Автор: инфодеск
Post Views: 268 Новото шокантно откритие од ФИФА го носи лидерот на фудбалскиот сојуз на Ирска, John Delaney кој признал, за тамошната државна телевизија, дека ФИФА му платила на фудбалскиот сојуз на Ирска пет милиони евра за да не поднесат тужба за играњето со рака на Thierry Henry во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Јужна Африка помеѓу Франција и Ирска.Да потсетиме, Ирска го загуби плеј-оф натпреварот за пласман на Светското првенство во Јужна Африка од Франција откако Henry по евидентното стопирање на топката со рака го постигна клучниот гол во...
Преспа форум за дијалог
Post Views: 216 Во Охрид и Отешево се одржува меѓународна конференција „Преспа форум за дијалог“ Учесници се највисоки политички претставници од САД, Европа и регионот. Главна тема на конференцијата е „Западен Балкан: Делот што недостасува за Европа да биде целосна“. Политичарите ги споделија своите ставови поврзани со проблемите за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. На меѓународната конференција „Преспа форум дијалог“ што се одржува во Охрид и Отешево се сретнаа лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД. Политичарите ги...
Скандалот во ФИФА се шири како пожар
Post Views: 269 Chuck Blazer, “свиркачот” од ФИФА, открива нови детали за примање на мито при доделувањето на организацијата за светските првенства во фудбал. Истовремено со истрагата на FBI околу доделувањето организации за домаќини на СП во Русија 2018 и Катар 2022, Blazer изјави дека извршниот одбор на ФИФА примал мито и при доделувањето на организациите за СП во Франција 1998 и Јужна Африка 2010 година. “Јас и некои други членови на извршниот одбор примивме пари за да гласаме за Франција и Јужна Африка”, им признал Blazer на американските истражители. Поранешниот...
Откриен нов доказ кој ги докажува криминалите во ФИФА
Post Views: 241 Да потсетиме дека минатата седмица во седиштето на ФИФА во Цирих изби нов скандал при кој беа уапсени седум високи функционери на Светската фудбалска федерација. Во прашање е мито, корупција, со еден збор криминал, а оваа приказна добива продолжение.Новинар на Press Association, Martyn Ziegler, објави фотографија на писмо на која јасно се гледа дека главниот секретар на ФИФА, Jerome Valcke бил тој кој одобрил уплата од 10 милиони долари од страна на фудбалскиот сојуз на Јужноафриканската Република, на сметка на тогашниот претседател на CONCACAF Jack Warner (за...
Visa со закани кон ФИФА
Post Views: 276 Корупцискиот скандал во светската фудбалска федерација може од страна на главните спонзори да биде искористен за раскинување на договорите што на ФИФА во иднина би можело значително да им ги намали приходите. Имено, од 5,7 милијарди долари, колку што ФИФА заработила помеѓу 2011 и 2014 година, од маркетинг биле 29% според финансискиот извештај.Сите најголеми спонзори по апсењето на функционерите на ФИФА, изразиле загриженост. Сепак, Adidas, Coca-Cola, Hundai, Anheuser Bush и McDonald’s засега не покажале знаци дека би можеле да се повлечат од спозорирање.Но,...
30 години од големата фудбалска трагедија
Post Views: 273 Овој петок, 29 мај, се одбележува 30 годишнина од трагедијата на Хејсел во Брисел кога во очи на финалето помеѓу Ливерпул и Јувентус загинаа 39 лица, повеќето навивачи на Јувентус.Иако по бројот на жртвите не е најголема таква несреќа, Хејсел е синоним за фудбалски трагедии, а и покрај случувањата на стадионот, натпреварот е одигран, а Јувентус предводен од Мишел Платини славеше со 1-0.До конфликтот на навивачите на Јувентус и Ливерпул дојде на улиците на Брисел, а тепачките продолжија и на самиот стадион. Се смета дека до инцидентот дошло поради освета на...
Охриѓанец шетал куче Кане Корсо без заштитна маска
Post Views: 418 На 04.01.2021 година во 12.30 часот на улица „Свети Климент Охридски” во Охрид, полициски службеници го затекнале Б.Ч.(43) од Охрид како, без заштитна маска води куче домашен миленик од расата „Кане Корсо”. Во согласност со членот 29 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, на Б.Ч. му е изречена парична казна – информираат од СВР Охрид.
По апсењата во ФИФА се доведуваат под знак прашање СП во Русија и Катар
Post Views: 256 Швајцарската полиција уапси, во средата наутро во хотел во Цирих, шестмина функционери на светската фудбалска федерација, ФИФА, поради сомнение за корупција тешка 100 милиони долари. Полицијата не ги именувала уапсените, но напоменала дека се лишени од слобода на барање на американското обвинителство кое ги сомничи за примање мито во последните 20 години од претставници на спортски медиуми и промоциски куќи. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, не е во уапсените, наведува Reuters. Спрема наводите на медиумите, најновиот скандал во ФИФА би можел да ги доведе под...
Првиот првак на Англија конечно го сруши проклетството
Post Views: 267 Првиот англиски првак и првиот победник на ФА купот на Англија, Престон, од следната сезона ќе игра во Чемпионшип (втора лига на Англија) откако во мајсторката за пласман на Вембли славеше против Свиндон со 4-0. Престон е клуб кој доаѓа од северозападот на Англија, Ленкшир, а основани се во далечната 1888 година и најпознати се по тоа што во таа година го освоиле првото првенство на Англија, а во истата сезона и ФА купот. Тоа го направиле на импресивен начин без примен гол и во историјата влегоа како клуб кој прв ја освоил двојната круна. Актуелниот момент на...
Директорот на Лејкерси објави тажна вест
Post Views: 262 Генералниот директор на кошаркарскиот клуб Лејкерс од Лос Анѓелес, Мич Купчак, открил за медиумите дека еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, е на крајот од кариерата и дека следната сезона ќе замине во пензија.“Верувам дека е во последната година од кариерата. Нема никаков разговор за продожување на соработката, а на крајот од следната сезона му истекува договорот. Мислам дека нема да има преговори”, изјавил Купчак.“Разговараме од време на време. Се опоравува, трча, ја гради мускулатурата за враќање. Но искрено, поблиску е до пензија...
Историски момент за фудбалот во Белгија
Post Views: 276 Граѓаните на третиот град по големина во Белгија, Гент, ова го чекаа дури 115 години кога во 1900 година е основан овој фудбалски клуб. На едно коло пред крајот на свој терен го совладаа Стандард од Лиеж со 2-0 со што станаа недостижни за своите главни конкуренти Бриж и Андерлехт и го освоија насловот првак на Белгија по прв пат во историјата. Ghelamco арената експлодира откако судијата го означи последниот свиреж, а 20 илјади навивачи се веселеа со химната на Лигата на шампиони. Звучи малку неверојатно, клуб од третиот по големина град во Белгија по прв пат...
Пресврт во Мадрид, на Бејл му е понудено “наследство”
Post Views: 255 Мадридскиот спортски весник АС на насловната страница донесува бомбастична најава за заминување на Герет Бејл од Реал. “Бејл бара заминување”, пишува АС и наведува дека тоа на претседателот на клубот, Флорентино Перез, му го пренел агентот на Бејл, Џонатан Барнет. Истиот тој Барнет неодамна беше гласен по медиумите дека Велшанецот е незадоволен бидејќи играчите го бојкотирале на теренот. Но, минатата недела ги отстрани сите сомнежи околу заминувањето. Тврдеше дека Бејл сака да остане во Мадрид и дека ќе успее во клубот во кој секогаш сакал да игра. Сега...