Skip to main content

Автор: инфодеск

Конзумацијата на вино во опаѓање

Post Views: 201 Меѓународната организација за вино, соопштила дека конзумацијата на вино во 2013 година опаднала. Спрема нивната анализа, Американците најмногу пијат вино во светот, пред Французите познати по култот за пиење вино. Во 2013 година испиени се 238,7 милиони хектолитри вино, односно 2,5 милиони помалку во однос на 2012 година. Најмногу од испиеното вино е во САД (29 милиони хектолитри), потоа доаѓа Франција (28 милиони), потоа следуваат Германија, Италија и Шпанија, се наведува во соопштението. САД прв пат ја надминаа Франција, земјата на виното, не затоа што...

Продолжи со читање

British Airways започнува со обновливо гориво

Post Views: 263 Лондон наскоро ќе му плаќа на British Airways за згрижување на својот отпад. British Airways од комуналниот отпад ќе произведува млазно гориво за своите авиони. Компанијата најавила дека наскоро со помош на фирмата Solena Fuels ќе почне со производство на обновливо млазно гориво од комунален отпад. Овој вид на гориво е поефтино од конвенционалното млазно гориво, а ќе помогне да се намали отпадот на депониите за ѓубре. Отпадот кој е сортиран за рециклирање ќе се претвора во млазно гориво со помош на две технолошки методи, а од British Airways јавуваат дека...

Продолжи со читање

Пронајден бродот на Колумбо?

Post Views: 334 Американски тим на археолози под водство на Barry Clifford ги фотографирал остатоците на бродот на северниот брег од Хаити, а локацијата одговара на онаа од дневникот на Кристофер Колумбо. Археолозите веруваат дека на северниот брег од Хаити ги пронашле остатоците на легендарниот брод Санта Мариа со кој Колумбо ја открил Америка во 1492 година. “Сите географски податоци, подводната топографија и археолошките докази силно сугерираат дека ова се остатоците на славниот брод на Колумбо“, тврди Barry Clifford. Овој американски подводен истражувач вели дека мораат да...

Продолжи со читање

Алармантно топење на Западен Антарктик

Post Views: 239 Новата студија на научниците на NASA од универзитетот во Калифорнија, открива дека дел од ледената покривка на Западен Антарктик алармантно брзо се топи и дека топењето ја преминало границата, без враќање. Веќе ништо не може да го запре топењето на Антарктик и да го подигне нивото на светските мориња за 1,2 метри. Станува збор за дел на Антарктик на подрачјето на Амундсеново море, истакнува глациологот и главниот автор на студијата, Eric Ringot, од споменатиот универзитет и Jet Propulsion Laboratory на NASA. Студијата на Rigot и неговите колеги ќе биде објавена во...

Продолжи со читање

Од тезга до милијарди

Post Views: 241 Бил продавач на тезга а годинава влегол во листата на најбогати луѓе во Англија, бидејќи во минатата година заработил 695 милиони фунти, пишува Independent. 62 годишниот Chris Dawson своевремено го напуштил училиштето бидејќи не можел добро да чита и пишува. Меѓутоа, почнувајќи од тезга на која продавал часовници за 8,99 фунти, изградил трговско царство – дисконтниот ланец The Range – кој денес вреди 1,28 милијарди фунти, пишува Independent. Dawson првиот Range дисконт го отворил во 1989 година а потоа се проширил и по југоистокот на Англија. Денес поседува 88...

Продолжи со читање

Победа која влегува во историјата на фудбалот

Post Views: 240 Успехот на тимот е поголем ако се знае дека репрезентацијата на Бутан е последна на листата на Фифа и се наоѓа на 209-то место и без освоен бод. Имено, Бутан, држава со само 800.000 жители, го одигра својот прв натпревар во квалификациите за Светско првенство и го доби со 1-0 против репрезентацијата на Шри Ланка. Првиот натпревар Бутан го одиграл во 1982 година, а последната победа ја изборил против Авганистан во 2008 година, но ова е прва победа во квалификации за Светско првенство. “Ова е момент кој го чекав цел живот”, рекол по натпреварот тренерот Dorji, чија...

