Skip to main content

Автор: инфодеск

Реконструкција на пешачка патека на бул. Туристичка

Post Views: 390 Во тек се градежни активности за реконструкција на пешачката патека на булевар „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“.Во рамки на реконструкцијата се врши поставување на нови бекатон плочки и нови рабници во должина од околу 500 метри од десната страна на булеварот. Претходно, на истиот потег беше извршено асфалатирање на велосипедската патека по целата должина.Активностите се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид, а изведувач е фирмата „Кими Ибра“ од Кичево.

Продолжи со читање

Исчезнатиот охриѓанец пронајден мртов

Post Views: 581 Исчезнатиот Владо Ќосески (63), по кого се трагаше од 21-ви март е пронајден мртов.Неговото безживотно тело било пронајдено на улицата „Живко Чинго“ кај монополот во Охрид. Според првичните информации нема траги на насилство и се работи за самоубиство. 

Продолжи со читање

Семејството Орловски се привикнува на живот во Струга

Post Views: 405Седумчленото семејство Орловски од Запорожје, Украина веќе десетина денови живее во Струга. Бесплатно се сместени во вила во центарот на градот и добиваат хуманитарна помош во храна и облека од стружани.Сопственикот на вилата, Алберт Хани го отвори својот дом, без никаков надомест. Од хуманитарни побуди преку социјалните мрежи, вели понудил помош за бегалци од Украина.Немаме намера да профитираме од тагата на луѓето кои што заслужуваат да живеат едноставно во мир. Ние сме спремни да ги поддржиме колку што можеме финансиски, но добредојдена е помошта...

Продолжи со читање

Поскапуваат горивата

Post Views: 348 Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Новата малопродажбна цена на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на ЕУРОСУПЕР БС-98. Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари. Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 57,347 денари.Со одлуката на РКЕ, се врши...

Продолжи со читање

Уништени тротоари кај Тутунска бакна

Post Views: 511 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Бобан Терзиевски.На сликите се гледаат уништени тротоари, извадени бекатон плочки и оставени на самиот тротоар во околината на Тутунска банка, во центарот на Охрид.Апелира до надлежните да го санираат проблемот што поскоро. Во продолжение погледнете ги сликите !

Продолжи со читање

Превенција од трговија со луѓе

Post Views: 393 Младите волонтери на Црвен крст Охрид од Клубот на млади, како сертифицирани врснички едукатори за трговија со луѓе, осмислија и реализираа едукативен перформанс за превенција од трговија со луѓе.Акцијата беше изведена денес во дворот на гимназијата ОСУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид.Целта на овој перформанс беше да се покрене свеста кај младите и тие да се едуцираат за овој социјален феномен на модерно ропство, ризиците и ужасите на тргвовијата со луѓе, но и за начините како да се заштитат.Учениците и професорите настанот го следеа од прозорите...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на ученици од европски земји

Post Views: 307 Градоначалникот на Охрид,  Кирил Пецаков денеска беше домаќин на професори и ученици од  ООУ „Ванчо Николески“ и нивни колеги и соученици од Романија, Португалија, Италија, Турција и Хрватска. Тие преку ЕРАЗМУС Плус програмата заеднички го реализираат проектот „Наша култура, наша иднина“.Во дел од своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков, истакна:Огромна е честа да се присуствува на овој настан и да се биде домаќин на професори и ученици од неколку европски земји Романија, Португалија, Италија, Турција и Хрватска кои во наредниве неколку дена...

Продолжи со читање

Претставата Сопружници пред охридската публика

Post Views: 399 Во четврток со почеток во 20 часот, пред охридската публика повторно ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претставата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа...

Продолжи со читање

Три дена Саем на книгата 

Post Views: 345 Од 29-ти до 31-ти март, ќе се одржи Саем на книгата во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“.Читателите ќе можат да одберат книги од проектите на Министерството за култура и Владата.130 тома Македонска книжевност, врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа, ѕвезди на светската книжевност.Направен е и избор од книги за продажба од сопствената продукција на Библиотеката.Саемот за посета сите три дена ќе биде отворен во времето од 10 .00 до 18.00 часот. Дојдете и збогатете ги вашите Библиотеки со дела со трајни...

Продолжи со читање

Исечено дрво на Туристичка

Post Views: 457 Граѓани на Охрид преку рубриката „Ти си твојот град“ реагираат на исечено багремово дрво на бул. Туристичка. Велат причината за неговото сечење не е позната, но познат им е сторителот.Сликите што ви ги праќам се од деловните објекти на бул. Туристичка – Минибазар Слобода (наспроти новиот ТАМАРО Маркет). Љубоморен комшија, и покрајпредупредувањето да не го прави тоа, го исече возрасното багремово дрво прекуноќ. Дрвото беше далеку од неговата куќа и имот околу 100 метри. Причината неја знаеме. Ако институциите се заинтересирани за сторителот, нека се...

Продолжи со читање

Неодговорноста на Телеком

Post Views: 444 Оштетена кутија во сопственот на Телеком, стои на несоодветно место на уличка кај Охридати. Жителите реагираат дека истата претставува голема опасност за дечињата кои си играат пред зградата каде што се наоѓа кутијата. Сликите ги испратија во рубриката „Ти си твојот град“ која ја спроведува ТВМ.Оваа кутија која е во сопственост на Телеком, веќе 1 месец стои вака оштетена, со оголени жици и кабли. Поставена на несоодветно место, блокирајќи цел паркинг. За истото е пријавено во контакт центарот двапати и преку фејсбук страната исто 2 пати. При последната...

Продолжи со читање

Најлоши филмови за 2021 година

Post Views: 434 Годинава „Diana the Musical“ е прогласен за најлошо филмско остварување. Доделени му биле пет награди, вклучувајќи ги и оние за најлош филм и најлоша актерка.Кошаркарскиот великан Леброн Џејмс ја освои наградата најлош актер за „Space Jam: А New Legacie“.Наградата за најлош екрански пар отиде во рацете на Џејмс и „било кој цртан лик на Warner со кој се занимава“, додека пак филмот исто така е прогласен за најлош римејк, рип-оф или продолжение.Мјузиклот за принцезата Дајана во „Гардијан“ беше опишан како кралски дебакл кој е толку лош што нема да...

Продолжи со читање