Skip to main content

Автор: инфодеск

Кабаст отпад

Вонредна акција за кабаст отпад на „Абас Емин“ и „Железничка“ во вторник

Post Views: 39 Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 17.10.2023 год.(вторник) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од ул.Абас Емин и ул.Железничка (акцијата ќе се реализира по главните улици, а не и по споредните мали сокачиња и споредни улички)„Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 17.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден...

Продолжи со читање

Нови дијагностички тестови во Центар за јавно здравје на молекуларно ниво со RT-PCR технологија

Post Views: 116 Одделението за микробиологија при Центар за јавно здравје Охрид се опреми со најнова апаратура и целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика во кој се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК,PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултати.-Со воведување на молекуларна дијагностика ЦЈЗ Охрид овозможува на корисниците да добијат брзи и точни резултатите за анализите:1. Скрининг на присуство на високо ризични типови нахуман папилома вирус (ХПВ скрининг)2. Одредување на поединечни генотипови-генотипизација, на...

Продолжи со читање

Охрид кеј Ѓоко Симјаноски

Облачно и свежо, претпладне врнежи од дожд

Post Views: 58 Денеска во Охрид претпладне облачно со услови за локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура до 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи само до 16 степени.Во вторник ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за повеќе од десет степени.

Продолжи со читање

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер

Post Views: 49 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. На средбата се разговараше за можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот.Градоначалникот и амабасадорот разговараа и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање на градот, исполнување на препораките од УНЕСКО и за можностите за странски инвестиции во Охридскиот регион....

Продолжи со читање

кубирани дрва

Полицијата запленила нелегални 16 кубици огревно дрво во атарот на с. Вишни

Post Views: 61 МВР информира дека на 12.10.2023, при контроли во атарот на струшкото село Вишни, извршени од полициски службеници од Одделението за сузбивање на економски криминал и корупција при МВР и од ОВР Струга запрено е товарно возило „мерцедес” со струшки регистарски ознаки, управувано од 34 годишен жител од струшкото село Радолишта, во кое сопатник било 56 годишно лице од Вевчани, вработено во Шумското стопанство „Јабланица” од Струга.Притоа, било констатирано дека во возилото нелегално се превезуваат 16 метри кубни огревно дрво, кое заедно со други...

Продолжи со читање

Новаци

Да се забрза изградбата на регионалната депонија во Новаци

Post Views: 56 Еколозите апелираат да се забрза процесот за изградба на регионалната депонија во Новаци. Најавената современа депонија  со седум претоварни станици предвидено е  да го депонира  сметот од целиот Југозападен и пелагониски регион. Со неа ќе се стави крај на загадувањето на водата, почвата и воздухот, што е клучна препорака на Унеско,  а особено се однесува на двете супстандардни депонии охридската на Буково и струшката лоцирана во самиот град.„Депонијата регионална, уште од почеток се направија погрешни потези што се типуваше депонијата...

Продолжи со читање

Мизо Конференција Србија

Виктор Мизо говорник на Годишната конференција на автомобилскиот кластер на Србија

Post Views: 68 На почетокот на месец октомври се одржа Годишната конференција на автомобилскиот кластер на Србија во близина на Белград на Сребрено Езеро. Со ретроспективен осврт на состојбата на автомобилската индустрија во земјите од регионот, претставниците  кои беа дел од оваа конференција говореа за најголемите предизвици, актуелните трендови и иновации во оваа значајна индустрија.Владимир Томиќ, претставник на Агенцијата за развој на Србија (РАС), презентираше ажурирани податоци за компаниите кои се занимаваат со производство за автомобилскиот сектор во Србија:...

Продолжи со читање

одобренија за градба

Во август издадени 7 одобренија за изградба на 129 станови во Охрид

Post Views: 62 Во август во Општина Охрид издадени 7 одобренија за градење со кои ќе се изградат 129 станови. Струга и Дебрца не издале одобренија , а во Општина Вевчани според издадените одобренија ќе се градат 4 станови.Според податоците на Државниот завод за статистика во август 2023 година Во Охрид  се издадени 7 одобренија за градење. Според издадените одобренија за градење, едно е издадено на физичко лице а останатите 6 инвеститори се деловни субјекти.Во извештајниот период е предвидена изградба на 129 станови, со вкупна корисна површина од 7...

Продолжи со читање