Skip to main content

Автор: инфодеск

Делегација на Општина Охрид во посета на Будва и Котор

Post Views: 45 Делегација на Општина Охрид во чиј состав беа советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Тодева – Стојаноска и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар  Трпеноски беа во работна посета на  Будва и Котор.Тие се сретнаа со Градоначалникот на Општина Котор, Владимир Јокиќ и со претседателката на Советот Маја Мршуља.  Посетата беше по повод одбележување на  Патрониот празник на Котор.Градоначалникот Јокиќ истакнал дека е горд на воспоставените релации со градот Охрид и останатите збратимени и пријателски градови  и дека во иднина соработката ќе добие...

Продолжи со читање

Се бара траса за тунел кој ќе ги поврзува Македонија и Албанија

Post Views: 59 Министерот за транспорт и врски,Благој Бочварски и Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, заедно со претставници на Конзорциумот на БЕХТЕЛ и ЕНКА, остварија средба во Охрид со Генералниот директор на Патна управа на Република Албанија, Евис Бербери.Фокусот на оваа средба беше изградбата на дел од Коридорот 8, односно третиот сегмент Струга-Кафасан – граничен премин. Се разговараше за изнаоѓање на содветна траса за тунел кој треба да ги поврзува двете земји Република Северна Македонија и Република Албанија, информираа од...

Продолжи со читање

Семејно насилство

Два случаи на семејно насилство во еден ден во Охрид

Post Views: 39 На 23.11.2023 година во 22.10 часот, во  СВР Охрид лишен од слобода е 42 годишен маж од Охрид, кој, претходно, во семејниот дом, физички ја нападнал неговата сопруга.На 23.11.2023 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека лице од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Продолжи со читање

ПСС Охрид оваа зима нема да интервенира при заглавени возила на забранетиот пат на Галичица

Post Views: 49 Во пресрет на зимата и најавените врнежи од снег Планинската спасителна служба Охрид апелира на совесно и внимателно однесување во планина. Граѓаните да ја почитуваат забраната за движење со возила од месноста Корита кон планинксите врвови и Ресен.Тој пат е затворен за сообраќај од 15 ноември до 15 март,  не се одржува поради непредвидливи услови, силни навеви на снег и ветер. Минатата година ПСС имаше четириесеттина интервенции за извлекување на заглавени возила, но годинава велат нема да интервенираат при вакви случаи. За сите кои нема да ја...

Продолжи со читање

woman wearing hoodie spreading her arm near trees with snows

Од утре студен бран

Post Views: 98 Од УХМР најавуваат заначителна промена на времето со врнежи од снег, ветар и заладување. Облачно време со врнежи кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и на пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. Ќе дува засилен северен ветер, а температурите во текот на денот ќе се намалуваат.Минималната температура во Македонија ќе се движи во интервал од 4 до 9°C, а максималната од 6 до 13°C.

Продолжи со читање

Голема полициска акција во Струга

Post Views: 48 Од утрово се спроведува голема полициска акција во Струга, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи (МВР).Според неофицијални информации, уапсени се околу 20-тина криминалци.Од МВР повеќе детали најавуваат во текот на денот, по завршување на акцијата.

Продолжи со читање

Канео

Потребна е поголема свесност за културното и природно наследство во Охридскиот регион

Post Views: 72 Охрид не е музеј, но е светско наследство и треба да се развива во строго утврдени рамки, смета научната фела.  За жал , недоволната грижа за културното и природното богатство го доведоа регионот во опасност да биде впишан на листата загрозено подрачје.Според експертите грижата не е само на институциите, локалната и државната власт,  потребна е поголема свесност и од страна на населението.„Она што сакам да го истакнам е дека институциите секако ја имаат својата улога, но и ние како граѓани. Ние како граѓани треба да знаеме дека културното...

Продолжи со читање

Свр охрид

Кривична пријава за лице од Скопје за бесправно градење во Елшани

Post Views: 43 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 41 годишно лице од Скопје, со живеалиште во охридското село Елшани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.„Тој, на катарстарска парцела во селото, изградил индивидуална семејна куќа без соодветна дозвола издадена од надлежен Државен орган,  што било констатирано од извршен инспекциски увид.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Продолжи со читање