Автор: инфодеск
Views: 235 Илјадници туристи летово одмараат во приватни апартмани, станови, куќи и вили. Станоиздавачите остваруваат приходи,но дел од нив не ги пријавуваат, затајувајќи данок. За да се намали сивата економија во туризмот, Управата за јавни приходи ја започна кампањата „Фер туризам со пријавен данок”, со која ги повикува сите кои сместуваат гости, навремено да го пријават доходот и да го платат данокот.„Кампањата „Фер туризам со пријавен данок” на Управата за...
Фестивалот „Охридско лето“ денеска одбележува 66 години постоење
Views: 201 Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ” од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, денеска ќе биде одбележан 66.роденден на фестивалот „Охридско лето“.Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од...
Во угостителски објект во Струга измерени 88 децибели, ќе следуваат пријави
Views: 233 Полициски службеници од ОВР Струга на 3 август 2026 година, во 01:05 часот, извршиле мерење на гласноста и јачината на бучавата со фонометар во угостителски објекти во централното градско подрачје.При контролата, спроведена согласно Правилникот за примена на индикаторите за бучава, во еден угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Струга било констатирано нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика.Со мерењето биле утврдени 88 децибели, што претставува надминување на дозволената граница од 35 децибели.По целосното документирање на настанот, против правното...
Извршени 44 акциски контроли за незаконски риболов во Охридското Езеро, запленети 702 парчиња риба и 25 мрежи
Views: 250 Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ – Охрид во текот на јуни и јули годинава извршила 44 акциски контроли во водите на Охридското Езеро, насочени кон санкционирање на кривичното дело „незаконит риболов“, откривање сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети поврзани со извршување на кривични дела.При контролите, полициските службеници затекнале две лица при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“. Станува збор за едно лице од охридското село Пештани и едно лице од Струга, кои биле приведени во полициска станица, а против нив се поднесени...
Охридскиот аеродром постави нов рекорд, раст на патничкиот сообраќај од 41% во јули
Views: 215 Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови.Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година.Во истиот месец беа поставени уште два значајни рекорди. На 26 јули беше регистриран најфреквентниот ден во историјата на охридскиот аеродром, со опслужени 2988 патници,...
Пеколни горештини до 7 август, почитувајте ги препораките за заштита од топлотен удар
Views: 311 Пеколните температури кои ја зафатија земјава ќе продолжат најмалку до 7 август, а Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира граѓаните строго да ги почитуваат препораките за заштита од топлотниот бран. Најголем ризик, предупредуваат здравствените власти, постои во периодот од 11 до 17 часот, кога изложеноста на сонце може да предизвика сериозни здравствени последици.Од ИЈЗ посочуваат дека при екстремно високи температури организмот потешко ја регулира телесната температура, особено кога покрај жештината има и висока влажност на воздухот. Во такви услови природното ладење...
Во кој период од денот е најдобро да се јаде пченка и за кого не е препорачлива
Views: 257 Пченката шеќерка е еден од омилените летни оброци, а најчесто се консумира како ужина на плажа или при прошетка. Сепак, сè повеќе нутриционисти препорачуваат да се јаде во утринските часови, кога организмот може најдобро да ги искористи нејзините хранливи состојки.Благодарение на сложените јаглехидрати, пченката постепено ослободува енергија и обезбедува чувство на ситост во текот на целото претпладне. За разлика од индустриски преработените пецива и засладените житарки, таа не предизвикува нагли промени на нивото на шеќер во крвта, што помага да се избегнат раниот замор и...
Неколку улици во Охрид денес неколку часа ќе бидат без вода
Views: 241 Поради дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе останат корисниците од делови на улиците „Булевар Туристичка“, „Галичица“, „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“.Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.









