Автор: инфодеск
Post Views: 508 На 25.04.2022 година од 14 до 20 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 70 возачи кои управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената (Охрид-40, од кои 24 надвор од населено место и 16 во населено место, Струга-28 во населено место, Кичево-09 во населено место, Дебар-09, од кои надвор од населено место-06 и во населено место-03) – информираат од СВР Охрид.
Пронајдени 8980 парчиња пиротехнички средства
Post Views: 605 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Л. (22) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.При преглед во неговиот патнички автомобил, извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници пронашле и одзеле вкупно 8980 парчиња пиротехнички средства – информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Нови повисоки цени на горивата
Post Views: 352 Бензините од полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за еден денар за литар.Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86 денари, а еуродизелот за 85,5 денари за литар.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денари за литар, и ќе изнесува 84 денари. Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот, односно килограм мазут ќе се продава за 52,82 денари.
Црвен крст ќе обучува лица за лична асистенција
Post Views: 351 Општина Охрид денес го објави решението согласно Јавниот повик за финансиска поддршка на верифицирана организација или институција која работи на територијата на општина Охрид и која ќе спроведе и води процес за обука на лица кои ќе се стекнат со сертификат за завршена обука за лична асистенција, верифицирана од ЈУ Центар за образование на возрасни. ОО на Црвен крст Охрид е избрана за спроведување на овие обуки. Црвен крст и Општина Охрид ќе склучат договор во кој детално ќе бидат наведени обврските на двете договорни страни за спроведување на оваа...
Д-р Асен Шајн нов директор на Општа болница Охрид
Post Views: 2.413 Доктор Асен Шајн е нов директор на охридската општа болница. Д-р Шајн е специјалист по оториноларингологија, вработен во болницата на одделението за уво, нос и грло.Асен Шајн доаѓа на местото на хирургот и уролог, д-р Горан Балески кој функцијата директор ја извршуваше за време на пандемијата.
Продолжува уредувањето на СРЦ „Билјанини извори“
Post Views: 335 ЈП “Билјанини Извори” продолжува со планираните активности во насока на подобрување на условите на спортската инфраструктура од СРЦ “Билјанини Извори”.Имено, деновиве се започна со реконструкција на долгогодишното запоставено северно фудбалско игралиште и на истото се планира во наредните три недели да се завршат градежно-санациони активности, како дел од првата фаза за комплетно уредување и адаптирање на игралиштето за потребите на многубројните фубалски школи и фудбалски клубови. Во првата фаза ќе се изврши нивелација на...
Убиство во Чаир
Post Views: 454 Од Јавното обвинителство денеска информираа дека извршиле увид на местото каде синоќа беше убиено едно лице, а три се повредени откако во угостителски објект на улица „Браќа Реџепагиќ“ во населбата Чаир во Скопје две лица пукале со автоматско оружје.Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe – се наведува во...
Убиени две деца во градинка во Русија
Post Views: 438 Вооружен маж денеска отворил оган во градинка во руската област Улјановск, при што убил три лица, меѓу кои и две деца, јави агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на извор.Маж со пиштол влегол во градинка во селото Вешкајма, застрелал две деца и учителка, а потоа се самоубил – тврди изворот.Мотивите на напаѓачот не се познати, а според првичните податоци, мажот пукал од советска ловечка пушка со двоцевка ИЗ-27.Властите во областа Уљановск го потврдија за Интерфакс фактот дека имало пукање во една од градинките во регионот, како и информации за неколку...
Измени во субвенциите за производство на лешници
Post Views: 780 Кризата силно ги погоди прехранбената и агро индустријата. Ценовните шокови, рестрикциите во извозот поради пандемијата, намалената продажба, најголем удар за малите семејни бизниси.Локалните производители на органски лешници и намази од струшко, кои до 2019 ги освоија поголемиот дел од европските пазари, денес се соочуват со голема нестабилност. Не можат да обезбедат конкурентна цена за пласман на своите производи.„Многу е тешко, особено со пандемијата е многу тешко бидејќи пазарот, односно, меѓународната наша продажба, извозот беше загрозен. Се...
Прогласување на најредовни читатели за 2021
Post Views: 333 Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев” од Охрид ќе бидат прогласени најредовните читателите за 2021 година. Во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како и најчитаните домашни и странски автори и книги.На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период ќе им се оддолжи со благодарници кои ќе им бидат врачени во рамките на настанот. Во чест на празникот на книгата утре во Библиотеката ќе...
5 починати и 147 нови случаи на ковид
Post Views: 367 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид 19.Скопје – 84, Битола – 15, Кавадарци – 12, Куманово – 10, Велес – 6, Прилеп – 4, Штип – 3, Тетово, Охрид, Кочани и Неготино – по 2, Гостивар, Струмица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од: Скопје – 135, Битола – 29, Прилеп –...
Охриѓанец бил агресивен кон членови на семејството
Post Views: 508 На 24.04.2022 година во 05:20 часот, во СВР Охрид приведен е П.Р. (35) од Охрид.Тој, претходно во семејниот дом во Охрид, бил агресивен кон членовите на неговото семејство и им упатил закани по нивниот живот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.