Skip to main content

Автор: инфодеск

Претставата Бара вечерва го отвора осмото издание на фестивалот „Вдиши Театар“

Post Views: 20 „Вдиши Театар“ по осми пат во Охрид. Во тридневната програма, повеќе од 30 талентирани млади актери аматери од организациите на Црвен крст од Охрид, од Суботица и Црвен крст од Крагуевац, Србија, ќе го покажат својот актерски талент, умешност и креативност.Осма година по ред љубителите на  театарската игра ќе може да уживаат во претставите, кои, годинава, за нив ги подготвија актерите аматери од Охрид, но и од земјите од соседството, во рамки на годинешното издание на на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал, со наслов „Вдиши Театар“....

Продолжи со читање

На 22 јуни Охридски вински фестивал

Post Views: 14 Со почетокот на летото и летната сезона во туристичкиот Бисер на Македонија – Охрид, започнува и второто издание на винскиот фестивал – ” Ohrid Wine Festival”Од 22 Јуни до 24 Јуни на Кеј Македонија, поточно на платото пред Хотел Палас, три дена во Охрид ќе се дегустира убаво вино и храна, надополнета со убава музика и забава за сите генерации.Во деновите кои следат ќе бидат објавени сите учесници, листата на винарии како и музичката програма за второто издание на фестивалот.„По успешното прво издание кое покажа дека Охрид е вистинско место за...

Продолжи со читање

СВР Охрид со посебни безбедносни мерки за Преспа Форумот во Струга

Post Views: 14 СВР Охрид и ОВР Струга, преземаат соодветни безбедносни мерки во пресрет на одржувањето на годишниот Преспа Форум за дијалог 2023 (ПФД-2023) што на 15 и 16 јуни 2023 година, ќе се одржи во Струга. Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на одредени објекти, локации и сообраќајници, каде е предвиден престој и движење на најавените делегации.Денеска од 16 часот на сила ќе биде забраната за паркирање и сообраќај на моторни и други возила на улицата „Партизанска” од кружната крстосница со „Маркс и Енгелс” до „Владо...

Продолжи со читање

Креативно видео од Атлетскиот викенд Охрид трчаТ 

Post Views: 26 Се уште силни се импресиите од 7-то издание на Атлетскиот митинг „Охрид трчат”, што се одржа на почетокот на јуни низ улиците на древниот град.Позитивната енергија што тие ја пренесоа до сите светски меридијани, во филмска магија ја претвори креативниот тим на „Digital Box”, кој изработи видео, во кое, освен детали од спортскиот настан, прикажани се дел од убавините на Охрид, по кои градот со вредно културно и природно наследство заштитено од УНЕСКО, е препознатлив во светот.

Продолжи со читање

Струга подготвена за Преспа Форум дијалогот

Post Views: 12 Струга подготвена за најголемата меѓународна конференција во земјава – Преспа Форум дијалогот. За прв пат градот на мостовите е домаќин на овој голем меѓународен настан, каде ќе присуствуваат стотина високи државници, амбасадори,дипломати,  министри, премиери  од регионот, ЕУ и САД.Уредени патишта, улици, зеленило, цветни површини, расчистени депонии, вака Струга ќе ги пречека високите гости.„Се чисти во целост генералка во градот Струга, се чистат депониите, се прави сообраќајна сигнализација, се средуваат сообраќајните знаци-...

Продолжи со читање

Охриѓанец со пасат се судрил со прилепчанец на мопед во Струга

Post Views: 14 На 13.06.2023 во 12.45 часот, во полициската станица Струга пријавено е дека на ул.„ЈНА„ во Струга се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат” со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(39) од Охрид и мопед со струшки регистарски ознаки, управуван од М.Д.(44) од Прилеп, со место на живеење во Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д. констатирани во Специјална болница “Св.Еразмо” во Охрид.  Увид иззврши увидна екипа од полициската станица Струга.

Продолжи со читање

Санкционирани мотоциклисти за возење без кацига

Post Views: 20 На 13.06.2023 во периодот од 14 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 09 мотоциклисти кои управувале мотоцикл без заштитна кацига-шлем и од сообраќај исклучиле еден мотоциклист кој управувал мотоцикл без возачка дозвола.

Продолжи со читање

Советот на ЕУ препорачува намалување на користењето на антибиотици за 20% до 2030

Post Views: 18 Министрите за здравство на земјите членки на Европската унија вчера на состанок во Луксембург усвоија препорака со која бараат да се поттикне помала потрошувачка на антимикробни лекови, меѓу другото, намалување на потрошувачката на антибиотици за 20% до 2030 година.„Не можеме да ја игнорираме смртоносната закана што микроорганизмите отпорни на лекови ја претставуваат по здравјето на луѓето. Борбата против антимикробната отпорност беше клучен приоритет на шведското претседателство, а денешната препорака им дава на земјите на ЕУ алатки за следење и намалување на...

Продолжи со читање