Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес стартува најскапото и најсилно Светско првенство во ракомет

Post Views: 330 Светското првенство започнува денес со натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бразил во 18.30 часот. На првенството ќе настапат 24 репрезентации од целиот свет, при што 15 се од Европа. Интересно е тоа што Меѓународната ракометна федерација за ова првенство прати и три покани а ги добија Германија, Исланд и Саудијска Арабија. Мнозинството експерти се сложува дека ова ќе биде едно од најизедначените и најквалитетни првенства досега. Репрезентациите се поделени во 4 групи по 6 екипи. И овој пат нема втор круг на натпреварување по групи, туку четирите најдобри во...

Продолжи со читање

Facebook купува уште една голема компанија

Post Views: 197 По купувањето на 19 милијарди долари тешката „WhatsApp”, Facebook објавил дека ќе потроши уште 2 милијарди долари, како би ја купил и, само две години старата компанија, Oculus, која произведува очила за виртуелни игри. Аналитичарите истакнуваат дека купувањето на Oculus претставува голем чекор кој Facebook го превзема во очекување на идните технолошки промени, во време кога потрошувачите се повеќе, наместо персонални компјутери се вртат кон паметните телефони. Многумина во индустријата веруваат дека преносните уреди претставуваат следна голема платформа на која...

Продолжи со читање

По четири месеци истрагата е завршена

Post Views: 190 Истрагата која траеше четири месеци, конечно открива кои се причините за смртта на славниот Пол Вокер. Познатиот актер починал од последица на брзо и несигурно возење, а не поради неисправен автомобил како што на почеток се верувало. Поршето GT со кое управувал пријателот на Пол Вокер било во исправна состојба и немало никакви оштетувања. Причината за несреќата била пребрзо возење во населено место каде ограничувањето било 45 миљи на час, додека пријателот на Пол возел помеѓу 81 и 94 миљи на час. Возилото изгубило контрола и се забило во дрво, пишува US Weekly....

Продолжи со читање

Опасен, а го има во сите козметички производи

Post Views: 207 Во последно време сите кажуваат за штетноста од долготрајна изложеност на „парабен“, и потребата луѓето и козметичката индустрија да го користат што е можно помалку. Кога зборуваме за парабенот и неговата првобитна употреба, тој спаѓа во категоријата средства за конзервирање, а неговата задача е да спречи расипување и развој на микроорганизми, бактерии и габи. Секојдневно сме изложени на оваа супстанца, но тоа ретко го приметуваме. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека жената на себе дневно нанесува 515 хемикалии содржани во дезодоранси, креми...

Продолжи со читање

Уште еден инцидент на малезиски авион

Post Views: 193 Авион на малезиската авиокомпанија “Malindo Air” денес морал да се врати на аеродромот од каде што полетал бидејќи му се запалил еден од моторите. Во соопштението на нискобуџетната компанијата, основана само пред една година, се наведува дека авионот сепак безбедно се приземјил и дека никој не е повреден, пренесува агенцијата АР. Авионот полетал од аеродромот Субанг во близина на Куала Лумпур и требало да слета во градот Теренган на источниот брег на Малезија. Пред две недели од радарите исчезна авионот на Малезија Ерлајнс со 239 патници и членови на екипажот, за...

Продолжи со читање

Закана за безбедноста на цивилната авијација

Post Views: 219 Поради тоа што кабинскиот персонал останува во авионите, министерството за надворешни работи на Русија издало соопштение во кое стои дека украинските цариници им забрануваат на екипажите на Аерофлот да ги напуштаат авионите, пренесува агенцијата АР. Министерството истакнува дека таа одлука на властите во Киев претставува кршење на меѓународните закони и „закана за безбедноста на цивилната авијација“, затоа што на екипажите им е оневозможено да се одморат помеѓу летовите. Министерството за надворешни работи наведува дека Москва два пати пратила протестна нота до...

