Автор: инфодеск
Views: 199 Вечерва започнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“ кој ќе трае од 5 до 9 август во Струга кога ќе бидат прикажани 42 кратки филма. Главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на Поезијата, додека останатите настани се распределени во „ЕУ Хаус Струга“, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“.„„Десет години пловиме… Имавме мирни утра каде што сѐ изгледаше можно, но имавме и бури што нѐ тестираа дали веруваме во она што го создаваме. Секој бран нѐ научи да пловиме подобро, секоја капка слеана во нашето езеро ни даде надеж и го...
На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“
Views: 168 Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф.д-р Александар Трајковски посветена на 100-годишнината од раѓањето на оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ беше промовирана вчеравечер во рамки на фестивалот „Охридско лето“ кој одбележа 66 години од своето постоење, а започна токму на 4 август далечната 1961 година со солистички рецитал на оваа голема уметница, носител на алтовскиот и мецосопранскиот фах.Обраќајќи се на промоцијата, директорот на фестивалот „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека со оваа...
Богата научна и уметничка програма во „Уранија“ во рамките на Научна и уметничка визита 2026
Views: 205 Куќата „Уранија“ во Охрид и ова лето ќе биде домаќин на бројни научни, културни и уметнички настани во рамките на програмата „Научна и уметничка визита 2026“, организирана од Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).Програмата во јули започна со самостојната изложба на мозаици на Ѓорѓи Томовски, проследена со музичка вечер на академик Драган Даутовски. Во текот на месецот ќе се одржат Лингвистичката работилница на ИЦАЛ, Mini policy форумот на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ, како и десеттото издание на Охридската школа на природно...
Холандска вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким на Охридско лето
Views: 279 Виолинистот Ниек Бар и Бен Ким на пијано ќе изведат концерт во охридската црква „Св. Софија“ вечерва во 21 часот, во рамките на Холандската вечер на фестивалот Охридско лето. Тие ќе изведат дела од Сезар Франк, Франсис Пуленк и од Франц Шуберт.Ниек Бар важи за харизматичен и сериозен музичар кој ја одушевува публиката не само во неговата родна земја туку и низ светот, на сцените на Филхармонијата во Берлин, „Концертгебау“ во Амстердам, „Гевандхаус“ во Лајпциг, во Ориенталниот центар во Шангај и во „Гастајг“ во Минхен. Особено значаен настан за неговата кариера е победата на...
Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив
Views: 184 Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе мртви одошто живи ги фрлија во оган. Силата Божја ги зачува неповредени од огнот. Тогаш ги извадија и ги убија со меч. А Господ ги прослави и на земјата и во Своето небесно царство. Чесно пострадаа во Ликија, во 308 година.
УХМР: Сончево и многу топло со мала локална облачност
Views: 175 Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.Минималните температури од 15, а максималните до 33 степени Целзиусови.
Амбасадорот на Казахстан во посета на Општина Охрид
Views: 213 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Казахстан во Земјава, Н. Е. Сатибалди Буршаков.Буршаков доаѓа во прва официјална посета на Охрид. Високиот гостин не го сокри воодушевувањето од охридските природни и историски убавини како и богатата културна програма во лето.На средбата беше најавено отворање на Почесен конзулат на оваа централноазиска држава во Охрид. Двете страни го поздравија и потпишувањето на билатералниот договор за соработка во областа на туризмот меѓу двете...
„Службен пат до Тирана“ од д-р Марјан Патлиџанковски е најдобар расказ на конкурсот „Живко Чинго“
Views: 243 Д-р Марјан Патлиџанковски е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.Д-р Марјан Патлиџанковски е роден на 22 мај 1973 година во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за Македонска и јужнословенска книжевност.Во „Современост“, во броевите 5 од 2004, 2 од 2005 и 4 од 2005 година ги објавил текстовите: „Митолошко-фантастични елементи во ’Тврдоглави‘ и ’Миракули на грозомората‘ од Славко Јаневски“; „Фолклорни демонски...









