Skip to main content

Автор: инфодеск

Утре годишен концерт на студиото за танц „Соната” од Охрид

Post Views: 17 После четири години, членовите на студиото за танц „Соната” од Охрид се враќаат онаму каде што припаѓаат – на сцена.Утре, 15-ти јуни го организираат годишниот концерт на кој ќе се претстават сите оние кои изминатиов период напорно работеа и навлегуваа во тајните на класичниот балет, современиот танц, латино танците и хипхопот. Тоа се оние кои изминатиов период тивко, но во исто време гордо го претставуваа Охрид на меѓународни натпревари и секогаш се закитуваа со медали, велат од „Соната.На малата сцена при Центарот за...

Продолжи со читање

МНР апелира на воздржаност од квалификации за нападот врз Б.К од Лабуниште

Post Views: 11 Во врска со вчерашниот напад врз државјанин на Република Северна Македонија, Б.К. од Лабуниште, Министерството за надворешни работи апелира за воздржаност од предвремени квалификации се до целосно расчистување на случајот. Во текот на вечерните часови, со осомниченото лице за нападот, А. Н. од Велешта, бил извршен службен разговор и известен е јавниот обвинител.СВР Охрид вчера информира дека на 13-ти јуни 2023 година, во 12:15 часот, во ОВР Струга пријавено е дека, во близина на спортска сала лоцирана на улицата „Боро Хаџиески“ во Струга, А.Н. од струшкото...

Продолжи со читање

„Паркови и зеленило” ги оплеменуваат зелените површини со цветен расад

Post Views: 16 Екипите на „Паркови и зеленило” започнаа со засадување на цветниот расад на јавните зелени површини во градот и околината.„Јавните зелени површини се оплеменуваат со засадување на цветниот материјал од 40.000 садници (џунџуле,салвија и агератум) од сопствено производство. Овој цветен саден материјал ќе ги разубавува парковите со своите интензивни бои во престојниот период се до наесен.“ – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Засадувањето ќе се одвива етaпно, прво ќе се опфати центарот на градот со градскиот парк, па пешачките патеки до Горица...

Продолжи со читање

Чекор поблиску до слободен меѓународен транспорт во Охридско Езеро

Post Views: 16 Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 160-та седница го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за меѓународен воден транспорт во Охридското Езеро.„Очекуваните влијанија од ратификацијата на Спогодбата, според предлагачот, Министерството за надворешни работи, се позитивни, бидејќи ќе се развијат пријателските односи помеѓу двете земји врз основа на принципот на слободна пловидба во областа на внатрешниот воден сообраќај преку...

Продолжи со читање

Амбасадорката на Црна Гора во посета на Охрид

Post Views: 12  Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора, при вчерашната посета на Охрид оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. Во срдечна атмосфера разговараа на повеќе теми. На средбата беа потврдени добрите односи што Општина Охрид ги негува со збратимените и пријателски градови од Црна Гора, Будва и Котор.Соговорниците се осврнаа и на темите за развој на туризмот и промоција на Охрид како атрактивна туристичка дестинација. Беше разговарано и за зачувување на животната средина, заштита на Студенчишкото Блато и состојбата со Колекторскиот систем на...

Продолжи со читање

Променливо облачно со повремен дожд

Post Views: 15 Променливо облачно време и денеска во Македонија, од пладневните часово на места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно со повремен дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната деневна ќе се искачи до 24 степени.Во македонија и во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен...

Продолжи со читање

ЈП „Билјанини Извори“: Ноторни лаги и манипулации се тврдењата на СДСМ

Post Views: 38 За жал во континуитет од политичката партија СДСМ се покажува непознавање на работата и состојбата на јавното претпријатие, обврските кои ги имаме согласно одлуките на Советот на Општина Охрид и јавниот интерес кој ние согласно одлуки го спроведуваме, реагираат од ЈП „Билајнини Извори“ на соопштението на СДСМ.„Прво, ноторна лага е дека сме ги поскапеле услугите за користење на спортските терени за нашите охридски клубови и школи. Секоја корекција која се направи во однос на користењето на спортската инфраструктура е направена за спортските правни субјекти...

Продолжи со читање

Продолжува изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец

Post Views: 38 Започна втората фаза од изградбата на нова водоводна мрежа во село Лескоец. Изведувач на работните активности е ДООЕЛ „Маркоски“ , а вредноста на вкупниот проект е 1 300 000 денари средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.По завршувањето на сите активности значајно ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето на жителите кои имаа сериозни проблеми со тоа.

Продолжи со читање