Автор: инфодеск
Post Views: 10 Живописното Вевчани и годинава ќе биде домаќин и инспирација за врвните светски уметници.Се е подготвено за дванаесетото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања”. Оваа година на Колонијата свое учество ќе земат преку 20 афирмирани сликари од Република Македонија, од балканските држави, како и од неколку европски земји.И годинава како дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања” се организира и Летна ликовна школа за деца, во чии рамки повеќе од 40 млади идни уметнички надежи ќе имаат несекојдневна можност...
Финални подготовки за вечерашното отворање на Ohrid Wine Festival 2023
Post Views: 19 Вечерва започнува второто издание на „Охридски вински фестивал“.Охриѓани и гостите ќе може да уживаат во тридневната дегустација на македонските вина и вкусна храна, дополнети со богата музичка програма во изведба на македонски музички уметници. Вечерва бината е резервирана за бендот Баклава, добро прочуениот Миле Кузманоски и Дарио и неговите безвременски хитови, додека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен диџејот РутБој.Годинава, своите вина ќе имаат можност да ги презентираат повеќе од 20 винарии од големите вински брендови и компании, како...
Охриѓани уживаа во безвременскиот ѕвук на чалгиската музика на Климе Садило
Post Views: 18 Синоќа во предворјето на ЦК “Григор Прличев“ охриѓани и гостите имаа убава можност да уживаат во концертот на „Чалгија саунд систем“ во чест на најпознатиот охридски трубадур Климе Садило. Концертот е дел од проектот „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, во организација на здружението „Арт вивенди“.Културниот настан се реализира со поддршка на Општина Охрид и Министерството за култура. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Пецаков се осврна на музичките достигнувања на Садило и културниот придонес што тој го имал за Охрид....
ITV ги запознава Британците со најубавите локалитети и најдобрите атракции во Охрид
Post Views: 16 Репортерот на телевизијата ITV во популарното дневно телевизиско шоу “This Morning” кое се емитува во Обединетото Кралство, продолжува да ги запознава Британците со најубавите локалитети и најдобрите атракции во Охрид.Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираше информативна патување за новинари и репортери од наведеното шоу, од 17-ти до 20-ти април. Екипата од дневното шоу “This Мorning” за време на својот престој подготвија репортажи за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите и кои веќе се...
Одобрена продажба на месо направено во лабораторија
Post Views: 15 Американското Министерство за земјоделство изврши увид и ги одобри системите за безбедност на храна во објектите на компаниите „Upside Foods“ и „Good Meat“ со што се отвора патот на месо произведено во лабораториски услови од животински клетки да биде достапно за исхрана.Компаниите соопштија дека производите наскоро ќе бидат достапни во рестораните, а потоа и во маркетите.Месото се одгледува во лаборатории во челични резервоари, користејќи клетки од живи животни или од посебна банка на репродуктивни клетки.Управата за храна и лекови на овие компании...
Во петок и сабота ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“
Post Views: 15 Поради градежни активности за асфалтирање во петок 23.06.2023 година и сабота 24.06.2023 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“.Се известуваат жителите кои што живеат на улицата „Марко Цепенков“ и во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ дека сообраќајот ќе се одвива по споредни улици.
Сончево и топло со температура до 29 степени
Post Views: 11 Времето денеска во Македонија сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.Во Охрид сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност. Утринската температура до 16 степени. Дневната и понатаму во пораст и денеска ќе се искачи до 29 степени.Времето во следните денови: До петок ќе преовладува претежно стабилно и топло време, освен во планинските подрачја каде ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд...
Во тек се уписите на деца за пливачката школа на клубот Акваспирит
Post Views: 22 Во тек се уписите за “ЛЕТНАТА ПЛИВАЧКА ШКОЛА 2023” во Пливачки клуб „Акваспирит“ – Охрид.Реализацијата на часовите започнува од 03 Јули 2023 година на градскиот пливачки базен “Атина Бојаџи” – Охрид.„Термините ќе бидат дополнително дефинирани во зависност од бројот на пријавени деца. Часови ќе има и предпладне и попладне.“ – информираат од клубот Акваспирит.Цената за цело лето, до крај на август изнесува 3 000.оо МКД. Доколку во школата членуваат две или повеќе деца од исто семејство следува попуст....
