Автор: инфодеск
Post Views: 43 На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид ќе се прикажува волшебната приказна на новиот македонскиот филм “Лена и Владимир” во сабота 18.11.2023 година.Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.Траење на филмот: 95 МинутиЗемја / година: MKD, SRB/2020Жанр: Драма, ТрилерГлумци: Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски,...
Сончево со умерена облачност и температура до 13 степени
Post Views: 35 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 13 степени.Во петок во Македонија ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на...
Еколозите предлагаат термални камери за заштита на рибниот фонд
Post Views: 44 Потребни се засилени мерки за заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро, кој за жал последните децении е на работ на истребување. Еколозите предлагаат поставување на термални камери на потегот од Пештани до Свети Наум и во струшкиот дел од Радожда до Калишта. За целосна заштiта , велат потребни се мерки и од албанска страна.Термалните камери ќе може во ноќните часови да регистрираат се она што се случува во езерото за да се намали рибокрадството.„Сметам дека крајно време е да се употребат посовремени технички средства за...
Расте бројот на социјално загрозени пензионери во струшко
Post Views: 51 Зголемен бројот на социјално загрозени пензионери во струшко. Се поголем број граѓани од третата доба бараат финансиска помош од Здружението на пензионери за лекови, за храна, за сметки.Со поскапувањето на цените, голем дел од пензионерите живеат на работ на сиромаштија, доведедени во состојба да молат за еднократна финансиска поддршка. „ За жал не можат, а тоа е грижа на државата. Запрепастувачки е тоа што имаат некои 9000 некои 10 000 денари е сега замислете колку таа фамилија може да преживее со тие...
Во сабота бесплатна вакцинација против сезонски грип, без термин, во Службата за вакцинација во Охрид
Post Views: 49 Во сабота, (18.11.2023 год.) во Службата за вакцинација во кругот на Општа болница Охрид, поточно на самиот влез кај рампата, ќе се врши вакцинација против сезонски грип на граѓани кои сакаат да ја примат вакцината без разлика на возраст и без термин. Вакцината ке биде бесплатна.Вакцини ќе бидат аплицирани во периодот од 11 до 14 часот.Оние граѓани кои сакаат да бидат вакцинирани, но не се во можност да дојдат во Службата за вакцинација, ќе можат да ја примат вакцината во домашни услови доколку се јават на телефон 071 366 564 и да остават...
Предавање за врсничко насилство во ОУ „Ванчо Николески” во Лескоец
Post Views: 55 На 14.11.2023 година, полициски службеници од СВР Охрид во основното училиште „Ванчо Николески” во охридското село Лескоец, реализираа превентивен проект на тема „Врсничко насилство”. Притоа, низ интерактивен пристап, на учениците од шесто до деветто одделение им беа објаснети појавните форми и облици на манифестирање на насилство помеѓу врсниците „булинг” и он-лајн насилството „сајбер булинг”, како крајно штетни и опасни појави при користење на социјалните мрежи.Околу 150 ученици беа запознати како треба да реагираат доколку...
Граѓаните кои до 6-ти ноември поднеле барања за замена, да ги подигнат новите лични документи
Post Views: 36 Отсекот за управни работи при СВР Охрид, ги повикува граѓаните кои до 06.11.2023 година, поднеле барања за замена на старите со нови лични документи, дека истите можат да ги подигнат во просториите на одделението во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.Новите лични документи можат да ги подигнат секој работен ден од 07.30 до 19.30 часот.„Отсекот за управни работи секојдневно ги прима и навремено ги процесуира сите барања за вадење нови лични документи што ги доставуваат граѓаните со цел забрзување на постапката и брзо решавање на апликациите доставени од...
Прекин на водоснабдувањето во Далјан
Post Views: 37 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во населбата Далјан, поточно на сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев“ на потегот од крстосницата со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.







