Skip to main content

Автор: инфодеск

Се уредуваат тротоарите на ул „Димитар Влахов“

Post Views: 17 Започна партерно уредување на тротоарските површини на улицата „Димитар Влахов“. Старите бехатонски плочки се заменуваат со камен шкрилец и печатен бетон.„После завршување на градежните активности, улицата ќе добие автентичен охридски изглед. Предвидено е да се уредат тротоарските површини од потегот кај Општина Охрид до пресекот со улица „Македонски просветители“ , односно површина од околу 1600 м2.“ – информира градоначалникот Пецаков.Вредноста на проектот изнесува околу 4 000 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Првата дама сучеше комат со Наташа Неданоска од “Пирустија Неданоски“

Post Views: 16 Првата дама Елизабета Ѓоргиевска денеска сучеше и месеше охридски деликатеси со помош на Наташа Неданоска од „Пирустија Неданоски“ за ранливи граѓани.„Преку македонската национална кујна се поврзуваме со нашите корени, зачувувајќи ги кулинарските богатства што се пренесуваат низ генерации. Комат, кошмишпите, старински бовчи и колач медено срце, беа дел од нашето охридско „мени“, кое со голем мерак го подготвувавме за најранливите сограѓани.“ – објави на Фејсбук Ѓоргиевска.Таа изрази благодараност до инспиративната Наташа Неданоска,...

Продолжи со читање

Прекрасна изведба на претставата „Тоа беше само игра“ на вториот ден од Вдиши театар

Post Views: 18 Дождот не беше пречка за младите талентирани актери од Црвен крст Суботица, на вториот ден од  Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“во магичниот амбиент на црквата Св.Софија, да имаат прекрасен настап и изведба на театарската претстава „Тоа беше само игра“. Тие на сликовит и многу емотивен начин покажаа колку врсничкото насилство преку искажани зборови, постапки, навреди може негативно, па и фатално  да влијае врз личноста, поединецот, но и целата заедница,  упатувајќи силна и јасна порака за меѓусебна толеранција, почитување на...

Продолжи со читање

Дезинсекцијата против возрасни комарци во Охрид се одложува за 20-ти јуни

Post Views: 18 Поради неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата против возрасни комарци која требаше да се спроведе на  12.06.2023 беше прекината и истата се одложува за 20.06.2023 год.Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека на ден   20.06.2023 год. (вторник), екипата на Приматекс ќе спроведат теристичка  дезинсекција (од земја ) со цел уништување на комарците. Дезинсекцијата ќе се врши во период од  23ч- 04.

Продолжи со читање

Утре затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“

Post Views: 18 Од Општина Охрид ги известуваат сите учесници во сообраќајот  дека на  ден  17.06.2023 година (Сабота) ќе се врши асфалтирање на улицата „Марко Цепенков“.Улицата ќе биде затворена за сообраќај  на потегот од кружна крстосница со ул. „Момчило Јорданоски“, до кружна крстосница со ул. „Питу Гули“.

Продолжи со читање

64 годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајка на Македонски просветители

Post Views: 14 На 15.06.2023 во 21.45 часот, во СВР Охрид пријавено e дека на крстосницата помеѓу булеварот „Македонски просветители” и улицата „Даме Груев” во Охрид, М.К.(61) од Република Турција, управувајќи патничко моторно возило „рено” со шведски регистарски ознаки, удрил во С.П.(64) од Охрид, информираат од СВР Охрид.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил С.П., констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо” во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Вејп цигарите не се „здрава“ алтернатива

Post Views: 21 Во контекст на опаѓачкиот пазар на производи од тутун, производителите бараат нови начини за испорака на никотин на начини што се сметаат за помалку штетни. Еден таков систем,  што излезе на пазарот беше IQOS, од Филип Морис Интернешнл. Со загревање на тутунот, производителите тврдат дека се ослободуваат помали количини канцерогени супстанци во споредба со согорувањето на тутунот во традиционалните цигари. Но, експертите тврдат дека тоа не е така. Таканаречените Вејп цигари, се замислени само и само како преодна алтернатива. Како еден транзитивен период, кога...

Продолжи со читање

Бочварски денеска на увид на автопатската делница Охрид-Кичево кај Подмоље

Post Views: 14 Денеска (16.06.2023 година), министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, ќе извршат увид во градежните активности на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид, информираа од кабинетот на министерот.Според најавата министерот попладне ќе даде изјава за медиумите за тоа што го увидел на терен.Во понеделникот на иницијатива на градоначалникот на Охрид беше одржан состанок на кој присутвуваа претставници на локалната самоуправа, хотелиери, угостителски еснаф, туристички оператори и...

Продолжи со читање