Автор: инфодеск
Post Views: 13 Денеска во Општина Охрид, на барање на градоначалникот Кирил Пецаков, се одржа состанок во врска со затворањето за сообраќај на патот Подмоље – Охрид и пренасочување на сообраќајот по стариот пат Охрид – Струга. На состанокот присуствуваа претставници од СВР Охрид, ХОТАМ, туристички работници, угостителски еснаф и претставници на службите од Локалната самоуправа.Присутните на состанокот потпишаа Барање до Владата и Министерството за транспорт и врски за одложување на градежните зафати до септември.Во продолжение Барањето во...
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се отвори влезот во Охрид
Post Views: 15 Владата, министерството за транспорт и останатите надлежни институции, во очи на летната сезона донесоа скандалозна одлука за затварање на патниот правец Подмоље-Охрид, изјави на прес-конференција во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Грација Бакраческа.Оваа срамна одлука ќе предизвика големи проблеми за локалното население, туристите и другите патници кои ќе транзитираат во овој регион и ќе има негативен ефект врз туризмот, кој што е еден од главните двигатели на овој регион, рече Бакраческа.„Затворање на главната артерија, поточно влезот на Охрид...
НАТО ја започнува најголемата вежба во историјата Air Defender 23
Post Views: 13 НАТО ја започнува најголемата вежба во историјата на алијансата за распоредување на воздухопловните сили во Европа како знак на солидарност кон партнерите и потенцијалните закани како Русија.Вежбата Air Defender 23, предводена од Германија, ќе трае до 23 јуни и ќе вклучува околу 250 воени авиони од 25 земји на НАТО и партнери, вклучувајќи ги Јапонија и Шведска, кои аплицираа за приклучување кон алијансата.10.000 луѓе ќе учествуваат во вежби дизајнирани за зајакнување на интероперабилноста и подготвеноста за заштита од беспилотни летала и крстаречки ракети...
Пронајдени куршуми во домот на 63 годишен охриѓанец
Post Views: 10 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 годишен жител на Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 33 куршуми калибар 7,9 милиметри кои нелегално ги поседувал, информираат од СВР Охрид.
Глоби за угостителски објекти во Охрид поради присуство на малолетници по полноќ
Post Views: 16 На 11.05.2023 во периодот од 00.50 до 02,20 часот, при извршени контроли во угостителски објекти во Охрид, полициските службеници во два објекти затекнале 15 малолетни лица на кои им било овозможено присуство по 24 часот.„По целосно документирање на случаите, против правните субјекти ќе бидат поднесени пријави според член 21 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде е предвидена глоба од 2000 евра во денарска противвредност.“ – информираат од СВР Охрид.
Почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони
Post Views: 14 Поранешниот премиер на Италија и медиумски магнат, Силвио Берлускони, почина на 86 години, јави Ројтерс.Берлускони боледувал од леукемија „подолго време“ и неодамна добил инфекција на белите дробови.Партијата Форца Италија на Берлускони е дел од десничарската коалиција на премиерката Џорџа Мелони, и иако тој самиот немаше улога во владата, неговата смрт најверојатно ќе ја дестабилизира италијанската политика во наредните месеци. Берлускони го искористи своето богатство и медиумската моќ за да се вклучи во политиката во 1994 година и беше премиер на Италија од...
Во петок во Shilla јубилејни поетски читања „Имам нешто да ти кажам“
Post Views: 25 Проектот Имам нешто да ти кажам на Културолошка иницијативата 5 до 12 одбележува 5 годишен јубилеј. 5 години многу автори имаа нешто да кажат на поетските читања во Shilla coffee & bar. По тој повод на 16.06.2023г во петок ќе се одржат јубилејни читања со почеток во 20 часот.„Почитувани дами и господа, пријатели и љубители на пишаниот збор, по некое време пауза, ве покануваме на јубилејно издание на поетското читање ИМАМ НЕШТО ДА ТИ КАЖАМ, повод 5 години од запчнувањето на овој настан. Ве очекуваме заедно да го прославиме овој јубилеј, ве...
СДСМ: ЈП „Билјанини Извори“ рекордер во покачување на цените на услугите
Post Views: 16 ЈП „Билјанини Извори“ по се изгледа го добива трофејот за рекордер во покачување на цените на услугите помеѓу јавните претпријатија, иако конкуренцијата е навистина силна. Речиси и да не постои седница на Советот на Општина Охрид, а да не биде запоседната од барањата и досетливите идеи на менаџерскиот тим на ЈП „Билјанини Извори“ , реагираат од ОО на СДСМ Охрид.„Мнозинствотото во Советотот континуирано носеше одлуки во корист на ова јавно претпријатие, а на штета на охриѓани, сметајќи го народот за при очи слеп, а при уши глув. Се започна со зголемување на...