Продолжи со читање

Мобилни генератори за Крим

Post Views: 218 Симферопол – Русија упатила мобилни генератори на Крим, чие снабдување со електрична енергија и понатаму зависи од Украина. Повеќе од 1400 мобилни генератори се веќе поставени во таа област”, рекол рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков за време на посетата на главниот град на Крим, каде бил во посета на кримските пожарникари на свеченоста по повод припојувањето на областа со Русија. Москва, како што рекол, упатила додатни генератори за струја за да го осигура континуитетот на функционирање на јавните институции на Крим, и покрај моменталните...

Продолжи со читање

Тојота „i-Road” на улиците на Токио

Post Views: 225 Тојота ги започна првите јавни тестирања, на својот ултра компактен „i-Road” електрично градско возило на три тркала, за да дознаат како ќе се однесува нивното футуристичко возило во секојдневните услови по улиците на Токио. Десет возила ќе крстарат во главниот град на Јапонија од 24 март до почетокот на јуни, а зад воланот ќе се најдат експерти и општата јавност за да се добие што попрецизна слика за производот. Возилата се базираат на концептот кој е прикажан на минатогодишниот саем во Токио, пропратен со новитетите кои ја подобруваат прегледноста, управувањето...

Продолжи со читање

И Nike го почести Роналдо за Златната топка

Post Views: 314 Откако ја освои третата Златна топка, Кристијано Роналдо добил награда и од Nike – копачки украсени со микродијаманти кои досега не ги има никој добиено. Најдобриот фудбалер на денешницата и славниот манекен на Nike, Кристијано Роналдо, на почетокот од годината доби уште едно признание за своите бројни успеси и тоа во прилично екстравагантен облик. Имено, Nike за својата најголема фудбалска ѕвезда дизајнирал посебни копачки Mercurial CR7 Rare Gold украсени, ни повеќе ни помалку туку со микродијаманти! Славниот Португалец така стана првиот сопственик на копачки со...

Продолжи со читање

Google го менува светот

Post Views: 218 Larry Page неодамна на TED конференцијата објаснил некои од начините кои неговата компанија сака да го подобри светот. Google моментално е една од најмоќните компании на светот, а нејзиниот извршен директор Larry Page верува дека тие можат да ја искористат моќта и парите кои ги имаат за да го променат светот. Page на неодамнешната конференција зборувал за начините на кои неговата компанија ќе ги подобри условите за живот на земјите во развој, но и земјите како што е САД. Една од првите и најважни работи која ќе ја направел Google е да овозможи едноставен пристап...

Продолжи со читање

Откриена планета за живот

Post Views: 260 Потрагата по вонземски живот добива нови ветришта в грб по откритието на еден научник кој открил планета голема скоро колку Земјата, пишува Daily Mail. Астрономот Томас Баркли од истражувачкиот центар на NASA во Калифорнија дошол до ново откритие со помош на податоците кои ги собира вселенскиот телескоп Кеплер. Неименуваната планета е откриена како орбитира околу неидентификувана ѕвезда во таканаречената „златокоса зона“ – во прашање е регион околу ѕвезда која емитува доволно енергија, светло и температура за постоење на вода на планетата потребна за...

Продолжи со читање

Воз влетал во подвижни скали

Post Views: 229 Несреќата се случила околу 3 часот наутро по локално време во подземната железница во близина на интернационалниот аеродром во Чикаго. Увидот е во тек и не се знае што е причината за несреќата. Еден од сведоците на лице место изјавил, за ТВ мрежата “5 NBC„ дека возот воопшто не успорил кога влегол во станицата. „Настана општ хаос, луѓето беа преплашени, пробувајќи да сфатат што се случи“, рекол тој. Како што наведуваат американските медиуми, за среќа никој од повредените немал тешки повреди. Како што пренесуваат медиумите, не се знае дали причината е некој...

Продолжи со читање