Автор: инфодеск
Post Views: 67 Православните христијани денес го празнуваат Св. Архангел Михаил, еден од најголемите христијански празници и една од најчестите куќни слави.Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.Прв меѓу ангелите...
Променливо облачно со услови за дожд
Post Views: 63 Претпладне појава на магла или ниска облачност, а попладне променливо облачно со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура до 12 степени.Утре кон крајот на денот најпрвин во западните делови и во среда, наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде во пораст.
“Чувари на формулата” на Бјелогрлиќ во сабота на кино репертоарот на Центар за култура Охрид
Post Views: 39 Мега популарниот филм “Чувари на формулата” на Драган Бјелогрлиќ на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид во сабота 25.11.2023 година.,,Чуварите на формулата” е базиран на романот на Горан Милашиновиќ „Случајот Винча”, е возбудлива филмска приказна инспирирана од вистински настан во Институтот Винча кој се случил пред 65 години, на 15-ти октомври 1958 година. „Чувари на формулата“, во Србија го нарекуваат „српски Опенхајмер“.Оригинален наслов: Čuvari formuleПочеток на филмот: 25.11.2023год во 20.00 часот....
Утре посебен сообраќаен режим во Охрид и Струга поради посетата на претседателот на Албанија
Post Views: 47 Утре, 21 ноември 2023 година, на подрачјето на Охрид и Струга ќе има посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, г-дин Бајрам Бегај.За таа цел, Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Бела прашкаста материја пронајдена кај охриѓанец на ул „Коста Абраш“
Post Views: 49 На 19.11.2023 година во 10.55 часот, на улицата „Коста Абраш” во Охрид, приведено е 42 годишно лице од Охрид.„При претходно извршен преглед, полициските службеници кај него, пронајдоа и одзедоа две опаковки со бела прашкаста материја како и предмети со остатоци од бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Зголемен бројот на пациенти со срцеви заболувања во Југозападниот регион
Post Views: 79 Расте бројот на пациенти со срцеви заболувања во Југозападниот регион. Во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања во Охрид, забележителен е наплив на заболени. Загрижува и тоа што се намалува старосната граница, се повеќе млади страдаат од висок крвен притисок и срцеви болести.Во болницата дневно има над стотина прегледи, дополнително дијагностички процедури.„Нашата земја е ставена во групата на земји со висок кардиоваскуларен ризик. Што во суштина значи и зголемен број на пациенти за каридолозите, но и потреба од зголемена...
Отворен ден за грижа за стари лица во Црвен крст Охрид
Post Views: 93 Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица од 20-26 ноември, под мотото „СИТЕ СМЕ НИВНИ ДЕЦА“ Црвен крст Охрид организира промотивен настан-Отворен ден за грижа за стари лица.На настанот, од страна на волонтерите од Групата за грижа за стари лица на Црвен крст Охрид, ќе бидат презентирани бројни креативни активности и чекори кои ги презема организацијата за квалитетно и достоинствено стареење на старите лица во регионот.Настанот ќе се одржи на 21.11.2023 г. (вторник) во просториите на Црвен крст Охрид во периодот од 11 – 14 ч.
Сончево со мала облачност и температура до 13 степени
Post Views: 47 По суденото утро со температура од -1 степен, преку денот во Охрид времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.Во вторник по одделни котлини во Македонија ќе има појава на магла и ниска облачност, а кон крајот на денот најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во среда и во останатите делови ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Утринската температура ќе биде во пораст.фото: Ѓоко Симјаноски







