Автор: инфодеск
Post Views: 426 Општина Охрид упатува апел до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетите „Сараиште“ и „Канео”, истите да ги отстранат во најбрз можен рок.Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој потег од општината, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите, велат од Локалната Самоуправа.
5-ти мај Денот на македонскиот јазик
Post Views: 589 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре на свечен начин и со пригодна програма ќе го одбележи 5-ти мај–Денот на македонскиот јазик.На 5-ти мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.??????????????????????????????????????????????????????????Владата на Македонија во 2019 година донесе одлука 5-ти мај да биде прогласен за Ден на македонскиот јазик, во чест токму на ова решение....
Прекин на водоснабдувањето низ повеќе улици
Post Views: 346 Поради изведување на градежни активности кои се дел од реконструкцијата на улицата „Македонски Просветители“, а со цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето во централното градско подрачје, на ден 05.05.2022 год. (четврток) од 07:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на следните улици: „Македонски Просветители“, „Кеј Македонија“, „Димитар Влахов“, „Славеј Планина“, делови од „бул. Туристичка“ (на потегот од гимназијата до бензиската пумпа „Макпетрол“), „Гоце Делчев“, дел од „Бистрица“ и сите улици од стариот дел на градот.
Две лица вршеле јавен превоз без лиценца
Post Views: 391 СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Џ.(45) од Охрид и Н.П.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.При контроли извршени на 08.04.2022 и на 23.04.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд” и комбе „Форд Транзит” што ги управувале пријавените и констатирале дека немаат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган – се вели во...
Еколошката свест на најниско ниво
Post Views: 445 И покрај сите апели за подигнување на еколошката свест кај граѓаните, се повеќе отпад на дното на Охридското езеро. И покрај честите акции за чистење, секој бран или ветер носи нови количини ѓубре од длабочините.Охридскиот нуркач Никола Паскали преку подводни видеа на потегот од Сараиште до градското пристаниште секојдневно ги прикажува убавините на Охридското езеро, но и натрупаните количини отпад, со една единствена порака да се подигне еколошката свест кај граѓаните.Овој последниот период се занимаваме со чистење низ Охридското езеро, бидејќи се...
Светски ден на слободата на медиуми
Post Views: 284 Загрозувањето на работата на медиумските работници е загрозување на медиумската слобода. Заплашувањето, физичките напади, уцени, вознемирувањето на интернет, родово базирано вознемирувачко говорење, дискриминацијата и другите форми на притисок, им оневозможуваат на медиумските работници, слободно да ја работат својата работа, истакна денес на Светскиот ден на слободата на медиуми, шефот на државата Стево Пендаровски.Тој подвлече дека дека ги поддржува измените на кривичниот законик иницирани од страна на ЗНМ и синдикатот, со кој се предлага нападот врз...
Пронајдени нежигосани огревни дрва
Post Views: 512 На 02.05.2022 околу 20 часот, полициски службеници од СВР Охрид, на улицата „Андреја Јованоски” во Охрид пронајдоа нежигосани огревни дрва.Тие се одземени и предадени на шумска полиција во Охрид – информираат од СВР Охрид.
Две скопјанки предизвикале караница ул. Абас Емин
Post Views: 481 На 02.05.2022 околу 22 часот на улицата „Абас Емин” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир.Пријавено е карање, викање и непристојно однесување на М.Х.(30) и С.Д.(24), двете од Скопје. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Малолетни лица затекнати во локал после полноќ
Post Views: 334 На 01.05.2022 година од 00 до 05 часот, полициски службеници од СВР Охрид и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и трудова инспекција, извршија контроли по угостителските објекти во Охрид.Притоа, во угостителски објект лоциран на улицата „Стив Наумов” во Охрид, затекнати се повеќе малолетни лица од Охрид и Струга. При контролите инспекциските служби констатирале повеќе недоследности во работењето од нивна надлежност. По овие основи, изречени се соодветни казни – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Ливерпул на чекор од 10-тото финале
Post Views: 459 Денеска од 21 часот на стадионот во Шпанија ќе се игра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу екипите на Виљареал и Ливерпул.„Црвените“ од Енфилд на првиот меч триумфираа со 2:0 и се надеваат дека таа предност ќе им биде доволна да го обезбедат своето 10-то финале во најквалитетното европско клупско натпреварување.Од друга страна, ланскиот победник во Лига Европа, Виљареал, се надева на чудо и дека ќе дојде до своето прво историско финале во ЛШ.Екипата предводена од Јирген Клоп сезонава е во трка за дури четири трофеи, па...
ФИФА ја казни Македонија за мечот во Палермо
Post Views: 455 Македонија ја победи Италија со 1-0, со голот на Трајковски во самиот финиш од натпреварот, па прославата на нашите навивачи на стадионот беше голема. Тие употребија и пиротехника, па според правилникот на ФИФА за тоа следува казна. ФИФА ја казни Македонија парично, со 2.000 евра.Сума која нема да биде некој посебен проблем за ФФМ.
Македонец со нож избодел 5 лица во Хрватска
Post Views: 243 Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани.Инцидентот се случил на 28-ми април во 3 часот по полноќ, кога Македонецот на сред улица два пати избодел со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди – стои во...