Автор: инфодеск
Post Views: 42 За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk.Со бесплатна вакцинација ќе бидат опфатени следните ризични групи:– Стари лица (над 65 години)– Лица со хронични заболувања– Здравствени работници– Бремени жени– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лицаOд министерството за здравство велат дека...
Поевтинува дизелот
Post Views: 41 Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите нафтени деривати останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,97 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 81, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 80 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 83 денари за...
Акција за подигнување на кабаст отпад во Видобишта во сабота
Post Views: 43 ЈП „Охридски Kомуналец” на 14 октомври, сабота, ќе организира акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 Видобишта.Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 14.10.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од јавното претпријатие.Кабастиот отпад треба да е уредно оставен до...
Три последователни викенди во знакот на охридските стрелци
Post Views: 103 Изминатиов викенд на стрелиштето Камник во Скопје се одржа 4-тиот по ред Стрелец Калес Куп во гаѓање со кусо и долго огнено оружје на 25, 100, 200 и 300м. Во дисциплината пиштол на 25 м. прво место и златен медал за Велибор Балоски кој имаше исти број на кругови (93) со второ и третопласираниот, но имаше и најмногу центри. Во поединечна конкуренција жени пиштол членките на СК ,,Охрид” се пласираа од од 8-мата до 16-тата позиција Во екипна конкуренција жени пиштол на 25 м. трето место за екипата на СК ,,Охрид” во состав: Мартина Петровска, Милица...
Во Охрид започна Школата за млади лидери на поранешниот Претседател Иванов
Post Views: 48 Во Охрид синоќа започнаа сесиите во живо од 14тата Школа за млади лидери на поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов.Школата беше свечено отворена вчеравечер, од поранешниот претседател Иванов, кој на младите лидери им посака добредојде во Охрид. Им посочи на младите лидери никогаш да не ја губат надежта и трпението и секогаш да размислуваат позитивно, да бидат подготвени континуирано да се образуваат и да се развиваат, а тоа можат да го постигнат со самокритичност, самодоверба и саморефлексија. Исто така, им посака да...
Авантура на падините на убавата Галичица за дечињата со посебни потреби
Post Views: 66 Здружението на Планинари „Великамен“ и Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“, ја реализираа Втората планинарско-рекреативна акција за лицата со попреченост. Настанот беше реализиран во насока на промовирање на спортски начин на живеење како и негување на природата, а целта на акцијата повторно беше да се подигне свеста за лицата со попреченост и да се направи нивна инклузија во сите сфери на општеството, велат организаторите.„Нашето Здружение на планинари „Великамен“ ја прави оваа акција за лицата со попреченост, со...
Саем на рачни изработки за локални мали бизниси во недела во организација на МЦО
Post Views: 54 Повод 15ти октомври, Светскиот ден на занаетчиството, Младински Центар Охрид, организира Саем на рачни изработки за локални мали бизниси.Саемот за рачни изработки ќе се одржи на плоштадот Христо Узунов во периодот од 12ч до 15ч.На саемот ќе бидат изложени креациите на охридските локални мали бизниси за рачни изработки.Од МЦО Охрид ги покануваат граѓаните да го посетат саемот со што ќе ги поддржат занаетчиите во нивната работа.
Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Jабланица
Post Views: 46 Дрвокрадците ги соголуваат шумите на Јабланица. Нелегалната сеча и трговијата со дрва на „црно” е особено актуелна пред стартот на грејната сезона. Полицијата пред неколку денови кај месноста „Стрижак” затекна дрвокрадци од Албанија и струшко Велешта, одзеде поголема дрвена маса и возила.Мештаните велат планината немилосрдно се пустошоши и од дрвокрадците и од концесионерите, кои сечат без дозвола, за што реагирале до сите надлежни институции.„Од министерството за екологија добивме информација дека сеча во атарот на село Вишни до 2028...







