата не само на Рома туку и во светскиот фудбал, Франческо Тоти.Секако дека тоа веднаш е разбрано...
Шпанските Барселона и Севиља во супер купот на УЕФА
Post Views: 238 Шпанските екипи Барселона (освојувач во Лигата на шампионите) и Севиља (победник на Лига Европа), вечерва во Тбилиси го играат Супер купот на УЕФА.Барселона досега два пати го освоила суперкупот во овој формат на натпреварување (во 2009 и во 2011 година), додека во 2006 токму од Севилја беше поразена со 3-0. Претходно Барса во 1992 и 1997 во тогашниот систем на натпреварување триумфираше во Суперкупот.Ова се воедно двата тима што имаат освоено најмногу пехари во еврокуповите во последните десет години. Барселона има четири титули во ЛШ (2006, 2009, 2011 и...
ФИБА попушти, Русија ќе игра на Евробаскет
Post Views: 235 ФИБА на својата официјална страница објави дека по сослушувањето на водечките луѓе во Рускиот сојуз, руското министерство за спорт и Олимпискиот одбор на Русија е одлучено дека суспензијата останува на сила, но и дека играчите, тренерите, судиите и останатиот помошен персонал можат да учествуваат на натпреварувањата. ФИБА ја суспендира Русија на 29 јули поради нерешавање на долгогодишните институционални и правни проблеми. Така Русија ќе настапи на ЕП од 5 до 20 септември во групата А во Монпеље со Франција, БиХ, Финска, Полска и Израел.ФИБА истата одлука ја...
Светот го тресе незапамтена афера со допинзи
Post Views: 268 Германската ТВ станица ARD и британски Sunday Times дошле до резултати на допинг контроли на 5.000 атлетичари и тврдат дека тестовите на дури една третина од освојувачи на медали се во најмала рака сомнителни. Претседателот на меѓународната атлетска федерација порачал дека станува збор за обвинување без докази, но експертите за допинг афери не ги изненадило ова воопшто. Дури 55 златни медали од Светските првенства и Олимписките игри освоиле атлетичари чии резултати од допинг контролите биле позитивни или сомнителни! Ова го тврдат ARD и Sunday Times, кои сеуште...
Големите клубови казнуваат брутално за недисциплина
Post Views: 252 Анхел Ди Марија долго ќе го памети вчерашниот ден кога беше казнет на брутален начин од страна на менаџерот и клубот поради недисциплина. Крилниот играч на Манчестер јунајтед е казнет со вртоглави 360.000 фунти (512.000 евра) поради недоаѓање на американската турнеја која веќе заврши за Црвените ѓаволи. Веќе долго време се очекува Аргентинецот да го напушти Јунајтед и да замине во ПСЖ за околу 44 милини фунти, но и покрај таа ситуација недостатокот на професионалност кај екс играчот на Реал Мадрид ја преполни чашата кај менаџерот Луи Ван Гал. Холанѓанецот го...
Тежок инцидент во Албанија, прекинат натпревар од Европската лига
Post Views: 300 Првиот натпревар од третото претколо на Европската лига помеѓу албанскиот Кукеши и варшавска Легија е прекинат на почетокот на второто полувреме поради инцидентот кои го предизвикаа навивачите на домашната екипа. Иако навивачите на Кукеши и Легија се гаѓаа со камења за време и пред натпреварот, наводно има и потешко повредени, до прекинот дошло кога домашните навивачи со камен го погодија во глава играчот на Легија, Ондреј Дуда, откако Легија го постигна водечкиот гол за водство од 2-1. Дуда падна покосен, изнесен е од теренот, но по лекарската интервенција...