Продолжи со читање

Facebook влијае на самодовербата

Post Views: 220 Бројни истражувања за најпопуларната мрежа на светот покажале дека може да има големо негативно влијание за некои свои корисници и дека влијае на намалување на нивната самодоверба. Имено, со оглед на тоа дека голем број на луѓе на оваа мрежа објавуваат статуси и фотографии со кои се фалат и покажуваат колку им е добро во животот, односно објавуваат фотографии од излегувања, патувања, дружења и слично, дел од корисниците, гледајќи како нивните пријатели од Facebook добро се проведуваат, сметаат дека водат поприлично досаден живот и дека ништо не им се случува, а...

Продолжи со читање

Русите ги раскараа Црногорците

Post Views: 228 Жирито од политички причини не и дало на Русија ниту еден поен, тврди пратеникот на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ. Тој го обвини црногорското жири дека ги наместило разултатите од гласањето за Евросонг. Радуновиќ повикувајќи се на официјалната интернет страница на Евросонг соопштил дека од политички причини, на песната на Русија, не и бил даден ниеден поен, без оглед на гласањето на гледачите од Црна Гора. „На интернет страницата eurovision.tv потполно транспарентно е прикажан процесот на гласање. Русија добила најмногу гласови од црногорската публика, но...

Продолжи со читање

Војна за привлекување муштерии

Post Views: 233 Доручекот е новото воено поле, на кое рестораните за брза храна во САД се борат за надмоќ на пазарот. McDonalds, Taco Bell и Burger king веќе со недели се тркаат кој ќе има најдобра утринска понуда во своите ресторани. Во најновиот обид да привлечат муштерии во претпладневните часови, ланецот ресторани Burger king, покрај стандардното мени за доручек, ги понудил и своите добро познати бургери како вупер или чизбургер, пренесува агенцијата AP. Меѓутоа уште не е јасно дали станува збор за временски ограничена или постојана понуда. „Најверојатно Burger king се...

Продолжи со читање

Gmail тестира нов дизајн

Post Views: 260 Gmail наскоро би можел да има потполно поинаков изглед од оној на кој сме навикнати. Имено, Google неодамна дозволил на група корисници да го тестираат новиот дизајн на Gmail со некои нови и подобрени опции. На интернет се појавија неколку фотографии на редизајнираниот Gmail на кој се гледа дека има многу промени: воведени се нови опции, а некои од постоечките се префрлени на друго место, како на пример опцијата за пишување на нов мејл која сега се наоѓа во долниот десен агол, објавил Geek.com. На основа на фотографиите, видливо е дека Google направил повеќе...

Продолжи со читање

Којa е Кончита Вурст?

Post Views: 217 Австриската музичка ѕвезда, Кончита Вурст, родена под името Том Нојвирт, моментално се наоѓа на покривот на Европа, по триумфот со баладата “Rise like a Phoenix” за песната на Евровизија одржана на 10 мај во Копенхаген. Министерот за култура на Австрија, Јозеф Остермаер, изразил задоволство што Австрија победила и рекол дека се радува што неговата земја ќе биде домаќин на ова натпреварување идната година. “Првото место на Австрија на Евровизија е голема победа за Кончита Вурст, но и победа по прашањето за толеранција и почит”, порачал министерот. Том Нојвирт пред...

Продолжи со читање

Скандал кај соседите

Post Views: 195 Секретарката на комисијата за хартии од вредност во српската влада го обвинила генералниот секретар дека сексуално ја вознемирувал и се заканувал. Службеничката Л.Ј. обвинувањата за малтретирање од страна на Новак Недиќ, ги доставила до претседателот на таа комисија Зоран Ќировиќ и на останатите членови на тоа тело, јавува Блиц. Таа, непосредно пред седницата на која требало да се разгледува нејзиното разрешување, пратила службен мејл во кој наведува дека од секретарот Недиќ „трпела сериозни облици на мобинг“. Л.Ј. тогаш признала и дека Недиќ „политички лобирал за...

Продолжи со читање