Skip to main content

Автор: инфодеск

Уште една успешна работилница за Граѓанска наука во Национален парк Галичица

Post Views: 19 Успешно реализирана 4-тата работилница за Граѓанска наука Национален парк Галичица во рамки на проектот Натура 2000. Процесот на Граѓанска наука активно се спроведува неколку месеци во Национален парк Галичица, а бројот на активни волонтери постојано се зголемува.“Бројката на активни волонтери ги надмина нашите очекувања, што е доказ дека навистина можеме заеднички да придонесеме кон подобро управување во НП Галичица.“– велат од НУНП Галичица.Со теренски активности, во присуство на експерти се истражува одреден локалитет во НП...

Продолжи со читање

БОБ-Црвен крст Охрид одбележа 20 годишен јубилеј на Бреинобреин програмата

Post Views: 16 Со Brainobrain WALKATHON прошетка-пешачење со причина и под мотото ЗА ПОЗИТИВНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА Центарот за равивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид го одбележа 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата во светски рамки.Промовирање на здрави животни навики, физичка активност, здрава храна, силни хумани пораки, од насмеаните лица на нашите Бреинобреин генијалци кои во моментов ја следат БОБ програмата во Црвен крст Охрид, заедно со оние кои успешно ги завршиле сите 10 нивоа од оваа програма, но и потенцијалните Бреинобреин...

Продолжи со читање

Променливо облачно со врнежи од дожд

Post Views: 14 Времето денеска во Македонија променливо облачно, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (и над 20 л/м²), силен ветер и изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со дожд и грмежи. Утринската температура до 13 степени, а максималната ќе се искачи до 22 степени.Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во следните денови времето ќе биде променливо...

Продолжи со читање

Почина претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Дарко Димовски

Post Views: 34 По кусо боледување, нa 45 годишна возраст, почина Дарко Димовски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), соопшти Синдикатот.„Со жалење информираме дека по кратко боледување почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски. Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија. Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство“, објавија од ССМ.Димовски е претседател на ССМ од...

Продолжи со читање

Расте бројот на млади кои се соочуваат со депресија и анксиозност

Post Views: 16 Расте бројот на млади,  кои се жалат на депресија и анксиозност. Бројките се аларманти,  секој трет адолесцент има симптоми на депресија.Пандемијата пропратена со социјална изолација, несигурност и грижи остави сериозни последици врз здравјето на младите.  Интернетот и социјалните мрежи дополнително  влијаат на зголемувањето на менталните болести кај адолесцентите, сметаат психолозите.„Она што се пласира на фејсбук, на Инстаграм, брза заработувачка различни коуч лајф мотивациони говорници кои што делуваат во...

Продолжи со читање

Ден на Рисот- бајрактарот меѓу видовите, кој го има на Галичица, е екстремно загрозен

Post Views: 21 Најголемата мачка на Балканот, според Црвената листа на IUCN, е екстремно загрозено животно. Според Црвената листа на загрозени видови на IUCN, балканскиот рис ((Lynx lynx balcanicus)) е екстремно загрозено животно, бидејќи во дивината има помалку од 50 зрели единки.Во Македонија, застапен е во западниот дел: јужните падини на Шара, Бистра, Кораб, Дешат, Стогово, Караорман, Илинско-Плакенска планина, Јабланица, Јакупица, Галичица (фотографиран во 2020 година, првпат по неколку децении) и во областа Јасен (Караџица и Сува Гора) и веројатно Пелистер (последната...

Продолжи со читање

Облачно време, попладне дожд и температура до 24 степени

Post Views: 16 Денес во Македонија претпладне променливо облачно време со појава на краткотраен дожд, а од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови од земјата.Во Охрид променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно со дожд. Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна до 24 степени.ВРЕМЕТО ВО...

Продолжи со читање

Најдобрите од генерацијата 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“

Post Views: 18 Лео Нелоски е првенец на генерација 2022/2023 во ОУ „Григор Прличев“ – Охрид. Со своето знаење, труд и успеси генерацијата ја одбележаа и Теона Талевска, Ивана Секулоска, Ема Чепуњоска и Иво Георгиески. Тие се пофалени за континуиран одличен успех, афирмација на училиштето во наставните и воннаставните активности и активно организирање и учество во проекти во и надвор од училиштето.„Неуморно го претставуваа своето училиште во државата и надвор од нејзините граници, најупорните кога се работи за постојано надоградување и обучување и најсилните кога се...

Продолжи со читање