Skip to main content

Автор: инфодеск

Поради дефект без вода жителите на ул Гоце Делчев

Post Views: 16 Поради настанат дефект на водоводната мрежа на улицата ” Гоце Делчев” ( пукната цевка со профил ф100 мм ), денес од 07:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улицата: “Гоце Делчев “, вклучувајки ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата “Бистрица” до Здружение на возачи. Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување на санацијата, информираат од ЈП Водовод Охрид

Продолжи со читање

Среќна завршница на потрага по исчезнато лице во Дебрца

Post Views: 18 На 19.06.2023 година, во 20:55ч., оперативниот центар на ПСС Охрид, од страна на СВР доби пријава за исчезнато женско лице на околу 32 годишна возраст, кое собирало шумски плодови во атарот на с. Горно Средорече. Веднаш по пријавата, согласно процедурите за пребарување и спасување во вакви ситуации, ПСС во соработка со КУЧЕ СПАСИТЕЛ излезе на терен со 9 припадници и едно куче за пребарување.“По пристигнување на местото каде последен пат била забележана жената, во координација со членовите на семејството и мештани од соседните села, кои со неколку возила...

Продолжи со читање

Олег Маленко нов претседател на Ротари клуб “Охрид”

Post Views: 32 Ротари клубот „Охрид“, синоќа во хотел „Два Бисера“, пред традиционалната летна пауза, го одржа последниот редовен состанок за оваа ротаријанска година.“На состанокот освен што стана збор за активностите и настаните кои беа превземени и на кои се работеше во ротаријанска година која изминува, се изврши и примопредавање на претседателската функција, со што сегашниот претседател на клубот Драги Здравески, во присуство на членовите на клубот, свечено му го предаде Ротаријанскиот ланец, заедно со инсигниите на идниот претседател Олег Маленко кој ќе го...

Продолжи со читање

Денеска дезинсекција во Охрид, пчеларите да ги преземат потребните мерки

Post Views: 16 Дезинсекцијата против комарци која требаше да се спроведе на 12.06.2023 беше прекината и истата ќе се спроведе денес 20.06.2023 год.Пчеларите да ги преземат неопходните мерки за заштита на пчелните семејства.“Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 20.06.2023 год. (вторник), екипата на Приматекс ќе спроведат теристичка дезинсекција (од земја ) со цел уништување на комарците. Дезинсекцијата ќе се врши во период од 23ч- 04.” – инфоримираа од Општина Охрид.

Продолжи со читање

Сончево и топло со пораст на дневната температура

Post Views: 11 Денеска во Македонија сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. UV=8Во Охрид сончево и топло, со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура до 12 степени, а максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Времето во Македонија во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална...

Продолжи со читање

Казнети 15 охриѓани кои возеле побрзо од дозволеното

Post Views: 17 На 18.06.2023 во периодот од 15.00 до 21.00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 57 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-15, Струга-18, Кичево-24), информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Општина Охрид објави оглас за добивање право за поставување на билборди

Post Views: 19 Општина Охрид го објави огласот за издавање локации за поставување рекламни паноа – билборди. Локациите и бројот на билбордите се утврдени во Програмата за поставување на урбана опрема на територијата на општина Охрид („Сл.Гласник на општина Охрид“ бр.14/22) и Записник од Комисија за одлучување по барања за поставување урбана опрема како дополнение на годишната програма за поставување урбана опрема бр. 09-629/2 од 17.01.2023 година.Локациите за поставување на билбордите се дефинирани со вкупен број 34 и се наоѓаат на територијата на општина Охрид и тоа...

Продолжи со читање

МОН анализира учебната година да почнува во средина на септември

Post Views: 17 Новата учебна 2023-2024 година да започне на 11 септември и да заврши до крајот на јуни. Ова е една од варијантите која ја разгледува МОН. Се разгледува и можноста почетокот да биде на вообичаениот датум 1 септември, а во текот на учебната година учениците да имаат и краток пролетен распуст.Министерството за образование се консултира со наставници и синдикатот за овие опции или досегашната од 1-ви септември до 10 јуни.„Сè уште не е доставен предлогот до Владата. Тоа е дискусија што ја почнавме заедно со синдикатите. Предлозите доаѓаат со добра анализа, но сè...

Продолжи со читање