Автор: инфодеск
Post Views: 43 Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.Денес во Охрид температурите ќе бидат во интервал од 5 до 14 степени Целзиусови.
Набавен професионален микроскоп за анализа на пештерска фауна
Post Views: 62 Од Црвен крст Охрид информираат дека цо рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми од влијанијата на климатските промени и воспоставување одржлив систем за одговор на катастрофи во Националниот парк Галичица“ се спроведуваат научни истражувања на пештерските екосистеми во Паркот и дека за таа цел набавен е професионален микроскоп за детална анализа на пештерската фауна.Во нивното соопштение додаваат дека тимот што ги спроведува истражувањата сега располага со алатка што ќе му овозможи да навлезе во невидливиот, но исклучително значаен свет на...
Mатностa на водата во Струга во дозволените граници, забраната сѐ уште на сила
Post Views: 94 Вчерашните анализи на водата во Струга за прв пат по речиси еден месец покажаа матност во дозволените граници. Но на сила се уште е забраната за користење на водата од градскиот водовод. За да се укине потребно е три денови по ред анализита да ги исполнуваат безбедносните стандарди. Од Центарот за Јавно здравје за ТВМ велат ќе продолжат со секојдневни анализи на водата. Ќе се испитуваат својствата бидејќи неретко во водата беа затекнати и бактерии од фекалии.Во меѓувреме стружани се погласни. Адвокатот Григор Ќатоски јавно го отвори прашањето дали Владата...
Армиската менза во поранешната касарна ќе стане репрезентативен Младински културен центар
Post Views: 101 Поранешната армиска менза во рамки на касарната „Михајло Апостолски“ ќе се адаптира во функционален и репрезентативен Младински културен центар.Коалиција на младински организации СЕГА, во рамки на Програмата на Младински Центар Охрид (финансирана од Општина Охрид), распишува анонимен, национален, едностепен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција и адаптација на постоечки објект.Целта е да се избере најквалитетно современо архитектонско решение за адаптација на поранешната менза која се простира на површина од 1062 м²...
Со засадување дрвца Збогум Буково ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената
Post Views: 58 Со засадување дрвца во Холандскиот парк во Охрид еколошкото здружение Збогум Буково ќе го одбележи Празникот на жената, 8-ми Март.-Втора година го организираме настанот “Те сакам, за тебе засадив дрво”, поинаков начин на обележување на 8 март, интернационалниот ден на жената. Оваа година во соработка со Eko Fluid, Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид и волонтери од #училиштабезпластика ќе се дружиме во Холандскиот парк во Охрид, најавуваат од Здружението Збогум Буково. Додаваат дека за дамите ќе има изненадувања, а за најмалите креативна еколошка...
Најмногу слободни работни места има во услужни дејности и продажба
Post Views: 91 Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата, според податоците од Државниот завод за статистика.Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба.Највисока стапка на слободни работни места од 4.39 % има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична...
473 македонски државјани побарале евакуација поради конфликтот на Блискиот Исток
Post Views: 80 Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно последните податоци, од почетокот на конфликтот до денес вкупно 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби.– Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, додека 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларните претставништво во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин, соопшти МНР.Согласно информациите добиени од надлежните...
Проекција на документарниот филм „Третиот свет”, посветен на легендарниот бенд Haustor
Post Views: 101 Во рамки на програмата на Кино „Четврток”, во Охрид на 5 март 2026 година ќе се одржи проекција на документарниот филм „Третиот свет”, посветен на легендарниот бенд Haustor и креативниот однос меѓу две значајни авторски личности – Дарко Рундек и Срѓан Сахер.Филмот го следи процесот на создавање на култниот албум Treći svijet (1984) – едно од највлијателните музички изданија на поранешната југословенска сцена. Преку архивски материјали, сведоштва и повторно студиско обединување по четири децении, „Третиот свет” нуди интимен увид во...
Абдулјади Шазиманоски е новиот директор на ЈП „Еко Струга“
Post Views: 104 Од Општина Струга информираат дека градоначалникот Менди Ќура, го реализираше примопредавањето на мандатот на новиот директор на ЈП „Еко Струга“.На чело на јавното претпријатие застанува Абдулјади Шазиманоски, кој ја презема одговорноста за управување и унапредување на комуналните услуги, а на церемонијата на примопредавањето присуствуваше и поранешната директорка, Гордана Ѓорѓиоска Китаноска.-Општина Струга продолжува со јасни политики за зајакнување на локалните институции, зголемување на ефикасноста и гарантирање транспарентност во служба на...
Свети Лав I, папа Римски
Post Views: 62 Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку го уплаши и видението на светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила....
Сончево со мала до умерена облачност
Post Views: 68 Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Денес во Охрид минималните температури од 2, а максималните до 14 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и кон крајот на денот.
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ за измена и дополнување на ГУП за УЗ 2 УБ 2.2 и изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.2 опфат
Post Views: 67 Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ за Измена и дополнување на ГУП за УЗ 2 УБ 2.2 и изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.2 опфат 4 Oпштина Охрид.Повеќе информации на линкот.