Skip to main content

Автор: инфодеск

Магија под свеќи: „Профундис“ и Стефан Миленковиќ со спектакуларен концерт вечерва во „Св. Софија“

Views: 169 Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, вечерва ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, во рамки на официјалната програма на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.Во магичниот амбиент на „Св. Софија“, под отворено небо и во светлината на илјадници свеќи, публиката ќе има можност да доживее уникатен „кендлајт“ концерт, кој ги обединува врвната музичка интерпретација, впечатливата сценографија и неповторливата атмосфера на еден од најзначајните...

Продолжи со читање

Светата маченичка Христина

Views: 166 Родум од градот Тир, ќерка на царскиот намесник Урбан, идолопоклоничка. Не се знае од кои причини родителите и го имаа дадено името Христина, но тоа ја криеше во себе тајната на нејзиното идно одење по Христа. До својата единаесетта година не знаеше за Христа ништо. А кога наполни единаесет години, нејзиниот татко, со цел до полната возраст да ја скрие од светот заради нејзината вонредна убавина, ѝ го одреди највисокиот кат од една висока кула и ја всели да живее таму. И ги устрои сите удобности за живот, и даде робинки да ја служат, постави во нејзините одаи сребрени и златни...

Продолжи со читање

Сончево и топло

Views: 172 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 33 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

ЈУНП Галичица, Градиште

Спасителите на Охридското Езеро ова лето извлекле 21 давеник, интервенирале повеќе од 500 пати

Views: 214 Центарот за безбендост на вода во Охрид ова лето со полни раце работа. Извлечени се 21 давеници, а укажани се  над  500 интервенции.  Дневно спасителите  на вода имаат  десетици укажувања на прва помош.Најголем дел се   топлотни удари, водени шокови, посекотини, повреди, убоди од инсекти  и лица под дејство на алкохол, особено на плажите каде што се организираат забави.„Најголем број интервенции имаме на плажите во Градиште, каде што има посекотини, посериозни повреди, но и...

Продолжи со читање

Бесплатна летна школа за Flipbook анимација во Младински центар Охрид

Views: 244 Младинскиот центар Охрид ги повикува младите над 14 години да се пријават на Летната школа за Flipbook анимација, која ќе се одржи од 10 до 14 август, во рамки на манифестацијата „Недела на млади 2026“.Под менторство на графичкиот дизајнер и аниматор Дамјан Шокев, учесниците ќе ги совладаат основите на анимацијата преку flipbook техника и ќе изработат сопствена кратка анимација.Работилниците ќе се одржуваат секој ден од 11:00 до 13:00 часот во просториите на Младинскиот центар Охрид. Учеството е бесплатно, а бројот на места е ограничен.Заинтересираните можат да се...

Продолжи со читање

Рачна бомба од Првата светска војна пронајдена во водите на Охридското Езеро кај Љубаништа

Views: 264 Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно отстрани рачна бомба од Првата светска војна, која била пронајдена во водите на Охридското Езеро, во близина на брегот кај Љубаништа.Интервенцијата била реализирана согласно стандардните оперативни процедури на ДЗС, а во акцијата учествувале пиротехничарите на Дирекцијата во координација со Министерството за внатрешни работи. Поддршка на терен обезбедиле припадници на СВР Охрид и Езерската полиција.Од ДЗС апелираат доколку граѓаните пронајдат гранати, бомби, оружје или други сомнителни експлозивни средства, да не ги...

Продолжи со читање

Полициско возило

Државјанка на Белорусија пронајдена почината во хотел во Охрид

Views: 182 На 5 август 2026 година, во 07:45 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во хотел во Охрид е пронајдена почината 53-годишна државјанка на Република Белорусија.Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Продолжи со читање

Свети климент

Охрид ќе ги одбележи јубилеите посветени на Свети Климент Охридски и Охридската книжевна школа

Views: 228 Со низа духовни, културни и научни настани, Општина Охрид од 5 до 9 август ќе ги одбележи двата значајни јубилеи – 1110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа.Програмата започнува вечерва (5 август) во 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ со отворањето на Интернационалниот хорски фестивал „Свети Климент Охридски“.На 6 август, во 11:00 часот, ќе биде промовирана книгата „Охридска книжевна школа“ од проф. д-р Димитар Пандев, во издание на Општина Охрид. За делото ќе говорат проф. д-р Бобан...

Продолжи со читање