Автор: инфодеск
Post Views: 43 Министерството за здравство (МЗ) информира дека неделава почнува вакцинацијата против сезонски грип. Во државата се пристигнати 60 000 дози четиритипни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.Според МЗ, граѓаните од ризичните групи кои се пријавиле за вакцинација преку веб страницата vakcinacija.mk, во следните денови преку смс порака ќе добијат известување за точниот датум, час и место за вакцинирање.Со бесплатната вакцинација ќе бидат опфатени: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени...
Охрид го чествува Денот на Македонската револуционерна борба
Post Views: 35 Делегација на Општина Охрид предводена од секретарот Александар Китески се поклони и положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк, по повод 23-ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Цвеќе положија и охридските пратеници во Собранието на Р. Македонија, делегација од Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца и останати претставници од политичкиот и општествениот живот во градов.
Битката на урбаното зеленило со бетонот
Post Views: 47 Градското зелинило ја губи битката со бетонот. Четири години по донесувањето на Законот за урбано зеленило кој предвиде 25 м2 зелени површини по жител, Охрид не е ни приближно до законската норма. Охрид треба да има приближно 1.2 милиони квадратни метри зеленило, но реалната состојба е 80.000.м2, од кои 50.000 моментално се одржуваат. Се поставува прашањето зошто не се спроведува законот. Јани Макрадули, Помошник во изработка на Стратегијата за развој на зеленило на Општина Охрид (2023 до 2032), вели исполнувањето на одредбите од законот бара големи...
Денеска ќе биде погребан Никола Матлиески Пашата, поранешен градоначалник на Охрид
Post Views: 55 На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник на Охрид, Никола Матлиески – Пашата.Матлиески почина во саботата на 89 години. Тој беше градоначалник и го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година. Воедно Матлиески е познат и како успешен бизнисмен и стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и низ светот.Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот.
Две златни плакети освои Томе Љушев – Шпанец за документарецот „Трпејца на дланка“
Post Views: 53 На 52. Државен фестивал на аматерски филм, кој се одржа во Кочани, Томе Љушев – Шпанец освои две Златни плакети за Документарен филм и за монтажа.Лани на Фестивалот на аматерски документарен филм „Камера 300“ во Битола Љушев се закити со меѓународната плакета на УНИКА.Филмот е работен по сценарио и со нарација на Милчо Јованоски и претставува репортажа за Трпејца, животот и наследството, минатото и сегашноста.Премиерно филмот беше прикажан пред две години на деветото издание на културно – забавното лето НА ЗАЈДИСОНЦЕ во организација...
23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
Post Views: 58 Македонија денеска го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево –...
Стабилно и релативно топло време до четврток
Post Views: 34 Денеска во Охрид сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура до 22 степени.Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и во четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во петок.фото: Ѓоко Симјаноски
Свечена академија по повод 23 октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба
Post Views: 50 Со свечена академија, синоќа во големата сала на Општина Охрид, одбележан беше 23 октомври – Денот на Македонската револуцинерна борба. На големиот јубилеј, 130 години од основањето на ВМРО, присуствуваа голем број граѓани, советници и пратеници во македонскиот парламент.Честитајќи го големиот празник, пред присутните се обрати градначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Кога би можеле барем за миг да се најдеме во книжарницата на Иван Хаџи Николов во Солун пред точно 130 години, веројатно би помислиле дека гледаме група наивни идеалисти, кои се...







