Автор: инфодеск
Post Views: 557 На пригодна свеченост градоначалникот Кирил Пецаков, го потпиша договорот за кофинансирање на проекти во рамки на програмата „ЕУ за Општините“ и „Прекугранична соработка“.Општина Охрид преку програмата „ЕУ за Општините“ го реализира проектот „Ohrid GO“ кој е во вредност од 716.766,00 eвра, а партнери на проектот се Општина Воден од Грција и Стелар Солушнс од Скопје.Договори за соработка потпишаа 19 општини, од кои 8 општини во рамки на програмата „ЕУ за Општините“, а 11 општини во рамки на програмата за „Прекугранична соработка“....
Бегалци од Украина во Охрид и Струга
Post Views: 727 Пристигнаа првите семејства од Украина во Охрид и Струга. Седумчленото семејство Орлоскаја од Запорожје, ја оставија сопствената куќа и бизнисот, кој го граделе со години за денес да се бегалци далеку од татковината.Владимир и Марија со своите пет деца од кои најмалото има само еден месец, а најголемото 11 години, живееле во близина на аеродромот во Запорожје, каде се слушале пукотници и бомбардирање од првиот ден од руската инвазија.Им се тресела целата куќа, а по улиците шетале луѓе со оружје. Во страв спакувале една торба облека и...
Инспекциски надзор за опожарената трска
Post Views: 566 Поднесено Барање за покренување Кривична постапка до Јавно Обвинителство на РСМ-ОЈО Струга за сторено кривично дело:Загадување на животна средина и природата (Член 218 став 1 и Член 234 став 5), од Кривичниот Закон на Република С. Македонија.Државниот инспекторат за животна средина на ден 17.03.2022г. изврши вонреден инспекциски надзор по претходно добиена медиумска информација за опожарување на трските во Охридското Езеро во близина на с.Калишта, Струшко.Во надзорот учествуваа Државен Инспектор за заштита на природата и Државен Инспектор за...
Нова депонија во Рамне
Post Views: 981 Старо нова депонија во с. Рамне. Видео во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати Бранко Тасески а ова е неговиот коментар:Една депонија се чисти, друга се отвора. Ова е патот за Рамне, каде секојдневно пешачам – вели Тасески за „Ти си твојот град“.Изгледа на некој му пречел стариот мебел, па си го оставил тука. До каде ќе оди човечката несовесност за природата и екологијата?!Погледнете го видеото во продолжение!
ГРК Охрид ќе ја пречека екипата на Бутел
Post Views: 583 Во сабота 26-ти март, ГРК Охрид ќе ја пречека екипата на РК Бутел од Скопје во второто коло од Супер лигата.Ова ќе биде прв натпревар на домашен терен во плеј-офот од Супер лигата.Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“, со почеток во 18 часот.Влезот ќе чини 50 денари.
Градежни активности во населбата Христо Узунов
Post Views: 613 Градежни активности од утре (четврток) во населбата „Христо Узунов“. Активностите ќе се одвиваат на кракот кон кулите и кон ординација „Д-р Алексиески“.Се замолуваат жителите на населбата и граѓаните кои гравитираат на овој потег да ги отстранат паркираните возила заради непречено и безбедно одвивање на градежните активности.Градежните активности ќе ги изведува ДООЕЛ „Маркоски“.
Исчезна охриѓанец
Post Views: 1.150 На 22.03.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека В.Ќ. (63) од Охрид се оддалечил од семејниот дом. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид.Ќосески бил излезен на пешачење, облечен во темно сина јакна, темно сиви фармерки, плави патики, носел плетено капче. Виден е на градскиот кеј, во близина на хотел „Тино“.Се замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255.
Асфалтирање на велосипедска патека на Туристичка
Post Views: 619 На Булеварот „Туристичка“ од кружниот тек со улицата „Јане Сандански“ во правец на охридските плажи, започнаа активности за асфалтирање на велосипедската патека.Должината на патеката изнесува околу 500 метри.Активностите се реализираат во рамки на програмата за подигнување на урбаната мобилност од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.
Регионална депонија во Новаци
Post Views: 584 На повидок решавање на проблемот со депониите во Југозападниот плански регион во земјава. Заедно со Пелагонискиот, двата региони ќе градат една меѓурегионална депонија во општина Новаци.Советот на Југозападниот регион донесе одлука да се формира ново, Јавно меѓуопштинско претпријатие за транспорт на сметот.Современата санитарна депонија ќе има горилник за депонискиот гас, пречистителна станица и простор за складирање на рециклабилни материјали.Овие диви депонии, еднаш засекогаш ќе исчезнат од секојдневна употреба и напад и критики...
Нема финансиска поддршка за Вевчански карневал
Post Views: 681 Вевчанскиот карневал, за првпат не доби финансиска поддршка од Министерството за култура. Карневалската манифестација е бренд во земјава со вековна традиција и секогаш се одржувала под покровителство на министерството.Според градоначалникот, одбивањето на финансии кои редовно изнесувале околу 1 200 000 денари е со образложение дека карневалот се одржал пред да се донесе одлука за негово финансирање, што и изминатите години било пракса.Образложението во решението е дека Комисијата се состанала, односно настанот се случил пред да заседава комисијата...
Расфрлано ѓубре околу школото во Далјан
Post Views: 796 На што ли газат децата кои учат во подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан?!Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.НаумРодителите преку рубриката „Ти си твојот град“ се жалат дека нивните деца секојдневно на голем одмор или кога си одат од школо, приморани се да газат на еден куп ѓубре кое зад себе го оставаат несовесни граѓани. Ова е нивниот коментар:Од училиштето и од родители повеќе пати е реагирано. Не знам точно каде, но никој нема слух за проблемот. Се работи за проблем кој се провлекува со години. Во...
Таеквондо ИТФ ќе учествува на Европското првенство
Post Views: 767 Таеквондо ИТФ Македонија од 25.03 – 02.04 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Пореч, Хрватска.Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски, боите на нашата земја ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи. Христијана Парулеска, Давид Крстески, Елена Јанеска, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ.Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со ковид 19 го изгубивме континуитетот на натпревар. Сепак според нивниот историјат...