Skip to main content

Автор: инфодеск

Дигитална водна книга

Post Views: 594 Промовирани резултатите од спроведувањето на проектот за изработка на Дигиталната книга и методологијата за мониторинг на водите.Проектот е финансиран од Британската Амбасада во Скопје и менаџиран од Институтот за комуникациски студии преку кампањата „Разбистри се“.Резултатите кои се обезбедија преку проектот имаат за цел да и помогнат на Владата на Северна Македонија, а пред се на МЖСПП и на другите институции во процесот на усогласување со европските барања за управување со водите. Но, истовремено, ќе ги зајакнат административните капацитети за...

Продолжи со читање

Портал ТВМ со редизајниран изглед

Post Views: 900 По повод 30 години од своето постоење Телевизија ТВМ го ребрендираше својот веб сајт tvm.mk.Новиот веб сајт имплементира нови технологии, со цел приближување на помладата публика, како и трансформација на телевизијата на повеќе платформи кои се лесно достапни.Редизајнираната веб страна е прилагодена на денешните трендови и стандарди за изглед, оптимална брзина и сигурност. Целта е формат кој е разбирлив, лесен за пребарување, прилагоден за социјалните мрежи и мобилни уреди.Новиот веб сајт е креиран за да биде покорисен за нашите гледачи, читатели...

Продолжи со читање

Нова водоводна линија во Шипокно

Post Views: 785 Екипи на ЈП „Водовод“, по налог на Општина Охрид, изведуваат градежни активности за поставување на 400 метри цевковод во населба „Шипокно“.Вредноста на зафатот изнесува 1 милион и 700 илјади денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.Со овој зафат значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата.

Продолжи со читање

Џез верзија на Дејгиди, луди млади години

Post Views: 651 Дани Димитровска и Николче Мицевски продолжуваат со циклусот обработки на традиционални песни во питом џез призвук.Аранжманот на оваа легендарна песна е визија на виртуозниот Мицевски. Тој во соработка со оригиналната Дани, продолжува со возобновување на старите македонски песни, носејќи ги во нов, приемчив, уникатен звук. Etno&Jazz проектот е состав содржан од докажани уметници кои успешно го враќаат автентичното.Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев и Петар Христов се дел од...

Продолжи со читање

Казнети возачи под дејство на алкохол

Post Views: 667 На подрачјето на СВР Охрид на 19-ти и 20-ти март, во периодот од 22 до 03 часот спроведена е контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.Притоа, кај 16 возачи (Охрид-09, Струга-03, Кичево-02, Дебар-02) утврдено е дека управувале моторно возило под дејство на алкохол. Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.Полициските службеници во Охрид регистрирале и санкционирале 15 возачи кои со своите возила извршиле непрописно престигнување –...

Продолжи со читање

Потреба од унапредување на етичката рамка

Post Views: 562 Медиумските работници од Југозападниот регион во земјава, заедно со Советот за етика во медиумите денеска имаа дискусија за унапредување на етичката рамка.На онлајн средбата, на која учествуваа новинари, дописници и уредници, извршната директорка на СЕММ Марина Тунева зборуваше за потребата од унапредување на етичката рамка и етичките норми, кои не се апсолутна категорија, туку се подложни на наградба и менување заради унапредување на професионалното новинарство.Досега, врз основа на укажување на граѓанскиот...

Продолжи со читање

„Убавините на Охрид“

Post Views: 669 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, граѓаните на Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, секојдневно пријавуваат проблеми во нивната општина. Од најновите слики кои ни пристигнаа може да видиме уште една лоша слика за нашиот убав град.  Дали нашиот град го заслужува ова?! На Сирма Војвода, во кругот на Општа Болница Охрид – напиша наш сограѓанин за „Ти си твојот град“.

Продолжи со читање

Комбе блокираше улица

Post Views: 622 Револтирани граѓани од Стариот дел на Охрид, ни испратија слики во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ со коментар: Еве како стружани паркираат во Охрид. Битно мајсторите да си ја завршат својата работа, а охриѓани како да си влезат дома? Погледнете ги сликите во продолжение !

Продолжи со читање

Обука за млади менаџери

Post Views: 520 Факултетот за туризам и угостителство-Охрид и Граѓанската организација “Инклузија” Ве покануваат да присуствувате на обуката за млади менаџери.Преку оваа обука може да се стекнете со ново знаење и современи бизнис вештини кои ќе бидат од голема помош за вашиот постојан или вашиот иден бизнис, со цел поуспешна работа, поголем профит и опстојување на пазарот во време на економски кризи. Учесниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини на 6 теми од 6 предавачи. Сите учесници кои ќе присуствуваат на целиот серијал обуки, ќе се здобијат со...

Продолжи со читање

Пајак службата ја презема ЈП „Билјанини извори“

Post Views: 916 Наскоро пајак службата преминува во надлежност на ЈП „Билјанини извори“. Ова Јавно претпријатие стопанисува со паркинг просторот во Охрид, но не и со пајак службата. За да се обавува дејноста е направена измена и дополнување на Статутот на ЈП, а советниците дадоа зелено светло. Преговаравме со менаџментот на ЈП „Охридски Комуналец“ да ни ја отстапи дејноста, информира Теодор Андоноски, директор на ЈП „Билјанини извори“. Секаде во земјава дејноста пајак служба ја вршат претпријатијата кои што стопанисуваат со јавниот паркинг. Во договор сме со ЈП „Охридски...

Продолжи со читање

Никна дива депонија и во Кошишта

Post Views: 481 Никна дива депонија и во населбата Кошишта во Охрид. Денес ни пристигнаа слики во рубриката „Ти си твојот град“ од Антонио Кречов, а ова е неговиот коментар: Дива депонија во Кошишта. Непосредно покрај асфалтниот пат од десната страна, движејќи се од Горна порта кон Грашница – вели Кречов за „Ти си твојот град“. депонија кошиштаdeponija_kosista Расчистена уште една дива депонија

Продолжи со читање

Курсот на денарот е стабилен

Post Views: 260 Kурсот на денарот останува стабилен. Народна банка на Македонија денеска одржа седница на Комитетот за финансиска стабилност. Од таму, преку соопштение информираа дека стабилноста на денарот е гарантирана, како и стабилноста на финансискиот систем, кој е подготвен да одговори на предизвиците што би можеле да произлезат од руско-украинскиот конфликт.Од Народна банка на Македонија уверуваат дека сите финансиски услуги непречено се обезбедуваат и ќе продолжат да се обезбедуваат, во согласност со потребите на граѓаните и бизнис секторот. Надлежните...

Продолжи со читање