Автор: инфодеск
Post Views: 70 Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,50 денари по литра, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, одлучи денска Регулаторната комисија за енергетика.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 78,00, а на Екстра лесното масло 77,50 денари за литар. Поевтинува и Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 43,743 денари.
Во Сливово одбележани 80 години од формирањето на Првата Македонско – косовска ударна бригада
Post Views: 65 Денеска во селото Сливово беше одбележан јубилејот- 80 години од формирањето на Првата Македонска-косовска ударна бригада. Делегации од Општина дебрца и ОО на Сојузот на борци од НОБ од Охрид и Дебрца и граѓани продолжувачи положија букети свежо цвеќе пред меморијалниот споменик Спомен-чешма со мозаички сцени во центарот на селото каде што на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада.Македонија е држава која е родена на придобивките на НОБ,олицетворени преку историските одлуки на АСНОМ, во 1944 година ,кои практично...
37 годишен охриѓанец доби кривична за нелегално поседување оружје
Post Views: 113 На 10.11.2023 година, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.„При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје кај него пронајдоа и одзедоа пиштол, рачна граната, ловна пушка и 493 куршуми со различен калибар, кои нелегално ги поседувал.“- информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан...
Пронајдена почината 45 годишна жена во својот дом во Охрид
Post Views: 105 На 09.11.2023 година во 13.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во својот дом во Охрид била пронајдена почината С.П.(45) од Охрид. Лекар од Итната медицинска помош од Охрид констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција, информираа од СВР Охрид.
ЦЈЗ Охрид: Водата од градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна
Post Views: 69 Денеска заврши комплетната физичко-хемиска и микробиолошка анализа на примероците на вода за пиење земени на 7.11.2023 г. од градската водоводна мрежа во Струга, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид.„Сите анализирани параметри на земените примероци на вода се во законски дозволените граници, што значи дека согласно Правилникот за безбедност на вода водата од Градскиот водовод во Струга е здравствено безбедна. Извештаите од анализите се испратени до надлежните инспекциски органи за натамошно постапување.“ – велат од ЦЈЗ Охрид.Оттаму...
Вечерва премиера на „Лавиринтот“ на Народен театар Охрид
Post Views: 82 Народен театар Охрид, вечерва со почеток во 20:00 часот ќе ја одигра новата премиера на претставата „Лавиринтот“ од Димо Дешев, во режија на Ѓорѓи Ризески.Во претставата играат Ивица Цонев и Марко Богдановски. Композитор е Алмир Бајрамоски, а во претставата се користат пиротехнички средства, информираат организаторите.Билетите се продаваат по цена од 250 денари.
Ново детско игралиште во населба Рача
Post Views: 58 Уште едно комплетно ново детско игралиште доби Охрид. Во населба Рача завршија активностите за изградба на комплетно ново детско игралиште.Игралиштето е опремено со соодветни детски реквизити и поставена е специјална гумирана подлога.Активностите за изградба се дел од програмата за изградба на урбана опрема на територијата на Општина Охрид.
Едно починато лице и две повредени во пожар на куќа во Требеништа
Post Views: 53 Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во село Требеништа – Општина Дебарца.„При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. “ – информираа од ТППЕ Охрид.Повеќе информации се очекуваат од СВР Охрид.







