Skip to main content

Автор: инфодеск

Нуркачи денеска го чистат дното на Охридското Езеро

Post Views: 490 Нуркачи од земјава и регионот денеска го чистат дното на Охридското Езеро. Акцијата е во рамки на проектот „Охрид еко 2022″, во организација на нуркачкиот центар „Амфора”. Истата е финансирана од Општина Охрид, со поддршка на локалниот бизнис сектор.Претседателот на „Амфора” Јован Секулоски пред почетокот на акцијата информираше дека ќе се чисти езерското дно кај авто кампот „Градиште”, Музејот на вода и Градското пристаниште.Најмногу отпад на езерското дно има онаму каде што гравитираат најголем број туристи. Цврст отпад, сите видови градежен шут,...

Продолжи со читање

Македонско-руски црковни односи и интереси

Post Views: 688 Врските меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија  со Русија и Руската црква датираат од многу одамна, од времето на солунските браќа Кирил и Методиј, кога тие биле во црковно-просветна и културна мисија кај Хазарите на Кавказ, што е сосема разбирливо, зашто Хазарското Царство се граничело со Киевска Русија, каде што живеел исклучиво словенски народ.РУСИТЕ ГО ПРИМИЛЕ ХРИСТИЈАНСТВОТО ВО ОХРИД? Според д-р Петар Поповски, во старите руски летописи на познатиот руски историчар Приселков стои...

Продолжи со читање

Со ништо не се оправдува руската инвазија врз Украина

Post Views: 415 Инвазијата на Путин во Украина отвори нов простор и создаде нова потреба за поголемо руско влијание во Македонија.Во услови кога власта во Македонија дава несомнена и многу отворена поддршка на Украина, ја осудува инвазијата и им нуди материјална помош на граѓаните на Украина, се засилува бранот на руско влијание на социјалните мрежи и одделни портали/медиуми.Ова влијание веќе не е толку директно, непосредно и отворено, меѓутоа не е помалку опасно.На социјалните мрежи сè уште може да се видат текстови и ставови што претставуваат директна поддршка...

Продолжи со читање

Во Украина нема програма за биолошко оружје oд САД

Post Views: 271 Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека „Украина ги уништува доказите за програмата за развој на биолошко оружје финансирана од САД”. Во склоп на постот е споделен текст од сајтот Коловрт, во којшто се тврди дека откако руските војници влегле во Украина на 24 февруари годинава, украинската влада наредила итно да се уништат патогени на чума и антракс во лаборатории кои се финансирани од САД. Се наведува и дека програмата за биолошко оружје финансирана од САД вклучувала производство на компоненти на...

Продолжи со читање

Чувството за припадност алатка за руско влијание

Post Views: 262 Потекло и традиционална поврзаностИ покрај тоа што словенството како поврзувачка точка со Русија не се спомнува толку често  (како на пример во соседна Србија или во периодот кога сè уште немаше земено замав антиквизацијата во Македонија), тоа сепак не смее да биде занемарено.Припадноста на словенството се прикажува како проклетство и како дар, ама во секој случај се промовира, тивко и под рака, наспроти тие другите од „Западот“:Светот на Словените асоцира на прегреани емоции, незауздани страсти, самоубиствена ирационалност, православна...

Продолжи со читање

Општински превоз на патници за подрачјето на Охрид

Post Views: 714 Согласно Програмата АО-Совет на општина Охрид за 2022 година, објавен е Јавен повик за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на подрачјето на Охрид.Повеќе информации може да најдете на следниот линкОбјавен е уште еден Јавен повик за субвенционирање на линиски превоз на патници кој заеднички го организираат Општина Охрид и Општина Дебрца.Повеќе информации за овој Јавен повик на следниот линк

Продолжи со читање

Списанија за алтернативна медицина

Post Views: 365 Руското влијание на Балканот е значително и тоа, освен преку телевизиите и разно разните веб-сајтови кои нудат содржини со потекло од Русија, се шири и преку списанија за алтернативна медицина. Вакви списанија се продаваат и кај нас. Тие потекнуваат од Србија од каде се дистрибуираат во соседните земји, а основна целна публика им се повозрасните, што може да се види од насловните фотографии на кои главно се наоѓаат постари лица со побелени коси, како и од изборот на темите и рекламите кои се посветени на состојбите поврзани со стареењето.Во С. Македонија...

Продолжи со читање

Слаб интерес за екстра заработка

Post Views: 269 Мал интерес за дополнителна работа во хотелско угостителскиот сектор. Само стотина лица се пријавија на платформата на ХОТАМ за екстра заработка во хотелите и рестораните, на веќе вработени граѓани во друг сектор.Проблемот со недостиг на кадар и натаму се продлабочува. Огласите за работа во регионот се прополни. На прагот на туристичката сезона се бараат готвачи, салатери, келнери, шанкери, собарки и друг персонал.„Не може да се пофалиме дека имаме некоја задоволителна бројка на пријавени. Очекувавме од 300 до 500 луѓе да побараат екстра заработка од...

Продолжи со читање

Мојот данок, за мојата општина

Post Views: 656 Општина Дебрца како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите се приклучува кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“Едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина“има за цел да ја информира јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднина на општината.Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот...

Продолжи со читање

21 година од масакрот кај Вејце

Post Views: 499 Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата на водникот Игор Костески, заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население во село Слатино, Славна Дебрца се оддаде почит на најтажниот ден во поновата македонска историја.Денот кога пред 21 година, кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ „Волци”, меѓу кои и водникот...

Продолжи со читање

ИПА Охрид се збратимува со ИПА Нови Сад

Post Views: 399 Утре во Охрид, ќе биде потпишана Повелбата за збратимување помеѓу ИПА регион Охрид и ИПА регион Нови Сад. Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид, викендов ќе биде домаќин на делегација од Управниот одбор на ИПА регион Нови Сад, предводена од претседателот, м-р Милорад Петковиќ.Предвидено е на пригодна свеченост што ќе се одржи утревечер во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид, помеѓу управните одбори на ИПА Охрид и ИПА Нови Сад, предводени од претседателите Стефан Димоски и Милорад Петковиќ, да се потпише Повелба за збратимување помеѓу двата...

Продолжи со читање

Пекинг се затвора поради ковид 19

Post Views: 289 Денеска во Пекинг поради ширењето на ковид-19 се затворени дополнителен број продавници, станбените блокови се под строги мерки на изолација, а властите се обидуваат да откријат што повеќе контакти на заразените, додека во Шангај каде што веќе месец дена на сила се драконски рестриктивни мерки огорченоста расте се повеќе.Градските власти на Пекинг се во трка со времето и се обидуваат да откријат што е можно повеќе случаи на ковид и да ги изолираат луѓето кои биле во контакт со заразените.Областа Чаојанг во Пекинг, со 3,5 милиони жители, е првата во која...

Продолжи со читање