Автор: инфодеск
Post Views: 19 Денеска во Охрид, започнува 22-то издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2023. Од 15-ти до 18-ти јуни, млади уметници од десет држави ќе се натпреваруваат во дисциплините дувачки инструменти и камерна музика. Младите музичари од Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Полска, Романија, Србија, Словенија, Турција и од Северна Македонија, ќе настапуваат во салата на Општина Охрид. Натпреварот е отворен за публика.Стручната комисија е составена од десет членови, врвни уметници и педагози по флејта, кларинет, обоа, саксофон, труба...
Се реконструира повеќенаменско игралиште во Горно Лакочереј
Post Views: 20 Активностите за реконструкција и изградба на детски и повеќенаменски игралишта продолжуваат. Во тек е реконструкција на повеќенаменското игралиште во село Горно Лакочереј.Екипи на ЈП „Градски гробишта“ периодов вршат партерно уредување со бехатон плочки и поставуваат рабници, додека екипи на ЈП „Градски пазар“ се задолжени за монтажата на детските реквизити.Средствата за реализација на овој проект во целост се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
Охридскиот театар со „Несфатената цивилизација” на фестивалот „Војдан Чернодрински”
Post Views: 21 На овогодинашното 57-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински” во Прилеп во официјалната програма учествува и Охридскиот театар со претствата „Несфатената цивилизација” од авторот Добри Војников, во режија на Софија Ристевска Петрушева.Претставата ќе се одигра на сцената на театарот „Војдан Чернодрински” во Прилеп на 15.06 2023 г. (четврток) со почеток во 21.30 минути. Фестивалот се одигрува под мотото „Враќање дома” и на него учествуваат македонските национални театараски ансамбли во натпреварувачка...
Нуркачите на Амфора ќе ја следат состојбата на флората во Охридското Езеро
Post Views: 18 Во организација на Нуркачкиот Центар Амфора од 07 до 09 Јуни се одржа курс за заштита на природата.„Станува збор за специјализиран курс за препознавање на видовите на флората во Охридското Езеро, класификација и заболување. Курсот го водеше SilkeOldorff одделенски менаџер на VDST, и лидер на тимот на стручњаци од NABU (Nature and Biodiversity Conservation Union) од Сојузна Република Германија.“- информираат од Амфора.Курсот успешно го завршија и се сертифицираа седум нуркачи од Амфора.Со ова Нуркачкиот Центар Амфора од Охрид се верифицира...
Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид на ВДИШИ ТЕАТАР
Post Views: 22 Тесен беше просторот во предворјето на црквата Св.Софија да ги собере сите љубители на театарската игра, кои вчера дојдоа да „ВДИШАТ ТЕАТАР“ и бидат дел од отворањето на осмото издание на Аматерскиот театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“, кој како предвесник на охридското културно лето, во организација на Црвен крст Охрид, се реализира од 14-18 јуни во Охрид.Блескав настап на театарската група на Црвен крст Охрид која ја изведе театарската претстава „БАРА“ во режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованка Сион Доленц. Нашите млади, талентирани...
Променливо облачно со врнежи од дожд
Post Views: 15 Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), силен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно и нестабилно со дожд, особено попладне. Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени.ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на циклонска активност до крајот на седмицава во Македонија ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а на...
Градоначaлникот Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија
Post Views: 20 Денеска, градоначaлникот Кирил Пецаков оствари средба со амбасадорот во заминување на Австрија во Македонија, Н.Е. Георг Вуцас. На средбата беше потенцирано дека Охрид негува добри односи со Австрија и амбасадата.Се разговараше за размена на искуства поврзани со УНЕСКО, остварување соработки во повеќе области преку кои би се продлабочиле веќе добрите меѓусебни односи.Градоначалникот го запозна амбасадорот со приоритетните проекти за градот од областа на заштитата на животната средина и дека веќе за нив се изработени проекти со кои може да се аплицира...
СВР Охрид со мерки за безбедност во сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо”
Post Views: 21 СВР Охрид, презема соодветни мерки за безбедно одвивање на денешните и утрешните чествувања на празникот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридски Чудотворец.Со оглед на градежните активности на автопатската делница кон Охрид кои моментно се изведуваат, сообраќајот до манастирот „Св.Еразмо” ќе се одвива по стариот пат Охрид-Струга и кај Подмљје, кон Охрид, ќе биде дозволен пристап со возила до манастирскиот комплекс каде, ќе биде можно паркирање од двете страни на коловозот. Напуштањето на комплексот ќе биде кон Подмољје и потоа по стариот пат...