Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со температура до 23 степени

Post Views: 78 По свежото утро со температура до 10 степени, преку денот претежно сончево со слаб ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени.До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот. Промена на времето со локален дожд и опаѓање на дневната температура се очекува во понеделник.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Хор Вокс Лихнидос

Сребрен медал за Vox Lychnidos на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови

Post Views: 48 Градскиот мешан хор Vox Lychnidos освои сребрен медал на Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора.Во конкуренција од 14 хорови со меѓународно реноме го освоија сребрениот медал во категорија С (мешани хорови), со освоени вкупно 86 поени.Импресиите од настапот сѐ уште се свежи, диригентот Бурим Хидри задоволен од изведбите полни со емоција, што беа проследени со силен аплауз од публиката, но и позитивни коментари од останатите учесници на фестивалот. Жири комисијата во образложението на резултатите го нагласи квалитетот на избраните композиции...

Продолжи со читање

Градоначалник Пецаков

Пецаков: Со Народното востание на 11 Октомври нашиот народ го докажа својот државотворен капацитет

Post Views: 34 Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка по повод 11 Октомври, Денот на Народното востание.Со Народното востание нашиот народ на најдобар можен начин го докажа својот државотворен капацитет и право на изградба на самостојна, суверена и слободна држава, со 11 Октомври и НОБ застанавме на страната на антифашистичката коалиција. Граѓаните на Македонија знаеа да го изберат доброто наспроти злото, правдата наспроти неправдата и да застанат против фашизмот како едно од најголемите зла во човечката историја, се вели во честитката од градоначалникот....

Продолжи со читање

Цигари

Поскапуваат цигарите

Post Views: 46 Од петок, 13 октомври, една кутија цигари ќе се продава за 5 денари поскапо, согласно дополнувањата на Законот за акцизите.Имено, со одлука на владата на 05.10.2023 година донесени и објавени се измените и дополнувањата на Законот за акцизите кои на сила стапуват од 13.10.2023 година.Со одлуката на владата акцизата на цигари, цигарилоси и пури ќе изнесува 9% од малопродажната цена по кутија.

Продолжи со читање

Постер М Тозија

„М“ на Вардан Тозија, во сабота на кино репертоарот во ЦК “Григор Прличев”

Post Views: 42 На кино репертоарот во НУ Центар за култура “Григор Прличев”-Охрид премиерно ќе се прикажува филмот „М“ на Вардан Тозија во сабота (14.10.2023 година) со почеток во 20.00 часот.Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и Франција и станува збор за дистописка бајка во која главен лик е 8-годишниот Марк, кој во суровиот свет обземен од таен вирус е во потрага по својата мајка. Сценариото е на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер е Влатко Самоиловски, сценографијата е на Кирил Спасески-Кикич, а костимите се на Андреа Кустовиќ и...

Продолжи со читање

Октомври мамограм

Бесплатна скрининг мамографија секоја сабота во Општа болница Струга

Post Views: 55 Во Општата болница во Струга секоја сабота ќе се врши бесплатна скрининг мамографија со цел рана дијагностика и превенција на рак на дојката.Директорот на болницата Арменд Арслани посочува дека октомври, месецот за подигање на свеста за рано откривање рак на дојката бил мотив да прават бесплатни прегледи во сабота, во текот на целата година, објави МИА.„Целта е да се поттикнат жените, пред сѐ, младите на редовни прегледи за рана дијагностика, знаејќи го фактот дека старосната граница е се пониска, односно имаме многу млади пациентки со дијагностициран...

Продолжи со читање

Охридско Езеро

Новинари и блогери од Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Црна Гора ќе ги промовираат нашите туристички потенцијали

Post Views: 59 Активна туристичка промоција на македонските туристички потенцијали преку новинари, промотори, блогери и телевизиски екипи од Јужна Кореја, Шпанија, Италија и Црна Гора, најави Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).“Од денес во земјава претстојуваат Андреј Ким и претседателот на „Hyundai Motor Group”, Еуисун Чунг од Јужна Кореја, кои во соработка со надлежни институции од земјава го поддржуваат патувањето на јужнокорејската актерка, Хан Хјо-Жу, која скоро се појави во популарниот Disney+ телевизиски канал, во серијалот „Moving”. Во...

Продолжи со читање

Чествувања по повод 11 Октомври

Post Views: 56 Охрид го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание. Денеска делегации од Општина Охрид, политички партии, установи и здруженија ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во градскиот парк, пред Основниот суд, СОСУ Св Кирил и Методиј и на градските гробишта во Охрид.Одбележувањето започна вчера со свечена седница по повод 82-годишнината од Денот на Народното востание. На седницата присуствуваа претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, претставници на Советот на општината, пратеници, претставници на локални институции,...

Продолжи со читање