Автор: инфодеск
Post Views: 211 Европскиот производител на авиони Airbus добил нарачка од 2,75 милијарди евра од нискобуџетната авиокомпанија Tiger Airways Holdings од Сингапур. Компанијата нарачала 37 авиони А320, од кои девет ќе бидат испорачани на Singapur Airlines оваа година и во 2015, а останатите помеѓу 2015 и 2018 година. Singapur Airlines има 40% сопственост во нискобуџетната компанија. А320 е најпродаваниот авион по Боинг 737. Airbus, со седиште во Тулуз, соопштил кон крајот на февруари дека рекордната побарувачка на нивните авиони довела до пораст на продажбата и профитот на...
Пензии за проститутките
Post Views: 217 Од 1 април сите проститутки мораат да бидат пријавени во сојузното министерство за финансии. Ова е уредба која министерството за финансии на Австрија ја донело на почетокот од годинава, барајќи од сопствениците на јавните куќи во државата да ги пријават работничките и напоменуваат дека оданочувањето мора да биде во склад со “реалниот промет”. Во Австрија работат илјадници проститутки, само во Виена ги има повеќе од 3400 пријавени кои имаат право да ја работат таа работа. За бројката на илегални можело само да се претпостави. Конечната цел на државата е...
Кој и што губи од санкциите спрема Русија
Post Views: 211 Велика Британија Санкциите спрема Русија би го довеле во криза славниот City, кој произведува 40% од британскиот БДП. Во црно ќе се завијат и недвижнините во Лондон и околината, а восокото образование би добило тежок удар иамјќи го во предвид бројот на руски ученици кои плаќаат високи сметки за школарина. Франција Ќе изгуби договор вреден неколку милијарди евра за производство на воени бродови и вооружување. Исто така на колена би се нашла и автомобилската индустрија бидејќи во Русија се прават преку милион автомобили годишно а нафтениот гигант Тотал има вложено...
Можно ли е Мурињо ова да му го кажал на судијата?
Post Views: 281 Харизматичниот португалски фудбалски експерт ја обвини судиската организација дека води кампања против Челзи, а англиските медиуми денес отидоа чекор понатаму. Мурињо за време на средбата против Тотенхем, која Челзи ја изгуби со 5-3, беше незадоволен од судењето на Фил Дауд, кој во еден момент му порачал: ”Ти си предебел за да судиш вакви натпревари. Би требало да одиш во пензија. Нас нѐ чиниш бодови”. Хозе Мурињо веќе беше казнуван од страна на Англискиот фудбалски сојуз поради реченицата дека се води кампања против Челзи. Доколку се појават доволно цврсти докази...
Млади луѓе со идеја за бизнис.
Post Views: 199 Дошле до идеја да основаат туристички сервис за да им олесни на луѓето да најдат сместување во било која земја во светот. Двајцата пријатели, Брајан Чешки и Џо Геби, во 2008 година не ни сонувале дека еден ден нивната компанија ќе вреди 10 милијарди долари. Airbnb (Air, Bed&Breakfast) пред неколку години стартуваше како компанија основана од двајцата пријатели и страницата била позната само на потесната заедница од силициумската долина. Airbnb е наменета за луѓе кои сакаат да ги изнајмат или да ги закупат недвижнините ширум светот. Во понудата не спаѓаат...
Нема пречки за обединување
Post Views: 213 “За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово. Рама оценил дека национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија. “Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама. Албанскиот премиер...
Првата порака на Путин на Твитер
Post Views: 212 На социјалната мрежа Твитер неодамна е овозможено прегледување на првите пораки на сите корисници. Еве на кого му ја посветил својата прва порака претседателот Путин. Не требаше многу некој да се сети да го прегледа профилот на рускиот претседател Владимир Путин чиј прв твит објавен на неговиот службен профил на англиски јазик, денес делува многу иронично. Владимир Путин својот прв твит го упатил ни малку ни повеќе туку на американскиот претседател Барак Обама. “Му честитам на избраниот претседател на САД, Барак Обама”, стои на првиот твит од претседателот Путин...
Венеција држава
Post Views: 241 Граѓаните на Венеција и околните региони гласале по електронски пат за отцепување од остатокот на Италија и формирање на сопствена држава. За, биле 89% од гласачите. Повеќе од два милиони жители на регионот Венето, учествувале во целонеделното гласање, а 89% од нив се изјасниле за независност од Италија. Електронското гласање, кои го организирале локалните партии, не е законски обврзувачко, но има за цел да ја процени поддршката кога би имало референдум. На социјалната мрежа Твитер се развила остра дискусија помеѓу приврзаниците за отцепување и Италијаните кои ова...
Немал претстава што открил
Post Views: 251 Трговец со старо железо помеѓу старудиите на еден пазар за стари работи, некаде во Америка, здогледал златно јајце и веднаш препознал прилика дека нешто ќе заработи. Но не ни сонувал колкав профит ќе му донесе предметот кој го платил 13.300 долари. Бидејќи не успеал да го препродаде го однесол на проценка и сфатил дека станал сопственик на Фабержеово јајце, вредно 33 милиони долари. Експертот кој ја потврдил автентичноста на украсното јајце вели дека целата приказна го потсетува на Индијана Џонс кога го пронашол изгубениот ковчег. Станува збор за третото од...
Нови детали за Боингот 777 на Малезија Ерлајнс
Post Views: 221 Спрема најновите информации, малезиската државјанка Raja Delalah Raja Latife тврди дека го видела авионот во морето додека летала над Индискиот океан, во 2 часот попладне на 8-ми март – неколку часа откако исчесзнал. Била толку сигурна во тоа што го видела, што истиот ден поднесла службена пријава на полицијата, полни пет дена пред да се прошири истрагата и на реонот кој го посочила Latife околу островот Андаман. Во меѓувреме се изнесени нови детали кои можат да помогнат во расветлувањето за судбината на 239 патници и членови на екипажот. Денес на конференција...
По 20 години од смртта, објавени фотографии
Post Views: 209 Како што се приближува годишнината од смртта на фронтменот на Нирвана, Курт Кобејн, полицијата повторно го отворила случајот затоа што претпоставувале дека обожавателите ќе поставуваат прашања. Курт Кобејн се самоубил на 8 април 1994 година така што си пукал во главата. Полицијата од Сиетл го отворила досието со докази и фотографии, но заклучиле дека нема нови информации за неговото самоубиство. Од досието објавиле само две фотографии од местото на самоубиството. На една од нив е кутија за прибор за конзумирање дрога, лажица, нешто што личи на игла, половина...
Видео: Собирач на топки му помогна на голманот да одбрани пенал
Post Views: 247 Австралијците по влегувањето во азијската фудбалска федерација како придружен член добија право да го организираат и своето прво Азијско првенство. Од групата Б пристигна занимливост од натпреварот помеѓу Кина и Саудијска Арабија кој Кинезите го добија со 1-0. Кинескиот голман Wang Dalei беше човекот на одлука бидејќи го одбрани пеналот, но имаше и помагач. 12 годишниот собирач на топки Stephen White имал мала конверзанција со кинескиот голман пред пеналот и му покажал да се фрли на левата страна. Dalei тоа го испратил со насмевка, но навистина се фрли на таа...