Skip to main content

Автор: инфодеск

онлајн измами

МВР: Oбиди за измама со прибавување на лични податоци од граѓаните

Post Views: 77 Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи периодов констатираше зачестена појава на така наречени фишинг напади врз граѓаните, со цел неовластено прибавување на лични податоци од нив, информира МВР.„Фишинг нападот е обид за измама на корисниците преку испраќање на лажна порака која изгледа како вистинска. Фишинг нападите имаат за цел да го измамат примачот на пораката и да го наведат да ги открие своите лични податоци, да посети лажна веб страна или да отвори додаток (прилог)...

Продолжи со читање

Вевчански извори

Украдени две камери за мониторинг на дивиот свет на подрачје на Вевчански извори

Post Views: 66 Непознати сторители украле две фото замки (камери) за мониторинг на дивиот свет во заштитеното подрачје Споменикот на природа Вевчански извори, соопшти Еко-свест Вевчани.Центар за истражување и информирање за животната средина информира дека се известени надлежните институции, на кои им ги доставиле доказите и видео снимките.Системот на контиуниран мониторинг на природните вредности во заштитеното подрачје е научно-истражувачка обврска на Општина Вевчани, како управител на Споменикoт на природа „Вевчански извори“. Преку мониторингот, како што посочува...

Продолжи со читање

Туристи

И во есен Охрид полн со туристи

Post Views: 45 На прагот на есента Охрид се уште е исполнет со туристи. Голем број странски групи секојдневно имаат прошетки на брегот на Охридското Езеро.  Оваа сезона десетици илјади гости од Холандија и Англија го посетија главниот туристички центар.Добрите познавачи велат како никогаш претходно годинава имаше туристи од сите страни на светот.„Она што радува за сезоната 2023 е што имаше голем вариетет на странски гости бевме сведоци изминатите години капацитетите делумно да бидат закупени од гости од Холандија, од Турција и соседните држави, меѓутоа оваа година бевме...

Продолжи со читање

Израелски тенкови појас Газа

1,1 милион луѓе имаат рок од 24 часа да се евакуираат од северна Газа

Post Views: 95 Израелските власти им дадоа рок од 24 часа на Палестинците да се евакуираат од северна Газа. Ова предупредување било дадено на полноќ, додека Израел се подготвува за теренска офанзива на Газа со војска, тешка артилерија и тенкови кои се распоредуваат на границата со регионот. Во меѓувреме Газа секојдневно е пета на израелски ракетни напади откако во саботата милитантната група Хамас организираше изненадувачки напад врз Израел.1,1 милиони жители, што е половина од популациајта на Газа треба да го напушти подрачјето.  Светските медиуми објавуваат фотографии...

Продолжи со читање

Ментално здравје

Кампања на МТСП: Младите да зборуваат отворено за менталното здравје

Post Views: 36 Денеска Министерството за труд и социјална политика со поддршката на УНИЦЕФ, а во соработка со Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи започнуваат низа од 16 настани во различни градови за подигнување на јавната свест за менталното здравје.Целта е да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје воопшто преку пристап заснован на игра.Првиот од низата настани е пешачка рута која ќе се одржи денеска во Струмица со што ќе биде означен почетокот на...

Продолжи со читање

Вмро дпмне Охрид

ВМРО ДПМНЕ: Итноста на седницата беше неопходна, со ребалансот има зголемување на буџетот

Post Views: 41 Напуштањето на 34. седница на Советот на Општина Охрид од страна на тројца советници од СДСМ и коалицијата, според ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид е доказ за нивната несериозност и срамното однесување кога станува збор за функционирањето на Општината.Оттаму во соопштение до јавноста велат дека тројцата советници од СДСМ Охрид и коалицијата си ја имале мувата на капата за наследените долгови, па кукавички избегале од соочување со вистината.„СДСМ Охрид се главни виновници за проблемот со наследените долгови кои тие ги направиле и нивното напуштање беше свесна желба...

Продолжи со читање

Foto Gjoko Simjanoski

Сончево и топло време со температура до 24 степени

Post Views: 56 По свежото утро со температура до 9 степени, преку денот во Охрид ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 24 степени.Во деновите од викендот,во Македонија ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде...

Продолжи со читање

Црвен крст Охрид

Црвен Крст Охрид ќе спроведе бесплатни обуки по прва помош за околу 500 ученици

Post Views: 46 Во рамки на националната кампања на Црвен крст на РСМ под мотото „Првата помош спасува живот“ Црвен крст Охрид, оваа година се вклучува со спроведување на кампања по прва помош во училиштата. Така, во период од 01.09.2023 до 15.02.2024 ќе се спроведат бесплатни обуки по прва помош за околу 500 ученици на возраст од 12 до 18 години од сите основни и средните училишта на територијата на Општинa Охрид и Општина Дебрца, како и бесплатни обуки за наставен кадар. Обуките ќе ги спроведуваат лиценцирани предавачи и демонстратори по прва помош.Денеска се одржа...

Продолжи со читање