Автор: инфодеск
Post Views: 22 Управниот одбор на ЈП “Билјанини Извори” на состанокот одржан на ден 11. 05. 2023 година донесе Правилник за издавање на картички за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид.Со Правилникот се пропишуваат условите кои треба да ги исполнат барателите на картичките за движење на моторни возила во стариот дел на град Охрид, постапката, начинот на издавање и начинот на функционирање на системот за електронско евидентирање на движењето на моторните возила согласно режимот на сообраќај.Условите кои треба да се се исполнат за да се...
Спасовски во Струга заедно со граѓаните во Отворен кабинет
Post Views: 16 Денеска во Одделението за внатрешни работи во Струга беше реализиран „Отворен кабинет” на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Преку серија посети во кои ќе бидат опфатени сите Сектори за внатрешни работи низ државата, преку непосреден контакт со граѓаните на министерот Спасовски, a во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, намерата е да бидат слушнати предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.„Преку овој проект сакам лично и непосредно да ги слушнам...
Се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023
Post Views: 18 Синоќа пред платото на НУ „Григор Прличев“ се одржа второто издание на Етно фестивалот Охрид 2023. На овогодинешниот фестивал концертна промоција одржа Александар Јовевски за албумот „Од колено на колено“.Заменик градоначалникот Перчо Божиноски, во име на градоначалникот го прогласи за отворен овогодинешниот фестивал.„Ми причинува задоволство што вечерва ја имам можноста да ги поздравам присутните на второто издание на „Етно фестивалот Охрид 2023“. Етно фестивалот, која на еден волжебен начин прави спој на минатото и сегашноста, веќе полека прераснува...
Во април во Охрид издадени 12 одобренија за градење
Post Views: 21 Во април годинава се издадени 330 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика.Во Општина Охрид во април издадени се 12 одобренија за градење. Според видот на инвеститор 8 одобренија се издадени на физичко лице, а 4 на деловен субјект.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите на ниво на државата изнесува 6 841 858 000 денари, што е за 25 проценти повеќе во однос на април претходната година.Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (43,9...
Вработените од УЈП ќе штрајкуваат секој ден од 10 до 12 часот
Post Views: 15 Вработените од Управата за јавни приходи почнувајќи од денеска, секој ден ќе штрајкуваат од 10 до 12 часот, неизвршувајќи ги работните обврски. Најавуваат и генерален штрајк доколку надлежните не ги прифаќаат нивните барања за потпишување на колективниот договор за покачување на платите за 30 отсто.Вработените на УЈП во вторникот излегоа на предупредувачки протест пред министерството за финансии, и побараа средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, но добија одговор во соопштение дека се подготвува општ колективен договор и дека во овој период нема...
Со црногорскиот стратег Радовиќ ФК Воска Спорт ќе дебитира во првата лига
Post Views: 17 Ф.К Воска Спорт по неколкудневни преговори успеа да склучи договор со црногорскиот тренер Миљан Радовиќ. Договорот со црногорскиот стратег е за период од една година.Тренерот Миљан Радовиќ во Ф.Ц.Воска спорт доаѓа со многу багаж како тренер.46-годишниот стратег неодамна раководеше со тимот Дечич во Црна Гора, каде што работеше и со тимовите на ОФК Грбаљ и ФК Сутјеска, додека во 2018 и 2019 година раководеше со екипите од Индонезија, ДСК Шиваџијанс, Пуне и Персиб Бандунг.Радовиќ испиша историја во 2017 година со екипата на Грбаљ, играјќи за прв пат во историјата на...
Македонски државјанин убиен синоќа во Приштина
Post Views: 15 Македонски државјанин е убиен синоќа во Приштина, во престрелка што наликува на пресметка на криминални банди, јави дописникот на МИА од Приштина.Според денешното соопштение на косовската полиција, убиениот бил пронајден во возило со македонски регистерски таблички, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството.– Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Северна Македонија.Надлежни полициски...
ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за издавање на шанкот Жиголо
Post Views: 23 ЈП Градски Пазар Охрид објави Оглас за издавање простор – локација за урбана опрема – покриен шанк за комерцијално користење.Просторот локација за урбана опрема – покриен шанк ќе се издава за времетраење од 01.07.2023 до 31.10.2023 година.За користење на простор од 20 м2 , почетна цена по м2 е 1.500,00 денари или 30.000,00 денари месечно.Отворањето и разгледувањето на пријавите ќе се врши од страна на комисија формирана со решение од страна на директорот на ЈП Градски Пазар во просторија на закуподавачот без присуство на подносителите на пријавите....
