Skip to main content

Автор: инфодеск

Сончево со температура до 22 степени

Post Views: 45 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 22 степени.До крајот на оваа седмица ќе се задржи сончево време со студени утра, а релативно топло преку денот.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Офталмологија

За операција на катаракта пациентите од Југозападниот регион чекаат и по една година

Post Views: 63 Во општините во Југозападен регион во земјава се уште не се изведува операција на катаракта. Повозрасните пациенти кои се соочуваат со овој здравствен проблем чекаат и повеќе од една година за да добијат термин во битолската болница.Оние кои имаат финансиски средства се оперираат во приватните клиники, но оние кои немаат чекајќи термин се случува трајно да го изгубат видот.-„Не закажав, ниту можи да се закажи. Слушнав дека во Штип има за 800 евра и дигнав раце гледам помалку и тоа е. Има ли секој пензионер да си доволи пари? Јас немам “, вели...

Продолжи со читање

Струга

Унеско бара итни мерки од владите на Македонија и Албанија

Post Views: 45 До 01 ви февруари 2024 година двете влади на Македонија и Албанија се задолжени да го донесат Планот за ревитализација на Охридскиот регион. Клучните препораки на Унеско, од состанокот во Ријад, се однесуваат на урбанизацијата.Препорака е за Деталните урбанистички планови покрај студија за влијанието врз животната средина, да се изработуваат и дополнителни студии за влијанието врз културното наследство. Експертите велат овој рок за Планот за ревитализација е краток и бара итни мерки од страна на двете држави.„Овој рок е многу лимитиран нема повеќе...

Продолжи со читање

Куче

Кинез бил каснат од куче во Мешеишта

Post Views: 71 Кинески државјанин бил каснат од куче во Дебрца. Нападот од бездомното животно го пријавил во полиција.„На 06.10.2023 година во 14.35 часот во СВР Охрид, П.Г.(24) од Народна Република Кина, пријавил дека, на локален пат во селото Мешеишта, општина Дебрца, бил каснат од куче скитник.“ – соопшти МВР.

Продолжи со читање

Музеј на укрдаени артефакти

УНЕСКО ќе создава виртуелен музеј на украдени артефакти

Post Views: 59 Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) го најави првиот виртуелен музеј на украдени културни артефакти. Целта на проектот е да се подигне јавната свест за трговијата со уметност и уникатната важност на културното наследство.„Зад секое украдено дело или фрагмент се крие дел од историјата, идентитетот и човештвото што е украдено од неговите чувари, недостапно за истражување и сега ризикува да падне во заборав“, рече генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, пренесе Гардијан.Во соработка со меѓународната полициска...

Продолжи со читање

делегација

Градоначалникот Пецаков оствари средба со стопанска делегација oд турскиот град Болу

Post Views: 55Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со делегација на Стопанската и индустриската комора на градот Болу од Република Турција.Делегацијата беше предводена од претседателот на Управниот одбор на комората, Абдула Алемдар и претседателот на собранието на Болу, Ајдоган Текин. На средбата присуствуваа и претставници на стопанскиот сектор, претставници на различни индустриски капацитети и туристички организации од Болу.Градоначалникот Пецаков и гостите разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Болу во повеќе...

Продолжи со читање

Центар за култура

Започнуваат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2023

Post Views: 41 Вечерва во Центарот за култура Браќа Миладиновци“ Струга, во голема сала со почеток во 18:00 ч. ќе се одржат „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ“ – 2023, една од најстарите книжевни манифестациии во земјава од меѓународен карактер.Поздравно обраќање на отворањето на манифестацијата „Струшки книжевни средби” ќе има професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија.Најавена е промоција на трите тома од книгата ,,Мојата Струга” од Наум Бајо. Промотор е Димче Шипинкаровски, а модератор: Верица Мукоска. Промоцијата ќе биде збогатена со...

Продолжи со читање

Училиште Долно лакочереј

Подобрени условите во ООУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј

Post Views: 50 Подобрени условите за учениците во подрачниот објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.„Со средства од буџетот на Oпштина Охрид извршено е комплетно уредување на влезот во училиштето, поставена е пристапна рампа за лица со посебни потреби и извршена е реконструкција на училишните тоалети.“ – информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Пецаков во објава на Фејсбук напиша дека локалната продолжува да инвестираме во образовните институции и да ги осовременуваме условите за настава.

Продолжи со читање