Автор: инфодеск
Views: 97Кога, според неиспитливото допуштение на Господа, Турците муслимани нападнаа на православните народи на Балканот, по поробувањето на Прилеп, дојдоа да го освојат градот Битола, во 1385 година. По четиримесечна опсада, кога успеаја во освојувањето, се оддадоа на секаков вид убивања, опустошувања, поробувања, насилство, колежи, пљачкање, разорување на домови и свештени храмови, а се зафатија и со насилно исламизирање на православниот народ. Но, откако мноштвото верни покажаа силен и необичен отпор, беззакониците особено се устремија да постигнат одрекување од верата кај...
УХМР: Следува период на променливо облачно време
Views: 66 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h).Во Охрид денес температурите од 2 до 14 степени Целзиусови.Од УХМР потенцираат дека следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а утре наместа долж Повардарието повремено засилен до силен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).с
Наредна сабота ќе се одржи 6. хуманитарно-меморијален планинарски марш посветен на Трајан Целески-Тачо
Views: 92 Наредна сабота, 7 ноември, ќе се одржи шестиот хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.-После шест години од прераната смрт на нашиот брат Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се се’ уште инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година. По тој повод во сабота, на 7 ноември, ве покануваме на шестиот меморијално-хуманитарен марш кој ќе започне во близина на неговиот дом, односно кај спортското игралиште кое неодамна во негова чест беше именувано...
Во Охрид промовиран романот „Наследство: За татковината“ од Јордан Коцевски
Views: 162 Во Охрид беше промовиран романот „Наследство: За татковината“ од Јордан Коцевски, последната книга од трилогијата „Наследство“.Романот ја следи борбата на Душан, еколошки активист кој се соочува со системот во Македонија во период од дваесет години. Паралелно со неговата приказна, Коцевски постепено ги открива мотивите на Организацијата за социјална благосостојба, поврзувајќи ги ликовите и настаните од претходните романи во заокружена целина.Преку судирот меѓу поединецот и институциите, романот ги отвора прашањата за еколошката одговорност, моќта, идеологијата и...
Бесплатни прегледи и консултации во ЈЗУ „Св. Еразмо“ по повод Светскиот ден на мозочниот удар
Views: 126 По повод Светскиот ден на мозочниот удар, во петок, 30 октомври 2026 година, во Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе се одржи отворен настан посветен на превенцијата и подигнувањето на свеста за мозочниот удар.Настанот ќе се реализира од 10:00 до 13:00 часот, на Одделот за неврологија, каде што граѓаните ќе имаат можност да добијат бесплатни прегледи, проценка на ризик-факторите за мозочен удар и индивидуални консултации со специјалистите на Одделот за неврологија.Активноста е наменета за сите заинтересирани граѓани, особено...
Акција за подигнување кабаст и зелен отпад во УЗ „Радојца Новичиќ“ на 30 октомври
Views: 99 Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ – Охрид во петок, 30 октомври 2026 година, ќе спроведе акција за подигнување кабаст и зелен отпад во Урбаната заедница 14 „Радојца Новичиќ“.Од претпријатието ги повикуваат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат кабаст или зелен отпад за подигање, уредно да го депонираат најдоцна до 7 часот наутро на денот на акцијата.Граѓаните претходно треба да ја пријават локацијата на која е оставен отпадот на дежурните телефонски броеви: 075 495 428 и 075 397 944.Од „Охридски Комуналец“ апелираат до граѓаните навремено...
Кривична пријава против 19-годишник за „вонбрачен живот со дете“ во Струга
Views: 163 Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.Според информациите од полицијата, на 8 септември 2026 година, со судска наредба бил извршен претрес во домот што го користел пријавениот во Струга. При претресот, тој бил затекнат со 16-годишна малолетничка од Скопје.Малолетничката била предадена на претставници на Центарот за социјална работа во Струга за понатамошно постапување.
Кривична пријава за продажба и овозможување употреба на дрога во Охрид
Views: 117 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишен жител на тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“.Според информациите од полицијата, на 31 јули 2025 година, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршиле контрола во угостителски објект на улицата „Наум Охридски“ во Охрид, при што кај пријавениот бил пронајден и одземен кокаин.









