Skip to main content

Автор: инфодеск

Скопјанец пукал на улица во Струга

Post Views: 309 ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Б.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки матерјал “.Тој, на 25.02.2022 во хотел на улица „Партизанска“ во Струга испукал неколку куршуми од огнено оружје што нелегално го поседувал – информираат од МВР.

Продолжи со читање

Полициски час во регионот на Одеса

Post Views: 292 Полициски час во регионот на Одеса од утре во 20 часот по локално време до пет часот наутро во понеделник. Ова го соопшти денеска Градскиот совет на Одеса.Според наредбата на началникот на регионалната воена управа на Одеса, Максим Марченко, во тој период ќе биде забрането луѓето да бидат на улиците и на други јавни места без посебно издадени пропусници и сертификати.Одеса е град на брегот на Црното Море во јужниот дел на Украина.

Продолжи со читање

Цените на горивата остануваат исти

Post Views: 351 Мазутот од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,492 денара за килограм. Цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55  отсто.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)...

Продолжи со читање

Почина ракометарот Денис Тот

Post Views: 415 27 годишниот Тот починал денеска претпладне на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ.Тој бил примен во Ургентниот центар во Скопје ноќеска, без срцева акција и без траги на насилство. Според, Маја Мојсова директорка на КАРИЛ, кај пациентот не биле пронајдени активни супстанци при крвни анализи и неговото тело е предадено на судска медицина за понатамошна обдукција.Претходно се појавија информации дека хрватскиот интернационалец бил претепан во ноќен клуб во Скопје, но МВР соопшти дека на КАРИЛ, Тот бил донесен во бесознание,...

Продолжи со читање

Изложба на дела од роднокрајни писатели

Post Views: 327 НУ Градска Библиотека „Григор Прличев“ продолжува со одбележување на родендените на роднокрајните автори.Во април родени се писателите и публицисти: Томе Момировски, Миле Волканоски, Куртиш Демироски- Незир, Боро Ситникоски, Веле Митаноски, Дамјана Видическа, Мишо Јузмески и Ѓоко Чингоски.Изложбата со книги од нивното творештво е поставена на влезот во одделот за зајмување во библиотеката и може да ја погледне секој корисник на услугите на библиотеката. Потсетуваме дека библиотеката за читатели е отворена од понеделник до петок од 8.30 до 18.30....

Продолжи со читање

Саем на книга во Охрид

Post Views: 299 Градската библиотека „Григор Прличев“ ве кани на Саем на книгата.Од понеделник во нашата библиотека Саем на книгата од издавачот Матица македонска. Во просториите на НУ Библиотека „ГригорПрличев“од понеделник до петок ( 11.04 – 15.04 ) 2022 г. Работно време: 11.00 – 17.00ч – информираат од Градската библиотека.

Продолжи со читање

Граѓани се жалат на нечистота пред нивниот дом

Post Views: 727 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од наши сограѓани кои живеат во социјална зграда во Охрид. Се жалат на галама, тропање и голема нечистота која ја прават лица што живеат во истата зграда на приземје. Еве што велат жителите:Станот се наоѓа на приземје во социјалната зграда. Сопственикот има 7-8 деца и секојдневно се соочуваме со големи проблеми. Галама, тропање по цел ден дури и навечер до 3-4 часот. Не можеме да одмориме ни од работа, а некои работиме и 3-та смена. Собираат секакви отпадоци, железа, пластични шишиња и други работи....

Продолжи со читање

Охрид старее и се празни

Post Views: 357 Резултатите од пописот покажаа дека во Охрид најголемо намалување има на младата популација. Во пописот направен лани најголемиот број на население припаѓа на возрасната група од 60-64 години, односно 3.929 лица, а веднаш зад оваа категорија е возрасната група од 65-69 години, односно 3.719 лица.За споредба, на пописот од 2002 година најбројна била возрасната група од 20-24 години, односно 4.501 лице, за разлика од 2021 година кога оваа возрасна категорија е преполовена, т.е. брои 2.632 лица.Причината е иселувањето кое се должи на економските...

Продолжи со читање

Казнети 17 пешаци во Охрид

Post Views: 264 На 06.04.2022 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон пешаците како учесници во сообраќајот.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 41 пешак кои извршиле небезбедно преминување на улица и преминале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-17,  Струга-19, Кичево-04, Дебар-01). Контролите на пешаците во сообраќајот ќе бидат интензивирани и во наредниот период, а целта е задолжително и доследно почитување на законската обврска за користење на пешачките премини при премин...

Продолжи со читање

Стружанец пронајден во бессознание во своето возило

Post Views: 223 На 06.04.2022 година околу 22.30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, во своето возило „Фолксваген Кеди”, во бессознание пронајден е Т.С.(49) од Струга, а при преглед во возилото, пронајден е шприц со остатоци од течност.Со интервенција на екипа на Итната медицинска помош од Охрид тој е пренесен во медицинска установа за укажување на лекарска помош – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Меѓународен ден на ромите

Post Views: 286 Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод 8-ми април, Меѓународниот ден на ромите упати честитка до припадниците на ромската заедница.Со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и личен развој Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на ромите. Овој значаен празник е уште еден показател дека толеранцијата и почитувањето на различностите се основа за градење на соживот и заеднички напредок. Со својата традиција и уникатните културни специфики, ромите се важен дел од мултиетничкиот мозаик на нашата татковина и даваат несебичен придонес...

Продолжи со читање

Џони Деп и Биковиќ заедно во „Јужен ветар“

Post Views: 438 Познатиот холивудски актер Џони Деп наводно ќе се приклучи на српскиот акционен трилер „Јужен ветар“ во режија на Милош Аврамовиќ.Како што пренесуваат медиумите, преговорите за ангажманот на Деп започнале уште во октомври, за време на неговиот престој во Белград.„Џони ги запозна актерите и режисерот кога минатиот октомври во Србија го промовираше анимираниот филм „Пафини“, кој беше снимен кај нас. Тогаш Биковиќ и Аврамовиќ му кажале дека би сакале да го видат во продолжението на „Јужен ветер“. Деп одговорил дека е многу заинтересиран, но дека прво мора да...

Продолжи со читање