Автор: инфодеск
Post Views: 476 ОО на СДСМ Охрид вечерва го објави кандидатот за градоначалник на Општина Охрид – д-р Асен Шајн.–Човек со искуство, човек на кој може секој да се потпре, човек кој ќе ги ислуша грижите на секој еден охриѓанец и кој достојно ќе го претставува својот народ. Д-р Асен Шајн е почитуван доктор, човек и професионалец кој е посветен на грижата за луѓето. Неговата врата, како лекар, но и како личност секогаш била отворена за сите граѓани без разлика на нивниот статус, партија или мислење. Асен Шајн е познат меѓу пријателите и колегите како скромен, одговорен и...
Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска Брендан Вард
Post Views: 113 Протоколарна средба денес градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков оствари со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард.На средбата се разговараше за актуелни политички теми и претстојните локални избори. Исто така се разговараше и за активностите кои Општина Охрид ги презема согласно препораките од УНЕСКО. Стана збор и за туризмот како и за други области во кои би можело да се оствари соработка.Соговорниците ја потенцираа важноста од културната размена како и можностите за гостување на ирски...
Охриѓанката Данче Наумоска четврт век создава уметничка бајка од бакар
Post Views: 312 25 годишното уметничко творештво со бакар Наумоска ќе го одбележи со јубилејна изложба насловена како „Приказ на животот преку виното“, која ќе биде отворена во петок, 4ти јули од 19 часот во Гимназијата „Св. Климент Охридски“. Присутните, преку нејзините дела ќе можат да уживаат во една уникатна визуелна приказна за животот претставена низ симболиката на виното, природата и бакарот. Данче Наумоска е единствената жена која создава врвни уметнички дела и накит од бакар. Препознатлива е по уникатната техника – цртање и боење на бакар.
Сообраќајна несреќа на „7 ноември“
Post Views: 122 На 01.07.2025 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „7 ноември“ во Охрид, мопед „кимко“, управуван од 44 годишно лице од охридското село Куратица, излетал од коловозот откако патнички автомобил „ровер“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 60 годишно лице од Скопје, кој се вклучувал во сообраќајот, му го попречил правецот на движење. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Децата од Вевчани се забавуваат во новиот детски забавен парк
Post Views: 207 Вевчани го доби првиот детски забавен парк. Паркот е во строгиот центар на општината и се протега на површина од 200 метри квадратни, направен според сите стандарди – со гумена подлога, нишалки, лизгалки и други детски реквизити.Детскиот забавен парк собиралиште за децата и родителите е реализиран со инвестиција на Владата, средства обезбедени преку првиот повик од т.н. унгарскиот кредит.-Еден од највозбудливите проекти што ги реализиравме скоро е детскиот забавен парк што мене ми е посебно драго бидејки е на барање на најмладите вевчанци. Тоа е...
Утре започнува со работа летниот базен
Post Views: 137 Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека летниот базен официјално ќе започне со работа утре, четврток, на 3 јули 2025 година, со почеток во 09:00 часот.
Граѓаните ќе може да пријавуваат неправилности во здравството на веб-страната на Министерството
Post Views: 224 Министерството за здравство сака да слушне за негативните искуства на граѓаните со здравствениот систем. Граѓаните можат секоја забелешка, жалба или злоупотреба во болниците да ја пријават на веб страницата на Министерството.Пријавувањето е анонимно, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. Постои можност кон пријавата да се приложат и фотографии и документи како докази.За ваквата новина информираше денеска министерот за здравство Азир Алиу на брифинг...
Екстремно среќен ден за турски параглајдерист на Галичица
Post Views: 116 Вчера околу 16:30 часот, до оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид (ПСС) бил упатен повик за помош од вработен во НП Галичица. На наплатниот пункт „Дервен“ лице од Турција пријавило дека негов пријател – параглајдерист – принудно слетал во околината на врвот Магаро и му е потребна евакуација.По брза координација и утврдување на точната локација, параглајдеристот бил лоциран на тешко пристапниот и карпест дел, на западната страна од планината.Несреќата се случила околу 16:00 часот, кога, од засега непознати причини, пилотот...
НП Галичица: Посетителите можат да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот
Post Views: 198 Поради зголемената опасност од шумски пожари и согласно препораките на Владата, Јавната установа Национален парк Галичица воведува мерки за контролирано движење низ шумските подрачја.– Овие мерки имаат за цел да ја заштитат природата, да спречат пожари и да овозможат безбедно уживање во паркот за сите посетители. Посетителите можат да ја регистрираат својата посета и да добијат дозвола за движење низ шумските подрачја на паркот, велат од НП Галичица.Инаку, целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува ЈП Национални...
Сончево со мала до умерена локална облачност
Post Views: 104 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Од УХМР информираат дека температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од утре до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.Денешните минимални температури во Охрид од 16, а максималните до 30 степени Целзиусови. УВ индексот ќе има вредност 9.
Светиот апостол Јуда
Post Views: 158 Еден од дванаесетмината. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф дрводелецот имаше четири сина: Јаков, Јосија, Симон и Јуда. Овој Јуда понекогаш се нарекува и Јуда Јаковов, по брат му Јаков, којшто е попрочуен од него. Своето послание свети Јуда го почнува вака: „Од Јуда, слуга на Исуса Христа, брат Јаковов.“ Иако и тој можеше да се нарекува брат Господов колку и Јаков, тој тоа не го правеше од смирение и срам, зашто во почетокот не Му веруваше на Господ...
Утре почнува претпрограмата на 8. Beach Film Festival
Post Views: 133 Од 2 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за осмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 23 до 27 јули.–Селекцијата „земја во фокус“ оваа година ја претставува Германија. Во соработка со Гете-институт Скопје, публиката ќе има можност да погледне седум современи германски филма. Секоја вечер од 2-и до 6-ти јули, со почеток од 20:30 часот, ќе се прикажуваат внимателно избраните филмови, секој од нив уникатен и забавен на свој начин, велат организаторите.На 2 јули ќе биде прикажан филмот „Два спрема...