Автор: инфодеск
Post Views: 42 Пред почеток на главната туристичка сезона во охридскиот регион, како непишано правило, секоја година започнува „кампања“ со разноразни фотографии и информации за слабости во туризмот на македонскиот бисер. Најчесто на портали и социјални мрежи, се шират содржини од непотврдени извори, но и вистинити информации зачинети со сензационализам дури и тенденциозност кои фрлаат сенка на напорите на сите чинители во туризмот за квалитетна понуда и успешна сезона.Споделете го со нас вашето мислење за тоа колку дезинформациите влијаат врз туристичката сезона со...
На семејството Автароски од Ливадишта, чиј дом беше уништен во пожар, потребна му е помош
Post Views: 69 Силен пожар ја „проголта” куќата на семејството Автароски во струшкото село Ливадишта. Се’ што макотрпно граделе го снема за неколку мигови, изгоре во пламените јазици кои избувнале околу полноќ пред два денови.Огнената стихија го пеплоса покривот, целата покуќнина, дограмата и облеката.Во целата несреќа, среќа е што едно од двете деца, било будно, па успеале да се спасат без да бидат повредени.„Децата ми се јавија. Тато гориме! Излегувајте надвор од куќата веднаш им реков. Тие сакаа да гаснат со вода, ама има и...
АППТ: До 2025 год зголемување од 50% на гостите и ноќевањата од земјите на Отворен Балкан
Post Views: 52 Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година има значајна улога во презентација на македонските туристички потенцијали на саемот “Винска Визија на Отворен Балкан” – Вино, храна и туризам,кој се одржува од 16ти до 19ти ноември во Белград, Република Србија.“Резултатите на Отворениот Балкан се видливи на полето од туризмот преку овогодишните постигнувања во туристичкиот сектор, кој е во раст не само помеѓу трите земји, Северна Македонија, Србија и Албанија туку и поединечно споредбено со останатите земји во регионот и Европа....
Презентација на новиот систем за молекуларна дијагностика на Центарот за јавно здравје Охрид
Post Views: 66 Центар за јавно здравје Охрид од неодамна се опреми со најсовремена апаратура и воспостави целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.„Со тоа на корисниците на нашите услуги му овозможуваме да добијат брзи и точни резултати за анализите: Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генотипизација на 14 високо ризични типови на хуман...
Почина Мето Јовановски, бардот на македонското глумиште
Post Views: 75 На 77-годишна возраст денеска почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Мето Јовановски.Роден е во 1946 во с. Панчарево, Пехчевско. Актерската кариера ја започнал на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје.Првата филмска улога ја остварува во „Македонскиот дел од пеколот“, а неговиот опус во македонската и ексјугословенската кинематографија брои 100 улоги на филм и ТВ....
Маја Протуѓер преку дуално образование и грант отвори сопствен бизнис
Post Views: 70 21 годишната охриѓанка, Маја Протуѓер храбро започна свој бизнис. Преку програмата за самовработување со грант на Агенцијата за вработување, во висина од 5000 евра, таа го оствари својот сон.Учеше во стручното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски”, во козметичкиот смер, каде што преку програмите за дуално образование успеа да стекне шестгодишно работно иксуство. За денес во сопствен салон да оствари самовработување и самостојно да нуди фризерски и шминкерски услуги. Вели сака да им биде инспирација на младите, да се...
Акција за подигнување зелен отпад од “Радојца Новичиќ” во сабота
Post Views: 37 Ј.П.”Охридски Комуналец”- Охрид на ден 18.11.2023 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 Радојца Новичиќ.“Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.11.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот.” – велат од јавното...
Охридската библиотека во чест на 100 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
Post Views: 58 2023 година е прогласена за година на Ацо Шопов по повод 100 годишнината од неговото раѓање. Во одбележувањето на овој голем и значаен јубилеј во петок, 17 ноември, од 12 часот со пригоден настан ќе се вклучи и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.„Поетот Ацо Шопов низ призмата на критичарот Милан Ѓурчинов“ е мотото на настанот кој ќе се одржи во Прличевата одаја, а гости ќе бидат ќерките на Шопов и Ѓурчинов, Јасмина Шопова и Анастасија Ѓурчинова.Модератор на настанот ќе биде Милчо Јованоски.







