Skip to main content

Автор: инфодеск

Марихуана

Приведени две лица на ул.,,7 Ноември“ кај кои била пронајдена марихуана

Post Views: 29 На 19.10.2023 во 16.40 часот на ул.,,7 Ноември“во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишно лице од с.Велгошти, охридско и 43 годишно лице од Охрид.– При преглед во возилото „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувало лицето од Велгошти, била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, марихуана била пронајдена и кај сопатникот од Охрид. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Јавен увид на урбанистички проект за изградба на фото напонски панели во Лескоец

Post Views: 48 Општина Охрид организра Јавен увид по урбанистички проект вон опфат на УП за изградба на фото напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште и пристапен пат на КП 333/2 и делови од КП 332 и КП 333/1, КО ЛЕСКОЕЦ, ОПШТИНА ОХРИД, со 185/22 изработен од РЕСУРС ЛТДИ д.о.о.е.л.Површината на проектниот опфат изнесува 2,111 ха. Урбанистичкиот проект вон опфат на УП за изградба на фото напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште и пристапен пат на КП 333/2 и делови од КП 332 и КП 333/1, КО...

Продолжи со читање

23 Oktomvri

Започнува одбележувањето на 23ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Post Views: 48 Општина Охрид со низа настани и свечености ќе го одбележи 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба и јубилејот 130 години од формирањето на Македонската револуционерна организација.Денеска, со почеток во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи промоција на книгата „За македонистиката отворено“ од проф. д-р Димитар Пандев и Свето Стаменов. Промотор ќе биде доц. д-р Бобан Карапејовски.Вечерва, од 19:00 часот, во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи свеченост по повод 23-ти Октомври, во рамки на која обраќање ќе има...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 25 степени

Post Views: 34 Денеска во Охрид времето ќе биде сончево со умерена облачност и потопло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 25 степени.Во Македонија следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и потопло. Во сабота ќе дува засилен јужен ветер, а во текот на ноќта кон недела ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Дневен центар Радост

Поради административни пречки може да пропадне проектот за Дневен центар во Охрид

Post Views: 151 Доколку до крајот на октомври не завршат сите административни процедури, ќе пропадне сонот за отворање на Дневен центар за децата со посебни потреби. Ќе пропаднат и обезбедените средства за негово опремување во просториите на поранешната касарна.Проектот е на општина Охрид и здружението Вопс , но настанаа административни проблеми околу просторот.  Општината го отстапи, но проблемот се јавил поради тоа што државата претходно го дала на користење просторот на општината.„Проектот ни беше одобрен и договор се потпиша во декември со министерството,...

Продолжи со читање

Контејнер електрицен отпад Охрид

Поставени 10 контејнери за електричен отпад на територијата на Општина Охрид

Post Views: 60 Поставени 10 контејнери за електричен и електронски отпад и отпадни батерии на територијата на Општина Охрид. Општината во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула Отпад“ од Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии.Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон заштитата и одржливоста на животната средина, помагајќи во намалувањето на опасниот отпад на улиците и сузбивањето на создавање на диви депонии околу контејнерите. Исто така, селектирањето и правилното одлагање на отпадот,...

Продолжи со читање

муниција пиштол

При претрес во Велешта пронајден пиштол

Post Views: 60 На 18.10.2023 околу 15.30 часот во с. Велешта, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 36 годишно лице од с. Велешта.„При претрес во неговиот дом и неговото патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одзмени еден пиштол со калибар 6.35 мм од чешко производство, со рамка со пет куршуми калибар 6.35 мм и 33 куршуми калибар 9 мм“- информираат од МВР.Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена...

Продолжи со читање

Контејнери

Во Вевчани поставени контејнери за електричен отпад

Post Views: 53 Општина Вевчани  и Ј.П. Еремја Вевчани во соработка со Нула Отпад ДОО Скопје започнува со собирање и селектирање на електричен и електронски отпад, како и на отпадни батерии. Поставени се 2 контејнери за фрлање на електричен и електронски отпад на локација кај пазарот во Вевчани.Со поставување контејнери наменети за електричен отпад во Вевчани правиме значаен исчекор во нашите напори за промоција на одржливоста и заштита на животната средина, истакна градоначалникот Спасе Кочоски.На самиот контејнер има инструкции за користење, како и список на дозволени...

Продолжи со читање