Skip to main content

Автор: инфодеск

Охрид пристаниште

Сончево со температура до 18 степени

Post Views: 44 Сончево време денеска во Охрид со максимална дневна температура до 18 степени. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец.Во среда, во Македонија, ќе има повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и северните делови. Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Нов влажен бран се очекува во петок и сабота кога ќе има врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Продолжи со читање

Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид

Post Views: 62 Министерството за здравство во врска со смртниот случај на дете од година и единаесет месеци во Охрид, соопшти дека судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта.Од Министерството вечерва потврдија дека детето утрово било донесено без знаци на живот во Охридската болница.” На Одделот за Анестезија, реанимација и интензивно лекување при ЈЗУ Општа болница Охрид, денеска во 07:12 часот од страна на службата за Итна медицинска помош, донесено е дете од година и единаесет месеци без знаци на живот. Од страна на анестезиолошки тим веднаш е пристапено...

Продолжи со читање

12м3 отпад исфрлија езерските бранови на кејот

Post Views: 78 Нестабилните временски услови кои преовладуваа изминатиов викенд во охридскиот регион, пропратени со силен јужен ветар и интензивни врнежи, предизвикаа наталожување на големи количини реса, трска, муљ и најразновиден тешко разградлив отпад, кои брановите ги исфрлија вдолж градскиот кеј и пристаништето .Оперативните служби на ЈП Охридски комуналец” подигнаа 12 м3 отпад.Од јавното претпријатие посочуваат дека секојдневно се реализираат акции за подигнување кабаст и зелен отпад за ублажување на негативниот импакт кој поединци го оставаат во...

Продолжи со читање

Eнергетската ефикасност во фокусот на Центарот за развој на Југозападен плански регион

Post Views: 45 Енергетската криза ги притисна  општините да размислуваат за обновливи извори на енергија.  Во фокусот на Центарот за развој на Југозападниот плански регион се проектите за подобрување на енергетската ефикасност. Годинава се реконструираа 8 објекти, училишта и општински згради,  а на 6 објекти  се поставија системи за  фотоволтаици.Следната година  проектите на Центарот на Југозападниот регион чинат 1 милион евра, од кои најголем дел повторно се наменети за енергетска ефикасност.„Во 2024 година практично е продолжување на активности со нови проекти...

Продолжи со читање

Небезбедна за пиење водата од градскиот водовод во Струга и селата

Post Views: 46 Поради обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга, евидентно е нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.„Од извршените првични, хемиски анализи на водата за пиење од Градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 06.11.2023 г. констатирана е зголемена вредност на параметарот матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните.„-, информираат од Центар за јавно здравје...

Продолжи со читање

Општа болница

Бебе во тешка здравствена состојба донесено во Општа болница, по реанимацијата била констатирана смрт

Post Views: 30 На 06.11.2023 во 07.44 часот во СВР Охрид, од Медицински центар Охрид било пријавено дека кај нив во тешка здравствена состојба, како резултат на претходни заболувања било донесено едногодишно бебе, кај кое по реанимацијата била констатирана смрт без траги на насилство.„За настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на семејството.“ – информираат од СВР охрид.

Продолжи со читање

Уште еден голем успех на Центарот БОБ – Црвен крст Охрид

Post Views: 39 На VII-от Државен натпревар на учениците кои ја следат Бреинобреин програмата, кој се одржа вчера, (5.11.2023) во Скопје, во конкуренција од 229 натпреварувачи од 9 центри во Македонија, 39  БРЕИНОБРЕИН ГЕНИЈАЛЦИ од Центарот за развивање вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 18 трофеи, 13 златни  и 8 сребрени медаљи, со што  уште еднаш се потврди дека Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид е најуспешен во Македонија.На ПРЕСС средба со учесниците на VII-от државен БРЕИНОБРЕИН натпревар од БОБ-Црвен крст Охрид  центарот ќе бидат ...

Продолжи со читање

Изложба на книги од НОБ и Револуцијата во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Post Views: 47 Во пресрет на празникот 7 Ноември – Денот на ослободувањето на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“, во одделот за издавање, постави изложба од дела посветени на Охрид во НОБ и Револуцијата.Читателите и сите заинтересирани ќе можат да ја видат изложбата секој работен ден од 8 и30 до 18 и 30 часот.

Продолжи со читање