Автор: инфодеск
Post Views: 447 Повредени се околу 20 патници во судар на два автобуси што се случил утрово во прилепската населба Точила. Повредените веднаш се упатени на лекарски преглед во Болницата во Прилеп.Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината. Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се...
Ѓурѓовденска струшка литија
Post Views: 460 Со божествена Ѓурѓовденска литија традиционално Струга ќе се поклони на патронот Победоносец и Великомаченик Георгиј.Литијата е со почеток во 16 часот, а ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј.После завршувањето на вечерната и панихидата следи свечената Еордија (литија) со светите мошти на Великомаченикот и неговата чудотворна икона. Чесните мошти ќе бидат изложени во храмот за поклонение пред да започне вечерната боголужба сѐ до започнувањето...
Генералка викенд во Охрид
Post Views: 487 Во сабота на 07.05.2022 година, Охрид ќе се приклучи на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се организира во повеќе општини во државата.Еколошката акција ја организира „Мен енд маунтен“ со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина. Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон природата и за секои 10 кг собран отпад да се засади по едно дрво.Општина Охрид и Ј.П. „Охридски Комуналец“ се приклучуваат на акцијата, со чистење на потегот од „Билјанини извори“ до плажите „Горица“ и „Свети Стефан“. Во акцијата...
Тепачка во угостителски објект на бул. Железничка
Post Views: 403 На 01.05.2022 година во 03:10 часот во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(28) од Охрид и Д.К.(28) од Скопје.Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Промоција на книгата „Лев Огненов“
Post Views: 368 Во среда, на 4-ти мај ќе се одржи промоција на книгата „Лев Огненов“. Охридскиот преродбеник и учител од крајот на 19-ти и првата половина на 20-ти век.Автори на оваа книга се проф. д-р Павле Митрески и м-р Димитар Смилески, а промотор ќе биде поетот Славе Ѓорго Димоски.Промоцијата ќе се одржи во големата сала на Општина Охрид, со почеток во 10:30 часот.
Грабеж во спортска обложувалница
Post Views: 450 На 01.05.2022 во 17:25 часот во СВР Охрид, пријавено е дека во спортска обложувалница на улицата „Никола Карев” во Охрид, две лица со закана кон вработената, одзеле пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Охрид.
Србија ги укинува мерките за влез во државата
Post Views: 405 Од вторник, 3 мај 2022 година, престануваат да важат сите антиковид мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, како за странските, така и за домашните државјани, соопшти Владата на Србија.Од полноќ, српските државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија – се наведува во соопштението на српската влада.Во соопштението се наведува...
Уништување на природата и историските споменици
Post Views: 538 Граѓани испратија слики до рубриката „Ти си твојот град“, а на нив се гледа уништување на природата, но и на историски споменик кој се наоѓа на патниот правец Струга-Дебар. Ова е нивниот коментар:Би сакале да ви посочиме на уништувањете на природата и историските споменици на патот Струга-Дебар. Зошто никој не се грижи за нив, но и на кого му сметаат историските споменици?! – велат граѓаните за „Ти си твојот град“.Во продолжение погледнете ги сликите !
Охриѓани фатени со кокаин во угостителски објект
Post Views: 462 При контрола извршена во угостителски објект лоциран на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници привеле две лица од Охрид.Имено, кај едниот (30 годишен) бил пронајден кокаин, додека другиот (22 годишен) бил затекнат при користење на дрога. По целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.
Збратимување на ИПА Охрид и ИПА Нови Сад
Post Views: 405 Синоќа беше потпишана Повелбата за соработка и збратимување помеѓу Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид-Македонија и ИПА регион Нови Сад- Република Србија.На свеченоста, поздравен говор имаше советникот во Советот на општина Охрид, Перчо Божиновски кој од името на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, го поздрави значајниот чин на збратимувањето, а на високата ИПА делегација од Нови Сад, им посака добар престој во Охрид, градот на светлината, градот на сесловенската писменост и култура, македонскиот туристички бисер.Тоа е значаен...
Градоначалникот Пецаков го честита Рамазан Бајрам
Post Views: 402 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, упати честитка до сите сограѓани со муслиманска вероисповед по повод големиот верски празник Рамазан Бајрам.На сите охриѓани со муслиманска вероисповед, како и на претставниците од исламската верска заедница во Република Македонија, срдечно им го честитам Рамазанскиот Бајрам. Празникот нека внесе радост, мир и среќа во домовите и меѓу сите луѓе, а духот на рамазанскиот месец нека го достигне врвот на својата суштина и значење преку добрите човечки односи, искреност, хуманост и...
„Доста е“: Кратење на патните трошоци на пратениците
Post Views: 332 Граѓанската иницијатива „Доста е“ од Струга бара кратење на патните трошоци на пратениците. Во најголемата здравствена и економска криза од септември лани до февруари годинава за исплата на патните трошоци за пратениците потрошени се над 6 милиони денари или околу 100 000 евра. Најголемата сума која ја добил еден пратеник за овој период изнесува над 4000 евра.Активистите ги повикаа пратениците да покажат емпатија и доблест, да користат бесплатен јавен превоз, кој им следува со закон.„Законот предвидува и бесплатен патен и железнички превоз за пратениците....